Немав 2 дена нет. па затоа дури сега пишам ...Како најпрво нека ни е честито победата ,значи 30-40 % од работата е завршена, остануваат уште приближно толку % за влез у полуфинале ,т.е уште една победа по моја логика.
Како второ Џакерини повторно, али сосема очекувано главна тема на разговор во фан клубов. Јес дека спаѓам и јас у тие 65-70 % (можда се и повеќе не е битно) што се против одлуката да биде дел од тимот ,+ СТАРТЕР
ама кога со 0 (НУЛА) настапи за репрезентацијата го викнаа на ЕУРО 2012 ,а притоа и да дебитира од почетни 11 против Шпанија на првиот натпревар од првенството -шта речи . Сигурно Прандели нешто видел у него ,шо ние тука стручнаците од форумот уште не сме го приметиле
. Понекогаш Џакерини стварно знае да одигра добро, ама на минатата утакмица против Мексико факт е дека беше играчот со најмногу изгубени топки, ама сето тоа отиде у сенка ради асистенцијата нели
.
Како трето БАРЅАЉИ
- искрено не можам да го гледам повеќе црепов....може ќе се фатите право (фан на Милан ,хејтер,комплекси итн.) али никогаш,ама баш никогаш не ме убедил Барѕаљи дека е за во репрезентација...секогаш кога ќе го видам ми иде моментот коа Шарави на 18 год. направи будала од него( куп натпреварот, сезона 2011-2012) ,неверојатната стартна брзина што ја поседува ,а како шлаг на тоа грешката против Мексико, што за малку ќе не чинаше 2 бода. Попрво би го повикал Ранокија место него . за следната очекувам Бонучи да улета 1 состав наместо него .
Киелини колку и да го хејтам, колку и да ме иритира неговиот гаден однос на терен, човекот е моментално бр. 1 во Италија.
Де Шиљо- колку мирно и сигурно игра детето тоа е чудо, како зад себе да има 50 утакмици у репрезентацијата а не почеток на репрезентативна кариера, од одбраната најголема оцена има.
Пирло-голот
,иначе се гледа дека неможе 90 мин. ,максимум 60 мин.
Абате,Монтоливо,Де Роси -доволно добро за да го зацементираат првотимскиот статус за следната утакмица.
Маркизио -дали 3-4 пати се состави со топката ,дефинитивно беше најслабиот играч на теренот и со право беше повлечен од игра прв.
Бало - Шта речи ,коју поруку послати