Ел Шарави е пример како млад и докажан играч во Серија Б ако добије доверба и шанса може да експлодира на најдобар можен начин дури и во еден гигант како Милан.
Гледам финалето вчера младиве што играа и праев мала куик анализа. Па Иско,Тело,Алкантара,Бартра,Мората и Де геа, играа лига на шампиони оваа сезона За Барса,Реал и Манчестер, Додека од "нашиве" само Верати може да се пофали со такво нешто, другите играат во серија Б, или во Болоња,Џенова,Аталанта итн,што е стварно жалосно.
Сигурен сум дека да добиваат повеќе шанса во појаките клубови од СеријаА,(Јуве,Милан,Интер,Рома,Лацио,Фиорентина) дека 50% од сите што беа повикани на европското до 21г, ќе се снајдеа горе доле како Шарави.
Додека Шпанците и Германците веќе си работат на идните генерации Италианциве како да не им се толку битни младите играчи туку ги користат за да ги вметнат за некој глуп трансфер од типот на Бориело,Џилардино итн.
Коа ќе помислам му се исплати на Верати што не потпиша за Јуве или за Милан, пошто сигурно дека ќе играше два пати помалце оваа сезона него ли колку што одигра за Псж.