- Член од
- 23 јуни 2008
- Мислења
- 4.002
- Поени од реакции
- 4.245
Ајде да го сефтосам предизвикот со првите две прочитани книги во 2013.
1/40 „Викенд“ - Бернхард Шлинк (Das Wochenende)
Иако на многумина можеби ќе им биде чудно, но првата книга прочитана од Шлинк не ми беше популарната „Читачот“, туку „Летни лаги“. Ја читав минатата година, збирка раскази. Ме бендиса неговиот стил па ете решив да купам друг роман. Сакав „Читачот“ иако ми е и филмот гледан, во скоро време морам и романот, но поради тоа што не можев да ја најдам во книжара, единствена друга од него беше Викенд. Доста интересна и комплексна книга. Не верувам дека на секого би му се допаднала. Станува збор за еден роман за група пријатели кои се собираат повторно во вилата далеку од центарот на градот поминувајќи викенд. Целта на собирот е излегувањето од затвор на Јерг, кој во минатото се залагал за револуцијата и по неколку убиства завршува во затвор. Неговата сестра Кристијане е виновна за собирот на пријателите, но навидум ситуацијата излегува од контрола, и многумина од нив ќе бидат приморани да се соочат со вистините и реалната ситуација на денешницата и причината за апсењето на Јерг. Доста чуден роман, значително послаб од Летни лаги, така што и не можам да кажам дека сум претерано воодушевен. Но сепак кратка книга, и брзо се чита.
2/40„Ледената принцеза“ - Камила Лекберг (Isprinsessan)
Книгата ја зедов од најновиот зимски саем на ТРИ и веднаш ме привлече откако прочитав првен дека е трилер, второ дека е шведска писателка, и трето дека пишува дека заедно со Стиг Ларсон и уште еден шведски писател го сочинуваат Светото тројство кога станува збор за трилер романи во Шведска. Веднаш знаев дека е возбудливо четиво, и дефинитивно не погрешив во тоа. 370 страници ми прелетоа за два дена. Станува збор за Ерика Фалк, писателка на биографии, која доаѓа во родното место Фјелбака поради смртта на нејзините родители. Но тоа не е единствената лоша работа која ќе ја почувствува таму. Таа е сведок и ја пронаоѓа нејзината стара пријателка Алекс мртва во својата када, замрзната и со пресечени вени. Навидум отпрвин се претпоставува дека е самоубиство, но со текот на времето се откриваат неверојатни пресврти. Патрик Хедстром, старата љубов на Ерика е задолжен за истрагата на убиството, па Ерика и тој започнуваат истрага која е предводена од нејзината љубопитност. Со текот на времето тие влегуваат во флерт, а со тоа влегуваат и во најмрачните тајни на семејството на Алекс и богатото семејство Лоренц кое ги крие најмрачните тајни криени 25 години, а воедно меѓу нив се наоѓа и причината за убиството на убавата но мистериозна Алекс. Предобар роман, дефинитивно не дава да заспиете се додека не ја прочитате приказната до крај. Апсолутна препорака!