Боди билдинг и теретани - прашања, одговори, заблуди, совети...

  • Креатор на темата Креатор на темата ^Capo^
  • Време на започнување Време на започнување
Па таа е една од најлошите вежби за раме, непотребно го оптеретува ротаторниот мускул на рамото јас одамна веќе воопшто не ја правам, смени ја вежбата

А за грб дали ја вежбаш позади глава? Сеедно дали на лат-машина или на вратило. Јас ја откачив и оваа, надокнадувам правејќи повеќе серии однапред.
 
Јок, и таа не ја правам. Како тебе исто се од напред правам на лат-машина со различни фатови плус 2 вежби за дебелина на грбот.
 
па ај кажи која ја правиш за рамоама најубаво ме удира па таа извежбано ми е рамото со шипка пука а на машина некако не ми е тоа тоа
јас обично правам напред позади со шипка
напред со прави раце со еднорачни
летање на машина или со еднорачни и
една за задно рамо
 
Кажете нешто повеќе за супер серии? Како да ги комбинирам и кога да ги правам?Пробав сега прв пат за бицепс,и тренингот ми беше одличен.Е сега ме интересира како идат.Дали да правам супер серија на секоја вежба или пак само на некоја? Да правам 4 обични и 5тата да биде супер,или пак да правам три а 4тата да биде супер?
 
Јок, и таа не ја правам. Како тебе исто се од напред правам на лат-машина со различни фатови плус 2 вежби за дебелина на грбот.

Какви се тие вежби за дебелина на грбот?
 
Ралични веслања во претклон, со дворачен и еднорачен тег, како и мртво подигнување.
Ширина и волумен. Мислина волумен, 3D изглед.
 
Здраво,чисто информативно прашање..сакам да купам гејнер за да се здебелам,но некој ми вика дека подобар избор е протеин..пошто сум аматер во боди билдинг,може ли некој искусен да ми каже кој е подобриот избор ?
 
За аматер со гејнер е полесно да ги достигне потребните калории за качување на маса.
--- надополнето: 13 јуни 2013 во 20:54 ---
па ај кажи која ја правиш за рамоама најубаво ме удира па таа извежбано ми е рамото со шипка пука а на машина некако не ми е тоа тоа
јас обично правам напред позади со шипка
напред со прави раце со еднорачни
летање на машина или со еднорачни и
една за задно рамо

Сите вежби за рамо што ги работам се со еднорачни (освен за задно раме), тие ти овозможуваат најдобро да ја запазиш природната патека на движење на рамениот згоб без непотребно да го оптеретуваат. Една од најосновните вежби е потисок со еднорачни тегови и летање со рацете нанапред за предно раме.
 
Момци има одлична официјална тема за суплементи, исто така мислам дека има тема отворена за исхрана и тренинг програми но никој од билдерите со поголем стаж во теретана не објасниле некои тренинг програми :D Ме интересира кога се вежба за маса колку тренинзи се доволни неделно и по колку мускулни групи, а колку тренинзи кога се вежба дефиниција. Некој од поискусниве ако сака да појасни малку.
 
Кога си на маса внесуваш доволно калории за телото оптимално да се опоравува и расне, но кога си на дефицит оправувањето на мускулите е успорено затоа неможеш да го задржиш истиот волумен и интензитет како за време на маса. Мое мислење е најдобро e да jа задржиш истата тренинг програма и да го задржиш интензитетот но да го намалиш волуменот на тренинзите.
 
Да кажеме дали 5 тренинзи се многу неделно?
Пон : гради
Вторник : раце
Среда : одмор
Четврток : грб, трицепс
Петок : рамо , нозе
Сабота : Гради, бицепс
Со тоа што градите и рацете доаѓаат два пати неделно за вежбање.
 
Момци има одлична официјална тема за суплементи, исто така мислам дека има тема отворена за исхрана и тренинг програми но никој од билдерите со поголем стаж во теретана не објасниле некои тренинг програми :D Ме интересира кога се вежба за маса колку тренинзи се доволни неделно и по колку мускулни групи, а колку тренинзи кога се вежба дефиниција. Некој од поискусниве ако сака да појасни малку.
Има и за тоа тема ама поискусните не сакаат да ги споделат своите програми и исхрани да не станеме поголеми од нив хехехе

Sent from my iPad 4 using Tapatalk HD
 
Има и за тоа тема ама поискусните не сакаат да ги споделат своите програми и исхрани да не станеме поголеми од нив

Sent from my iPad 4 using Tapatalk HD
Па тоа е сосема оправдано и во ред, не може некој што склопувал програми со години така на нет да ги дели на непознати. Баш се ок поискусниве дури делат совети повеќе од што треба а не се должни за тоа.
 
Сосема си во право за тоа, никој не бара стриктни програми, туку по мала помош за некоја програма за оние кои сакаат а не се толку искусни, меѓутоа ништо страшно, кој сака и се труди ќе си најде, а тоа дека не се должни исто така си во право никој не е должен и јас лично сум доста благодарен на луѓево од форумот кои ми помогнаа во неколку ситуации, меѓутоа од една страна и затоа е форумот, да си помагаат членовите и да бараат совети.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom