Предлог за филм со кратка рецензија

  • Креатор на темата Креатор на темата VeGaS
  • Време на започнување Време на започнување
The Confidence (2003)

MPW-10613


Темата на фимот е многу интересна , група на другари со своите актерски способности се обидуваат да заработат пари на многу специфичен начин . Интересен трилер , добра актерска екипа . Крајот е најинтересен :smir:
 
Pandorum. SF-horor. Двајца астронаути ненадејно се будат од хибернациски сон, без сеќавање за тоа кои се и каде се наоѓаат. Додека полека им се враќаат делови од меморијата и во обид да преживеат, ја откриваат страшната судбина на бродот и неговата посада...

Филмов е далеку од одличен СФ-хорор, но сепак успева да погоди нерв. И покрај тоа што не може да застане покрај ALIENS, мене малку ме потсеќа на него (можда заради мрачната атмосфера). За оние кои што сакаат да видат пред се добра идеја, специјални ефекти и брканици нека го погледнат.
 
Значи, 2012, моментално најголемиот хит, блокбастер, топ 1 на box office-от итн итн...

Филмов ме става во огромна дилема, незнам дали да почнам да го величам заради сценските ефекти или рафално да го стрелам за пропустите и идиотските работи во содржината.

За време на филмот заклучив сепак, дека ова не е филм во кој мозокот треба да ти работи, ова е филм во кој треба да се ужива во тоа како светот заслужено оди по ѓаволите.

Значи, иако овие работи ги чувам за крај, уште одма да кажам: ако сакате филмов да ви се допадне, потребно е да го исклучите делот од мозокот кој сака да размислува и кој е критички настроен, и да и се препуштите на акцијата.

Значи, во смисла на визуелните ефекти и на пропорциите на катастрофата, ова е најдобар апокалиптичен филм кој се појавил. The Day After Tomorrow (2004), од истиот режисер може вода да му носи во тој поглед. Катаклизмата во 2012 е од невидени размери и не завршува со тоа што малку ќе измрзнеме. Ако го споредам со други филмови од најразлични помали или поголеми катастрофи кои го зближуваат човештвото, односно ги тераат луѓето да заборават на меѓусебните проблеми и да се соочат со поголем предизвик, би можел да направам споредба и со Armageddon (1998/I), Independence Day (1996), Titanic (1997) итн... и да кажам дека има и подобри филмови од овој во тој поглед.

Приказната, како и во повеќето вакви филмови, има многу пропусти, но една од работите кои изнервираа многу гледачи е начинот на кој главните ликови во целиот филм за влакно ја избегнуваат катастрофата: патот се распаѓа пола метар зад колата, пола метар зад авионот, работи паѓаат од сите страни пола метар лево или десно... (види трејлер) ни ја навредува интелегенцијата, мислам дај сериозно: еднаш во текот на филмот е доволно, сепак не е филм за деца. Ликовите не се обработени како по правило во овие филмови, клише има колку да сакаш, а ми фали еден филм кој конечно нема да ги тури богатите и сиромашните во ист кош и да не убедува како сиромавиот ќе се спаси а богатиот ќе го крка: во вистинската реалност, сиромашниот нема да се доближи ни на 100 км од спасот... Но пораката која ја оставаат овие филмови е дека во случај на општа катастрофа и мака, сите сме едно па дури и да бидеш без пари си има свои предности (до кога ќе не лажат ја незнам...).

И покрај се што е кажано, мора да се признае дека ефектите надополнуваат голем дел од традиционалните пропусти на ваквите филмови. Така да, незнам како поинаку да го оценам, затоа ќе земам пример од еден друг член кој даде посебни оцени:

6/10 за приказната.
10/10 за ефектите.


Аха, и заборавив, најлегендарна сцена од филмот (а и немаше повеќе од една), е кога оној лудиот радио водител (Woody Harrelson кој е единствен лик кој одглуми на ниво во филмот) се качува на планината, врши радио пренос од крајот на светот и им вика на своите слушатели: „How i wish you were here with me!“ :pos:
 
И покрај се што е кажано, мора да се признае дека ефектите надополнуваат голем дел од традиционалните пропусти на ваквите филмови. Така да, незнам како поинаку да го оценам, затоа ќе земам пример од еден друг член кој даде посебни оцени:

6/10 за приказната.
10/10 за ефектите.

