Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата tha CaspeR
  • Време на започнување Време на започнување
Момци, одлична вест.

На Замунда сега има опција да се гледаат филовите директно онлајн без да ги симнуваш, (во ист квалитет каков што е и рипот) за тоа ви треба TS Player, после инсталацијата на TS Player кога ќе кликнетe на одреден торент од Замунда, ќе видите едно мало кругче во разни бои, а до него стои Play online in original quality, го стискате, се отвара TS player и потоа на него кликатe play и чекате да се закачите со стримот т.е. да гледате без да мора да чекатe да се симне целосно филмот :)

:cuc:
 
Psyside го инсталирав програмот ама само тоа не функционираше, мора нели и како екстензија на Chrome-от да се стави? Сега ми успеа.

Добра е ја испробав, само не ми ги пушта на цел монитор некои работи. Можеби до форматот е, еве True Blood ја пуштив епизодата супер беше на цел екран со потребната снимка.
(y) (y) (y)

Thaaaank you (In Louis CK's voice) :D
 
Да заборавив за екстензијата, но колку што знам автоматски се инсталира - енејблира, или грешка сум, не памтам го имам TS player одамна за тенис гледање исталирано.

Иначе некој ќе каже дека можеш и да го симнеш филмот и да го гледаш, но што ако имаш малце поспора линија, брзаш, или пак не ти се чека? ептен е практично :)
 
обично не гледам комедии(особено не овие пародииве) ама сношти после 2 тешки хорори Стигмата и Егзорцизам на Емили Роуз, морав да пуштам нешо лабаво, A Haunted House филмов од 80 мин шо трајт сигурно 50 се газев од смеење па Marlon Wayanas е пореметен начисто, сигурно на појкето нема да ви се свиѓат пародијава ама мене ме насмеа до солзи посебно првава сцена од клипчево
 
И јас го гледав.. шта речи.. не за филмот, за мене.
 
После не знам колку време исклучив филм без да го догледам. The Deep Blue Sea, скапав првиот пола саат.
 
Конечно излезе и Trance на добра снимка. Одличен трилер !
 
Конечно излезе и Trance на добра снимка. Одличен трилер !


хадерип од седамстотини мб се не рачуна добра снимка одамна, осим ако нема поквалитетен?
почна и world war z скринери да испаѓаат иначе.. аиде каидае, нека биде побрзо овојпат.
 
World War Z
аууу fucking предобар филм! Одличен блокбастер, после Транс оди на листата на филмови на кои најмногу сум уживал без да трепнам! 3Д ефектите ОК, но филмот во глобала мене одличен.
Го гледав вчера, добро направен филм. 3Д ефектите се ОК, ништо префорсирано туку онака таман за да те здрма кога треба.

Ја имам читано и книгата, напишана е во вид на сведоштва на очевидци и директни учесници во настаните, и со тоа остава многу простор за сценарио по мерка на филмаџиите. Книгата е земена само како подлога за сценариото, уствари само оквирот на книгата е земен а настаните во сценариото се целосно напишани од сценаристот. Што е подобро одколку кога книга се касапи за сценарио.
 
Транс мора да го изгледате, таков филм не се пропушта.
Тешко дека ќе излезе од мојата листа за 10 најдобри за 2013. :cuc:
 
Го гледав вчера, добро направен филм. 3Д ефектите се ОК, ништо префорсирано туку онака таман за да те здрма кога треба.

Ја имам читано и книгата, напишана е во вид на сведоштва на очевидци и директни учесници во настаните, и со тоа остава многу простор за сценарио по мерка на филмаџиите. Книгата е земена само како подлога за сценариото, уствари само оквирот на книгата е земен а настаните во сценариото се целосно напишани од сценаристот. Што е подобро одколку кога книга се касапи за сценарио.

Ја има на нетов негде книгата? Ако ја имаш прати ми пп. :)
 
Ќе ми објасни ли некој како ги оценува филмовите? Не е нешто реторичко прашањево, сериозно не знам, a сакам и јас да пробам да ги оценувам филмовиве, да не ги мавам на рандом бројките. Посебно за тие што оценуваат со децимали. Бар за децимал треба некои тешки математики да паѓаат во оценувањето :D

И да не ви е по шаблон оценувањето, дајте ми пример бар за еден филм и како ја добил оцената
 
Абе јас порано се занимавав со оценки, па седум кома ова, девет кома она, па едно време имав теорија дека нема филм што вреди за 10ка, дури најдобрите се максимум 9 и нешо.
Сега како ветеран (хехе :D) или ми се допаѓа филм или не, нема потреба да го оценувам. Или мислам подоцна на него или не мислам. Или има бел бумбар или има црн. Ако има бел одам и на имдб му фрчам десетка.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom