Македонскиот БДП со раст од 2,9%
Македонскиот бруто-домашен производ (БДП) во првото тримесечје од годината остварил стапка на раст од 2,9 отсто, во однос на истиот период лани, покажуваат првичните податоци на
Државниот завод за статистика.
Во првото тримесечје од 2013 е забележан пораст во повеќето сектори.
Мотор на ваквиот раст во првиот квартал во првиот сектор било градежништво, чии активности се зголемиле за 36,8 отсто.
Пораст од 2,5 отсто остварен е во секторите, Сообраќај, складирање и врски, Финансиско посредување, Активности во врска со недвижен имот, изнајмување и деловни активности, Други комунални, општи и лични услужни активности (вклучени се и импутираните станарини)
Финалната потрошувачка на домаќинствата вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во однос на истиот период од 2012 година, номинално расте за 2,1 отсто, а нејзиното учество во структурата на бруто-домашниот производ изнесува 79,3 отсто.
За истиот период, извозот на стоки и на услуги номинално порасна за 0,2 отсто, а увозот на стоки и услуги забележа намалување во номинален износ од 3,1 отсто.
Евее излеговме од рецесија...како што викав и се очекуваше...да видиме што ќе прави МСЕ...