Wizz Air летови од/до Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата Apple
  • Време на започнување Време на започнување
Колку време пред летот може да се потврдат карти од Wizzair? Сега кога одам да ги пријавам, пишува дека пријавувањето сеуште не е отворено.
 
Како иде чекирање за летање со оваа компанија? Поконкретно ми треба Скопје-Стокхолм, прочитав на страната дека цената е 3099 денари, дали е ова повратна карта, бидејќи за обратната релација ми дава сосема друга цена.
 
Чекирањето (по купувањето на билетот) може да се изврши најрано две недели пред летот.
Од твојот пост можам да претпоставам дека цената е за една насока. Кога пребаруваш цени, треба да ги внесеш двата датуми (пополни го и второто поле кое гласи Датум на враќање), за да ја добиеш цената на повратниот билет. Ако ова што го кажувам не одговара на прашањето што го имаш, најлесно е да прикачиш screenshot за да видиме за што конкретно станува збор.
 
http://wizzair.com/en-GB/Select Еве ај види колку е повратна, на 26ти сакам да се вратам, на 19ти да тргнам. Јули. :D
 
Чисто информативно, за тие што мислеа дека ако цената се покачи, нема шанси да се спушти, еве го резултатот на моето истражување во тек од 3 месеци, како се движеа цените за дестинација Скопје - Ајндховен, на 28.06 и 01.07:

4An6HK1.png
 
Цените на сите дестинации од Визер се секогаш високи во сезона затоа што секогаш сите патуваат тоа време не ја гледам логиката како картите би паднале. Значи што повеќе луѓе има на 1 лет толку расте и цената еконенцијално. Е сега има мала разлика меѓу летна и зимска сезона каде што трошокот за багаж вон сезона е нешто поефтино и башка фактот што тогаш картите се поефтини. Затоа се нискобуџетни, букираш порано и тоа е тоа. Исто така гледам многу луѓе споредуваат цени на Визер од Скопје и Белград или Софија да кажеме. Тоа не е релевантен фактор затоа што да речеме некои дестинации од Белград и Софија се или non stop или 5 дена во неделата така што тоа го растеретува капацитетот и цените се пофлексибилни бидејќи има повеќе места. Ете сега од Скопје према Малме има 5 дена во неделата и картите се по 4000 денари во просек. Пред тоа беа 12 000. Се си има влијание, но верувам дека ако постои голема побарувачка за одредени дестинации тогаш Визер ќе интервенира и ќе ги зачести летовите.
 
Погледни ја сликата погоре ...

Истражувањето е направено од 08-ми Април до 27-ми Јуни (ден пред летот), период кој мислам дека спаѓа во висока сезона (ова може да го потврди Tranquilis )
Цените се за лет без багаж, за едно лице.
Летот до Ајндховен беше одбран чисто случајно.
Графиконот го прикажува растот и падот на цените, директно добиени од сајтот на WizzAir.

Ако тоа не се релевантни податоци, кажи кои би биле.
Доколку мислиш дека има некој пропуст во ова истражување, слободно презентирај податоци.

Доколку некој сака да го продолжам истражувањето, одберете лет, на пример во ниска сезона (октомври-март) за да имаме подолг период за следење, и кажете ми, па ќе следам како се движат цените за тој лет, и на крај пак ќе направиме графикон.
Исто така, доколку сакате споредба со некоја друга компанија, можам и тоа да пробам да го додадам во графиконот.

P.S. Disclaimer:
Јас сум само про-"low-budget" компании, без никаква поврзаност со нив, само да ги има што повеќе.
 
Истражувањето ти е сосема на место во поглед на методите и логиката. Добар вовед во fare scraping. (y)

Можност за подобрување секако постои, со оглед на тоа дека dataset-от се состои од само два еднонасочни лета. Во случајот послужи за да се докаже првобитното тврдење, но за било каква понатамошна посериозна анализа би требале да бидат анализирани поголем број летови, следењето да биде доволно често и да завршува до денот на извршување на последниот лет. ;)

Во врска со се останато, се додека работам во Wizz Air нема да бидам во можност да коментирам голем дел од претпоставките изнесени на јавен форум. :нинџ:
 
Мене само ме интересира дали Wizz Tours што скоро го најавија Визер ќе важи и за од Македонија пример од тука да можеш да букираш такви аранжмани

http://wizztours.com/en-GB
 
Не верувам во скоро време. Ако има шанси за такво нешто, ќе те известам.
 
А баш би било добро пошто секако Скопје им е база веќе не гледам зошто тоа не би било овозможено за сите градови каде што има база. Значи ако има база тогаш има и некој минимум проток на патници кој би го подржал и ова.
 
Ако има база значи има одреден број на патници кој би патувал од и до местото. Тоа не ја одразува потрошувачката сила на домашниот пазар, која за жал е занемарлива. Или, со други зборови - гледаш некоја туристичка дестинација од Софија?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom