The Movie that Rocked!!!
Конечно и по подолго време еден филм на кој можам да му дадам 10-ка без грижа на совест.
Сега ја сакам фудбал и сакам рокенрол и чисто случајно последните два филма што ги гледав се за овие две големи, големи работи. Едниот го пастирав во другата тема, а овде:
The Boat That Rocked (2009)
Да почнам со воведот на филмот кој кажува доволно:
- 1966-та година е, најдобрата година за Британскиот Рокенрол.
- Но, BBC радио пушта само 45 минути поп - музика во денот.
- За среќа, обожаватели пловеа со бродови по Северно море и емитуваа нон-стоп рок и поп музика.
- 25 милиони Британци, или половина од населението, ги слушаа овие пирати.
Еден таков брод полн со рокенрол фанатици плови и емитува сигнал, кој британската влада, која со одбивност гледа кон овој вид музика, прави се за го спречи неговото ширење.
Дури и кога владата ќе успее да ги прогласи за незаконски и да ги затвори овие станици, овој брод ќе даде отпор и ќе продолжи да рока.
Филмот е исполнет со фин, интелегентен хумор, прекрасна музика (саундтракот е фантастичен и сега си го спуштам), многу убави сцени и емотивен крај.
ДА ЖИВЕЕ РОКЕНРОЛОТ!!! (и пиратеријата!)
На вашите компјутери и двд-ја, наскоро (кога ќе си го симнете...)