Точно така, многу очигледна грешка што ја увидоа сите. Но овојпат беше толку фатална што немаше време за поправен. Киву е само за назад, а Бурдисо е само за дома му. Не е стабилен и никогаш не знаеш кога ќе направи глупост.
Фалат неколку играчи во Интер. Тим од највисока класа не смее да бара оправдување дека овој или оној не играл. Мора да имаме 20 играчи комплетно подготвени и сигурни. Време е за продажба, и за шопинг.
Не е проблем што изгубивме, секој може да изгуби. Или дека игравме слабо, се случува и тоа. Но против Аталанта, не можевме да врземе 3 додавања, што беше толку фрустрирачки, вчера не ми се ни мислеше на тоа а камо ли да пишувам. Аматерски клуб ќе одиграше подобро. Жозе, Занети, Кордоба и Цезар го признаа поразот, му честитаа на подобриот тим, но сите рекоа дека имале лош ден. Незнам дали нив им се чини дека со Каљари имаа убав ден, или со Сиена, без разлика на победата.
Колку побрзо ќе им текне дека нешто не чини, дека треба да заборават на дуелот со Манчестер и да се сконцентрираат на тоа да прават бодови, толку побрзо ќе се надмине кризата. Знаеме дека имаа лош ден. Од Лацио наваму, не знам кога имале добар...