Аха, и заборавив, најлегендарна сцена од филмот (а и немаше повеќе од една), е кога оној лудиот радио водител (Woody Harrelson кој е единствен лик кој одглуми на ниво во филмот) се качува на планината, врши радио пренос од крајот на светот и им вика на своите слушатели: „How i wish you were here with me!“ :pos:

Јас бев тој член и навистина посебно морав да го оценам, затоа што оцената за ефектите не може да се споредува со приказната. Највеќе му дадов поголемка оцена за приказната затоа што имаше добар хумор т.е ироничен на некој начин, што ми се допадна многу затоа што ретко скоро никогаш не гледаме хумор во ваквите филмови со “катастрофи“.

И да, сцената со лудакот и онаа сцена кога блондинката му покажува среден прст на рускиот билионер Јури :pos2::pos2:

Да не ја зборавам сцената и со фамозното Бентли :vozbud:
 
Е да, во другата тема ти беше рецензијата па ме мрзеше да барам, ама знам дека ја видов. Иначе од хуморот и не сум презадоволен, на пример Independеnce Day има многу повеќе фори (го спомнувам пошто иста структура имаат: многу различни глумци, една опасност, човештвото се обединува...). Мислам, сцената кога сите бегаат од вонземјаните а Вил Смит се враќа да се пресмета со нив и му удира бокс на чудовиштето со репликата: Добредојде на земјата!, е priceless :pos2:. Овде свои моменти си имаше лудиот радио водител, тотално беше во елемент. Но во главно, од другите ликови ништо не видовме.

ОК, малку дискусија, доволно е од мене, да не им расипувам на тие што сакаат да го гледаат.
 
Подморница У-571,добар филм.

дејствието е во втора светска војна,и не е досаден како стандардните амерички филмови кога нонстоп потопуваат руски ајкила класа,имено навистина интересно станува збор за машината ЕНИГМА со која германците комуницирале и се координирале,но притоа сојузниците не можеле да ја дешифрираат пораката...целта ќе биде да се Земе Енигма и тоа од Германска подморница...понатаму гледајте го филмот и нема да зажалите.

Inglorious Bastards Дело на квентин тарантино,истиот смета дека му е едно од најдобрите,дејството е во франција има доста интересни ликови и крај...затоа гледајте го(само претставувањето на хитлер и гебелс не беше баш добро...):toe:

Letters from iwo jima и ова е филм каде дејството е во втора светска војна само што се работи за подготовката на јапонската одбрана,а и паралелно судбината на еден јапонски војник,Маестрално дело е филмот а воедно и покажува колку честа важи кај јапонците.

8мм-ова е трилер,глуми николас кејџ(кој е приватен детектив)- истиот е ангажиран откако ќе го ангажира вдовица која во личните предмети на покојниот маж пронаоѓа нешто грозно-една касета каде има снимено реално сексуално насилство(вистински убиства )истрагата ќе го донесе на многу локации а и до истите тие кои снимаат такви грозотии-понатаму...останува на вас.
 
new-york-movie-review-10731282854a4a7d10698162.36579105.jpg

Приказна за 3 индиски студенти во New York и како нивниот живот комплетно се менува по терористичките напади на 9/11. Приказна за тоа како FBI неправедно измачува невини луѓе.

http://www.imdb.com/title/tt1328634/

 
Избришани се 17 мислења од темава, кој ќе ја користи за да побара препорака за филм ќе добие црвен картон. Исто важи и за оние кои даваат препорака и редат трејлери наместо рецензија.

Читнете ги правилата на подфорумот, посебно е нагласена оваа тема.
 

Неконвенционален вестерн со вкус на пејотл. Се работи за еден млад момак Мајк Блубери инаку Винсент Кесел, кој што доаѓа кај вујко му во едно мало гратче. И дечково оди во еден бордел кај што се работи со една проститутка во која се заљубува. Е после доаѓа лошиот момак Мајкл Медсен кој што му ја работи проститутката пред очи и ја убива, а плус и го ранува Блубери. И момаков се напичува максимално и плус некој трауми носи со себе, така да е цврсто решен да се одмазди. Инаку филмов не е воопшто како што го замислувате, преобвладува психоделика и е прилично трипашки а особено последните 15 минути. Инаку оцена од мене 9 од 10.


