Надворешен или внатрешен "изглед"?

  • Креатор на темата Креатор на темата Martyr
  • Време на започнување Време на започнување
Како беше тоа
Мене не ме интересира кој како изгледа, како се облача, како се понаша, важно ми е како изгледа...

Важно ми е многу кој како изгледа. Исто колку што ми е важно и како се однесува.
Значи 50-50.
Сакам да водам за рака дечко кој изгледа добро. Значи добро градено тело, исправен, повисок од мене, убаво облечен, средена коса, лице, заби убави.
Ама:cool:
Мнооогу ми е важно да е интелигентен, добар оратор, харизматичен. Да знае да ми направи муабет, да има општа култура. Да е духовит, да знае да се зеза како и да прифати шега на негова сметка.

И не е тоа премногу нели ? Па секој може тоа, ако се потруди.(n)
 
Надворешниот изглед е исто толку битен колку и внатрешниот ... фифти-фифти ... едно без друго неможе !
За да некој дечко иде со некоја девојка колку и таа да му се допаѓа внатрешно, сепак е доста битен и надворешниот изглед исто и некоја девојка за да оди со некој дечко покрај внатрешниот изглед мора и физички/надворешно да и се допаѓа !
Но овие две работи се тотално различни, внатрешниот изглед/однесувањето може и да се промени, бидејќи тоа е состојба на умот, а надворешниот изглед претставува едноставно генетика и форма која е невозможно да се промени, облеката и тие работи се само еден вид на шминка, но изгледот/формата се непроменливи !
Но сепак надворешниот изглед е побитен од внатрешниот бидејќи за да некоја девојка биде со тебе мора да и се допаднеш на прв план па дури потоа да го запознае твојот внатрешен изглед, истото важи и за женските за да некој дечко оди со неа мора таа да му се допадне физички на прв план, па потоа се останато, значи физичкиот изглед представува еден вид на виза за понатаму !
Е сега на форумов секогаш се пишуваат лаги и само лаги, сите пишуваат дека внатрешниот лик бил побитен my ass а и самите тие се свесни дека ако некој/а не им се допаѓа воопшто не би го/ја ни приметиле како човек а не пак да одат заедно !
Најбитен е физичкиот изглед(и за машки и за женски), а потоа одат сите останати работи како што се внатрешниот изглед, материјалните работи и.т.н. и.т.н. се е битно да ама нешто е најбитно, физичкиот изглед претставува виза за понатаму !
 
Но овие две работи се тотално различни, внатрешниот изглед/однесувањето може и да се промени, бидејќи тоа е состојба на умот, а надворешниот изглед претставува едноставно генетика и форма која е невозможно да се промени, !

Фацата е генетика и не може да се мења. Карактерот и телото зависат исклучиво од тебе.
 
Но овие две работи се тотално различни, внатрешниот изглед/однесувањето може и да се промени, бидејќи тоа е состојба на умот, а надворешниот изглед претставува едноставно генетика и форма која е невозможно да се промени, облеката и тие работи се само еден вид на шминка, но изгледот/формата се непроменливи !

Фацата е генетика и не може да се мења. Карактерот и телото зависат исклучиво од тебе.

http://www.plasticsurgery.com.mk/zanas.aspx
 
Кога медицински ќе биде возможно да се манипулира со гените како би се сменила физионимијата на лицето, тогаш можеме да збориме дека медицински е возможно ''да станеш убав''. Пластичната хирургија не може да те направи убав. Преку неа само можат да се санираат некои вродени аномалии и за жал само толку(клемпави уши или голем нос)
 
Фацата е генетика и не може да се мења. Карактерот и телото зависат исклучиво од тебе.

И телото е генетика и не може да се променува ... ОК има врска и начинот на живот, исхраната, одржувањето, вежби и.т.н. но сепак конституцијата на телото како и фацијалниот изглед се наследни и непроменливи(освен на пластика но тоа е веќе лудост и претеризам) !
Ај ти направи од свиња 120 кг да изгледа некој/а ко манекен/ка ... или пак обратно од костур направи некој да изгледа како Арнолд Шварценегер ... исхраната, вежбите и сл. само можат делумно да помогнат, но генетиката си е генетика !
Но како и да вртиш фацата е најбитна, побитна и од телото, а се согласуваме и двајцата дека таа е непроменлива !
Материјалните работи се променливи(денес имаш утре немаш и обратно), однесувањето е исто така променливо тоа е состојба на умот, но генетиката е дар(или катастрофа) од природата и е непроменлива, се што е дадено од природата невозможно е да се промени ... ајде оди некој Монголоид направи го да биде физички ко Германец, оди направи некој Нигериец да биде физички ко Кинез ... :icon_mrgr:
 
Секој може да има добро тело, генетиката не е никаков фактор. Не си свесен какви трансформации се прават. Не човек од 120 кг туку од 200 кг може да стане фитнес модел доколку сака. За слабиот да не зборам...

Дечково само уште хирушки да го отстрани вишокот на кожа и ќе изгледа исто како овие подоле :)

Внатрешниот изглед сум имал прилика да го видам кај повеќе форми на живот вклучително и човечката и не е секси ама баш ич.
 
Исто и карактерот и телото зависат од гените и се наследни

Карактерот можеби зависи од гените, но тоа не значи дека не можеш да го смениш кон подобро, да влијаеш врз него. Пример ако си интровертен, можеш да поработиш на себе, да се потрудиш да станеш поотворен, посоцијален преку разни форми на социјализација. Да го победиш срамот, да бидеш похрабар и слично. Едино темпераментот не можеш да го смениш:)

Секако дека и изгледот на телото зависи од гените но исто како карекатерот, доколку ''си изгубил во генетската лотарија'' можеш да поработиш на истото и комплетно да го трансформираш. Се што треба е одлучност и посветеност.
 
И двете ми се битни. Ама попрво би избрала просечен изглед со одличен карактер отколку манекен со ужасен карактер :D
 
Типично лажење-сушење ...
На темава повеќето викаат како најбитен бил внатрешниот изглед а во реалноста секој/а прво го гледа надворешниот изглед, а токму тој надворешен изглед претставува и виза за понатаму ... без него ништо ... али ајт секој со свое мислење
 
Првиот инпут секогаш е поврзан со надворешниот изглед (она кога нешто ќе ти го привлече окото). Нормално важен е „вториот поглед“ кога ќе ја подесиш резолуцијата и малце појасно ќе ги видиш движењата, рацете, погледот, одењето, смеењето... Е после доаѓа на ред муабет и тука веќе имаш трета димензија.:cautious:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom