Не ми текнува во моментов со комети/метеори, Deep Impact i Armageddon сите ги имаат гледано. Со Н.Л.О. по вистинити настани и многу реалистичен ти е
Roswell (1994). Со малку (добро, многу) фантазија би го препорачал
The Last Starfighter (1984), зошто е еден од моите омилени S.F. филмови а и за да избегнам да препорачам филм кој сите го гледале.
За крстоносните војни единствено што ми паѓа на памет е
Kingdom of Heaven (2005) кој навистина е супер, супер филмче.
Тоа за тебе, а сега нешто како предлог за сите:
Knowing (2009)
Значи успеав да се изборам со мојата одбивност кон Николас Кејџ и неговите актерски "квалитети" и да седнам да го изгледам филмов. Слично како и повеќето понови S.F. филмови и овој има еден куп дупки во сценариото + вишок на непотребни глупости, ама се научив да го очекувам тоа и да ги занемарувам. Згора на тоа, филмот е некој дуел помеѓу религиозното и научното и треба да ни долови некоја поента, ама сето тоа е матно и нејасно.
Но, ако ги занемарите овие работи и го пуштите мозокот на пасење трева, тогаш навистина Knowing e филм кој ќе го изгледате со уживање. Прво, започнува во стилот на хорор филм, и тоа навистина добар хорор филм, пред да сврти на S.F. Приказната е интересна: Во едно училиште во 1959 учениците закопуваат временска капсула со цртежи, кои треба да се отворат 50 години подоцна од тогашните ученици во училиштето. Но во сите тие деца е и малата Лусинда која наместо цртеж пишува некои бројки, кои се всушност претскажување за страшни несреќи кои ќе се случуаваат во следните 50 години.
Од тука приказната се сели во денешно време и добива се пострашни и пострашни размери. Понатаму нема да пишувам затоа што и да пишам ќе биде спојлер, а многу сакав да ги искоментирам добрите и лошите страни на крајот на филмот. Тоа другпат, сега можам да кажам само дека, добро е што не заврши како повеќето филмови.
Друго со што можам да го пофалам филмот е прекрасните визуелни ефекти, навистина во тој дел се потрудиле и филмот не беше само бучава и експлозии туку имаше навистина квалитетни сцени, од почетокот па до крајот.
И посебно што ми се допадна е soundtrack-от, комбинација од старите хорор филмови од 50'тите и 60'тите и денешната музика која се употребува во вакви филмови. Навистина оригинално.
Значи колку што напишав добри работи за филмот можам да напишам и лоши, ама мој совет: мозокот на пасење трева, не се замарајте, уживајте.
8.0/10 и покрај присуството на Кејџ
, и предлог да го изгледате ова.