Надворешен или внатрешен "изглед"?

  • Креатор на темата Креатор на темата Martyr
  • Време на започнување Време на започнување
Секако дека би ја избрал втората, т.е згодната, и не само тој, туку и мажите генерално гледано секогаш би одбрале згодна цура без други квалитети пред грда со сите можни карактерни доблести и квалитети. Тоа е факт, и оние што се со физички неатрактивни девојки, не се со нив заради внатрешна убавина или ватевр, туку затоа што не можеле да фатат згодна па морале да се задоволат со тоа што можат да го добијат. И кога на тие дечки на било каков начин би им се пружило шанса да се дочепаат до јаките цури, верувај дека сите тие ќе ја искористат истата, ќе ја шутнат грдлата и одма ќе заборават на муабетите за внатрешна убавина. И не е до мажите, биологија е тоа, така се генетски програмирани.

А ако праиме муабет за тоа колку на жените им е битен физичкиот изглед на мажите, битен е, да, ама ни оддалеку толку колку што им е битен на мажите. Маж својата грдотија може да ја компензира со други особини и квалитети, со богатство, моќ, харизма, интелигенција, смисла за хумор, и пак да им биде привлечен на жените. Жените таа можност ја немаат, ако е некоја грда, џабе и се секакви морални квалитети и доблести, и преостанува само да ги збира остатоците од згодните цури, т.е типовите кои тие ќе ги корпосаат.

На страна од екстремната „убавина“ и екстремната „грдотија“ ко Квазимодо/Бред Пит Џемо од Н. Лисиче/Ема Вотсон споредби, поголемиот дел од типките се наоѓаат во сивите зони на спектрумот на лепота така да во тој спектрум, грда/убава може да бидат релативни првенствено. Сме се расправале многу пати со другари за некоја дали е убава или не е кадешто различни вкусови играле улога. Така да повеќето типки се наоѓаат тука и други квалитети како шарм, смисла за хумор и сите што ги наведе погоре играат огромна улога кај машките.

Настрана од тоа, дури и да земеме дека тие квалитети/симетрии се универзални и може објективно да се процени дали е убава/грда/просечна, сем ако не е екстремно неатрактивна, не можам еве едноставно кажано да се заљубам во типка која е многу згодна а ги нема квалитетите или шармот кои ме привлекуваат.

Многу потенцијални врски ми фејлале само затоа што на прв поглед изгледала ок, а послем не сум го наоѓал тоа што ми требало.
Така да лично бар по мое исксутво, емотивната компонента, комуникацијата, слични интереси и други ствари стапуваат повише во улога ако веќе треба да биде нешто многу посериозно од friends with benefits.
 
Добро, на вас никогаш ли ви се нема десено да видете згоден/на дечко/девојка, а откако ќе направите два реда муабет/излезете 2-3 пати и видете шо гадно створење е едноставно да ви стане одвратна таа личност и веќе да не ја гледате со исти очи?
Сакам да кажам, некои постапки на одредени личности и те како ја засенуваат нивната убавина..
 
А други постапки ја истакнуваат.
Сите ја забораваат емотивната компонента и мемориите кои ги имаме кога сме привлечени од некоја особа.
Имаме тенденција да ги бираме партнерите кои ни одговараат во зависност од тоа дали се вклопуваат и колку се вклопуваат во нашите идеали за идеален партнер кои се составени од различни физички/интелектуални и емотивни критериуми кои сме ги создале како резултат на нашите искуства.
 
Добро, на вас никогаш ли ви се нема десено да видете згоден/на дечко/девојка, а откако ќе направите два реда муабет/излезете 2-3 пати и видете шо гадно створење е едноставно да ви стане одвратна таа личност и веќе да не ја гледате со исти очи?
Сакам да кажам, некои постапки на одредени личности и те како ја засенуваат нивната убавина..
Се десило :)
 
Yeah, и уште ми превртела со очи и ми рекла пуф исчезни :LOL:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom