Хах. Колку сте ми интересни вака. Уште пред 3-4 години па кога слушав такви глупи муабети дека дури Баерн да би бил во ПЛ не би можел да биде ни во топ 4.
А сега дури отиде муабетот дека од 12 - 18 место тимовите од Бундес не можеле да се носат ниту во 2-та англиска лига.
Еве колку за споредба
Бундес:
- 11. Волфзбург
- 12. Штутгарт
- 13. Мајнц
- 14. Вердер
ПЛ:
- 11. Норич
- 12. Фулам
- 13. Стоук
- 14 Саутемптон
Овие 4 тима од Бундес се подобри од тие 4 тима од ПЛ. Имаат подобри играчи, а со помалку финансии располагаат, а да не зборуваме за тоа колку поубав фудбал играат од тие од ПЛ.
Е сега точно е тоа дека секоја сезона во Бундес има по 2-3 екипи што немаат квалитет да се носат ниту со останатите бундеслигашки тимови. Пр. од ланската сезона Фортуна и Гројтер.
Да не ме цитира некој сега погрешно шо ме сфатил да рече а зошто баш на тие тимови правам споредба. Правам на тие тимови споредба зашто Топче рече дека тимовите од 12- 18 од Бундес не можеле да се носат ниту во Чемпионшип.