Колку нема врска ова... За твоја информација англиските клубови имаа забрана за настап од 5 години во Европа во тој период кога од англиските клубови голем број играчи заминаа од англиското првенство и заминаа во Шпанија, Италија и Германија со цел да играат во ЛШ и Куп на Уефа. Веднаш по враќањето на настапот во Европа по некоја сезона освоивме ние титула во ЛШ, а после тоа ФА со добрата политика (посебно маркетинг кампања каде се привлекоа големи суми од ТВ правата каде клубовите заживеаја). Пред Абрамович во Англија беше Јунајтед кој освои тројна титула, беа invincibles на Арсенал, беше еден Лидс во 1/2 финале во ЛШ, Ливерпул освои Куп Уефа итн.
Јасно е дека Абрамович го направи поконкурентен фудбалот во Англија со тоа што Челзи за една сезона стана пресилен тим, па и конкурентите мораа да одговорат на тоа, но за негова сметка Њукасл кој во тој период беше во топ 4 падна на ниво подолу. Автоматски се истисна најслабофинансискиот тим од топ 4 во тој момент и на негово место влета Челзи, нешто што е во случај со Сити во однос на Ливерпул изминативе сезони. Ренесансата во ПЛ не е благодарение на Абрамович, туку на финансискиот маркетиншки мотор кој ги влече клубовите од ПЛ да добиваат големи финансискии инјекции (спонзорски и од ПЛ) кои ги прават далеку поконкурентни во однос на тимовите од другите лиги кои се на нивно ниво.
Ако ја пратиш темава добро јас само си ја бранам тезата дека Абрамович не го уништи фудбалот како што тврдат повеќемина на жими мајка муабет.
Точно дека Англиските екипи беа банирани поради Хилсборо. После 9 години откако се тргна банот Јунајтед заблеска само и толку.Настапува период кога во европа после таа сезона 5 сезони по ред освојуваат Реал Мадрид 2 пати,Баерн Минхен ,Порто и Милан. Значи пак англичаните ги нема. Ливерпул освојува во 2005, Абрамович го купува Челзи 2003 година.
Сезона 99-00 ЛШ Англиски клубови во неа Арсенал(отпаѓа од групна фаза) Челзи(отпаѓа од Барселона во четвртфиналето) Манчестер Ј(отпаѓа од Реал во четвртфиналето)
Сезона 00/01 ЛШ Анлиски клубови Арсенал(отпаѓа во четвртфианле) Лидс(отпаѓа
во полуфинале 3-0 од Валенсија) Манчестер Јунајтед(отпаѓа во четвртфианле)
Сезона 01-02 Англиски екипи во ЛШ Ливерпул(отпаѓа во четвртфинале) Арсенал(отпаѓа од групи) Јунајтед(отпаѓа од полуфиналето)
Сезона 02-03 ЛШ Англиски клубови во ЛШ Арсенал(групна фаза елиминиран) Јунајтед отпаѓа во четвртфиналето,Њукасл(отпаѓа во групи),Ливерпул(групна фаза елиминиран).
Сезона 03/04 Англиски екипи во ЛШ и воедно прва сезона од Абрамович во Челзи.
Челзи игра полуфинале. Арсенал е елиминиран од Челзи во четвртфиналето. Јунајтед отпаѓа од Порто во осминафиналето.
Пред тоа ФА ете била силна но не работела да биде силна конкуренцијата. Ако репер за успех е 2 полуфиналиња 0 финалиња неколку четвртфиналиња во 5 години тогаш браво за ФА и нивната конкурентност и нивната политика што ти ја споменуваш. Тогаш и Италјанскава лига е многу конкурентна.
Значи пак излагаат 15 години на европска сцена од кога се тргна банот со само 1 ЛШ титула и 1 Уефа куп титула.
Колку за споредба земете ги Сериа А во тој период каде ги имаме конкурентни Лацио,Парма,Јувентус,Интер,Милан,Рома и Шпанија каде се Реал,Барселона,Депортиво,Валенсија,Сосиедат,Мајорка,Селта Виго,Зарагоса.
Имаме 1 шпанско финале во ЛШ,1 италјанско финале.Англиско веќе дури во 2008-2009 Челзи-Јунајтед.
Го спомена Лидс, Арсенал беа invincibles за на крај да изгубат Уефа куп финале од Галатасарај. Нека не ги боли фактот на навивачите на Арсенал ама таа златна генерација мораше да освои трофеј во европа.Арсенал нема успех на европско тло,како да се проколнати како Бенфика.
Њукасл излета пред се поради лошото раководење на газдата истото и Лидс.
Јас не го препипишувам целиот успех на Абрамович ама тој е факторот кој ја покрена ренесеанса на фудбалот во Англија тоа го кажав и претходниот пост и сега. Барем за мене така говорат фактите. Фа пред ерата на Абрамович во Челзи,15 години со 2 трофеа од Европа. Фа во ерата на Абрамович во Челзи
Ливерпул ЛШ 2005,2007.
Јунајтед ЛШ 2008,2009,2011.
Арсенал ЛШ 2006.
Челзи ЛШ 2012,2009 Уефа 2013
Мислам јасно е кој е главен виновник за зголемиот квалитет на екипите во ФА тоа е силниот Челзи.
Фа нека се сконцентирира на политика за млладите играчи пошто неможат едно Светско по групи да поминат ако сакаат да покажат добра политика нешто што го направија Шпанците и Германците. Верувам дека и самите клубви ќе им истрчаат во пресрет околу тоа.
И уште ова да не беше толку јака конкуренцијата во ФА немаше ни да имаат толкав тв приход да има лигата.
Јбг Абрамович имал јајца и загризал била таа искра што сменила доста некои работи.
Али гледам си добиваш лајкови поради мислења дека ФА е најзаслужна за позицијата на англискиот фудбал во светот тогаш таа истата ФА е најзаслужна за позицијата на репрезентацијата во која се наоѓа .
Ако клупскиот фудбал бил баниран од европа, репрезентацијата ќе им беше на највисоко ниво. Пошто ете нема европа па нема да има звезди од страна што "ќе им ги завземаат место во клубовите" 88,92 испаѓаат по групи во Еуро. Светското 86 играат четврт и 90 им е големиот успех 4 место во Бразил.
Ете пример ќе го земам банот што го имаа италјаните од 1964 до 1982 за странски играчи. Репрезентацијата им бележеше успеси освоија Евро во 1968, и Светско во 1982. 1970 беа поразени во Финалето.
Али ај...