Неочекувано добра психолошка драма. Се работи за еден психолог кој што живее во Австралија и кој што се враќа во своето родно градче да го закопа својот починат татко. Тој се присетува на едно девојче со кое се дружел подолго време во своето детство и притоа запознава девојка која многу го потсетува на тоа девојче. Филмов може да не им се допадне на сите ама мене ми е еден од омилените, така да добива чиста 10 ка.
 
Runaway Jury (2003)

runaway_jury_poster-738849.jpg


Филмов е одличен , се работи за фукционирањето на одбирањето на поротата во суд , акцијата почнува кога ќе одберат "погрешен" човек да биде во поротата :) Оценка 9,9/10 од мене !
 
Еве, да препорачам за некој случаен филм. eXistenZ (1999) Изборов и не ми е баш случаен. Ја видов дискусијата помеѓу bucio и Mac)) за филмот Gamer (2009), па се одлучив за овај а не друг.

Филмот е инспириран од видео игрите. Поточно од авантуристички РПГ жанр. Одтука жанрот на филмот е научно-фантастична авантура. Интересно е тоа што развојот на дејството наликува како од некоја видео игра, како сценариото да е пишувано за игра. Дејствието се заплеткува на интересен начин па едно време можи гледачот и да се изгуби. Филмов можи да се означи како mindfuck филм. Можи да се споредува со The Game (1997). Се користи концептот филм во филм, сон во сон, сон-јаве.

Режисер на филмот е David Cronenberg. Не знаев за човеков се дури не го изгледав овај филм, а после видов дека сум гледал и уште два други негови филмови: The Fly, Dead Ringers. Ќе изгледам и други понатаму. Инаку овај The Fly велат бил познат филм, имал статус на класика. Ама за него друг пат.

Филмов има и маклу подлабока содржина. Еве дел од коментар на имдб
Everybody seems to compare this to The Matrix and The 13th Floor, and when I first saw it I would have agreed -- I was expecting The Matrix and was a little disappointed. But upon repeated viewings my respect for this movie has grown immensely.

The thing to keep in mind is that The Matrix is a great action movie with some philosophical mumbo-jumbo thrown in. The 13th Floor is a passable action movie with some slightly more interesting philosophical mumbo-jumbo thrown in. Existenz is not an action movie at all, and is not (as many seem to believe) about "reality" or any such "deep" concept. It's about the human tendency to intentionally replace reality with an artificial (both in its origin and in its behavior) world of make-believe.
До негде има вистина коментаров, ама сепак кога го гледате не се концентрирајте на тоа само да ја најдите скриената порака. Уживајте и во авантурата.
Да кажам уште за споредбите со The Matrix (ги има на имдб коментарите). Иако и во двата има виртуелна реалност (или пак реална виртуелност !?), сепак овај е различен филм од Матрикс.
 
Ancient Warriors - Macedonians
Епизодата за античките Македонци од 20 епизодниот серијал на дискавери каналот за антички воини во AVI формат. Снимана и продуцирана во 2000 година, во неа се расправа и дискутира за начинот на војување на Александар и Филип, поддржани од историски факти. Интересни графички прикази на борбите со добро сценарио.

Ова е објаснувањето за документарецов само што го симнав го немам гледано :) ако сака некој линк нека ми пише
 
taking_lives_verdvd.jpg
Taking Lives

Филмов им го препорачувам на сите што сакаат психолошки трилери.
Џоли е детектив и брка сериски убиец, на кој што секогаш кога ќе му се доближат, губат секаква трага...
Одличен крај, глума, приказна... A must see :wink:
 
Planet 51

Филмчево е феноменална комедија.Се работи за тоа како еден астронаут слетува со вселенскиот брод на планета 51 и се изненадува кога дознава дека на ненаселената планета уствари постои цивилизација која наликува на онаа од 50 -тите на земјата :pos2:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom