1. The hitchhiker's guide to the galaxy - Douglas Adams
Одлично парче фикција со примеси на научна фантастика и голема доза комедија. Мислам дека сите ја знаете книгата и нема потреба да објаснувам дека е одлична и без разлика дали сте фан на вакви книги.
Моментално го читам вториот дел, The restaurant at the end of the universe
01.Casino Royale - Ian Fleming
02.Live and Let Die - Ian Fleming
03.Moonraker - Ian Fleming
04.Diamonds Are Forever - Ian Fleming
05.From Russia With Love - Ian Fleming
06.Prince of Thorns - Mark Lawrence
07.The Wonderful Wizard of Oz - L. Frank Baum
08.Red Dragon - Thomas Harris
09.The Little Prince - Antoine de Saint-Exupéry
10.Men Without Women - Ernest Hemingway
11.The Hunger Games - Suzanne Collins
Долго се мислев да ја читам серијава, на листата ми стоеше уште од лани, филмот ми беше гледан и ми остави добар впечаток. Уште во првите 30 страни добив чувство дека нема многу да ми се свиѓа книгава, комбинацијата од нарација во прво лице и тинејњерка за главен лик, на моменти даваше чувство дека ќе ја слушам Катнис како се жали цело време. Но помина ОК, барем за првата книга.
Највеќе ме нервираше што за главен лик, нејзините акции немаа некој голем импакт на приказната, нејзиниот избор доаѓа во игра на почетокот кога се јавува како доброволец, и на крајот со
обидот за двојно самоубиство.
Се останато беше чисто реакција на околината, немаш никаде момент каде што треба да направи свесен избор да убие некој, горе доле остана морално чиста низ целата книга.
12.Catching Fire - Suzanne Collins
Втората книга во серијата очекував да биде подобра, сепак направија добар сетап во првата книга, но не тука Катнис технички нема никаква улога во приказната, за главен лик на приказна Колинс одлучила да не и даде ништо посебно. Но затоа тинејџерското плачење се искачи на ново ниво, дали затоа што сум машко или затоа што книгава забегува, но сите внатрешни монолози и заклучоци што Катнис ги вади се скроз наопаку и се вртат околу неа, иако реално немаат никаква врска со неа.
Целиот твист во втората книга е што за 75 hunger games ќе се бираат луѓе од претходните победници, да им докаже дека и најсилните меѓу нив неможат да идат против Претседателот. Ова беше добра идеја до некаде, ама не толку добро изведена. Книгава завршува со Катнис и Пеета, да поминат низ приказната без да остават трага на целото дејствие, слободно можеше да ги замени со други два ликови , сите планови, сите зделки и тајни ги прават други ликови, за на крај на книгата да видат дека се изиграни и ништо повеќе од марионети во плановите на отпорот
13.Mockingjay - Suzanne Collins
И ако втората книга не беше доволно бедна, третата ќе ве изненади, не само што првата третина од книгата е само Катнис како се жали дека се нејзе и се случува дека за се е таа крива којзнае уште што не и се мота низ тој нарцис од мозок, но спремете се да слушнете секакви глупости.
На еден момент Катнис и Финик заедно лажат дека гледале пренос со Пеета, а нема ни пола страница подоцна како се лути на Гејл, затоа што тој (сакајќи да не и пренесе лоши вести и да не ја прашуваат со истата причина и што таа лажеше) ја излажал, за преносот, и како неможе да свати во каква емоционална состојба е и бла бла бла, како поминуваат страните се попатетична е за главен лик на книга.
Некаде околу крајот на првата третина од книгава се одлучува да биде лице на отпорот(ака херој), и има момент или два каде што се однесува како главен лик, како херој, не тоа не трае долго пред да се врати во самосожалување и други тинејњерски заблуди.
И крајот на книгава е за никаде, Колинс одлучи да ја заврши на начин кој само почетници би го одбрале, не автори кои имаат бестселер статус. Последната третина од книгата е како Катнис и група на војници(сега сите се војници) другари, идат да го убијат Претседателот, само што стасаа кај него пред куѓата се случува најглупот plot twist за да заврши со тоа што Отпорот го заробува претседателот, пак Катнис скоро никаква улога не игра во дејствието. Во последниот акт од книгава, ако може така да се нарече, конечно завршува со Катнис да направи одлука, но далеку поважната одлука која се влече уште од првата книга, дали да го одбере Гејл или Пеета, пак не е нејзина, други лица одлучуваат што да биде со неа, а после она си рационализира зошто "така требало да заврши".
Се на се големо разочарување од серија со бестселер статус. Филмовите би требало да бидат далеку подобри, затоа што се во трето лице, и нема да се слушаат глупостите што и се мотаат ни главата на Катнис. Без константното плачење на Катнис, може и да помине како ОК филм серијал.
По предлог на една другарка, се решив да ја читам оваа книга, иако обично не практикувам вакви наслови. Романот раскажува за две неразделни семејство Хартови и Голдови, кои живеат едни до други. Пријателството помеѓу нивните деца Крис и Емили подоцна прераснува во врска и се заљубуваат еден во друг. Но, еден ден се случува незамисливото. Емили ја носат во болница, каде починува, со куршум во главата, а Крис го наоѓаат до нејзе целиот во крв. Понатаму следува судењето и расплет на приказната, за тоа што навистина се случило, а во меѓувреме се раскажуваат и делови од приказната пред самото убиство.
Генерално ми се допаѓаат романи кога течат две или повеќе приказни во позадина, зашто тоа те тера да читаш што повеќе, да дознаеш што ќе се случи. И покрај мојата предрасуда пред да ја земам книгата, излезе сосем ок, малку да сменам од убиства и трилери.
1. Како без тебе - Гијом Мисо
2. Затоа што те љубам - Гијом Мисо
3. Дали ме чекаш - Гијом Мисо
4. Врати ми се - Гијом Мисо
5. А потоа - Гијом Мисо
6. Ако го дочекам утрото - Сидни Шелдон
7. Додека ѕвездите блескаат - Сидни Шелдон
8. Гневот на ангелите - Сидни Шелдон
9. Утро, пладне и ноќ - Сидни Шелдон
10. Децата на ѓаволот - Дитас
11. Триумфална капија - Ерих Марија Ремарх
12. Крвна врска - Сидни Шелдон
13. Девствено сино - Трејси Шевалие
14. Жена во пеок - Абе Кобо
Дали дека сме задоени од истото сонце, ама сепак начинот на кој Венко нурка во здивот, во фонот на својата непосредност, во срцевината на својата душа, како ѕирка од зад кулисите на животот - преформулирајќи го, како ги гарнира монолозите и дијалозите, како ги бруси ќошевите на религијата,како генијално проникнува во идентитетот и смислата на постоењето, како пребира по зборовите, како дрско ти понира во мозочето, како ги пили ужасите и садистичките шкрапљи у желудац, како ја заробува месечината, како си игра со ограниченоста и лудилото, како неговите страници заводливо треперат и шумолат за љубовта, како ти се декларира ко естет со јинг јанг филозофија за спротивности, ко опозционер кој мудро премолчува у сопствената книга, те запрепастува.
Коста Петров е 29 годишен македонец кој ни ја раскажува својата приказна за неговите подеми и падови кои ги доживеал се додека не ја основа својата компанија P World, која организира настани на глобално ниво поврзани со бизнисот и успехот. Отпрвен очекував нешто ептен бизнис литература, повеќе за психолошката состојба, но излезе дека поголем дел од книгата ги раскажува своите искуства и за тоа како да се биде на врвот. Ми се допадна многу, има интересни работи и навистина зачудувачки за неговиот ентузијазам и неговата упорност што сепак се дигнал на тронот и покрај сите неуспеси кои му ги приредувал универзумот. Препорака до сите млади кои сакаат да бидат успешни. Книгата има 170 страници, идната недела на Саемот за книга ќе пишува посвети на оние кои ја имаат купено книгата, а и секако доколку некој сака да се запознае со него.
Приказна која ќе ве држи под импресии уште долго, долго откако ќе ја прочитате. Ја имаме Босна, Отоманската Империја и животната приказна на Ахмет, главниот херој. Низ призмата на овој млад интелектуалец, поет и обичен смртник со лоша судбина извајана е со совршени зборови положбата на луѓето кои живеат во едно време на политичка централизација кога секој обид да бидеш свој и слободно да мислиш е најстрого казнуван, речеси секогаш со смрт. Ахмет е всушност алтруист. И тоа не се гледа само по неговите многу силни и полни со суштина внатрешни монолози, туку општо секоја негова одлука и постапка го докажува тоа. Човек кој на пиедестал ја става љубовта и верува во нејзината моќ да ја воскресне секоја изгубена надеж, секој уништен сон и претставува еднинствен мост за спојување на човечките души. Таков е Селимовиќ, го читаш и солзи ти надоаѓаат во очите. И кога сакаш да го цитираш ти доаѓа цела книга да ја препишеш.
12.Не ми е страв - Николо Аманити
Можеби книгата е лимонатка за читање, ама крие многу добра психолошка основа. Си се релаксираш дома, си читкаш, стигнуваш до крајот и бум. И дури тогаш почнуваш да размислуваш за длабочината на приказната.
13.За љубовта и другите демони - Габриел Гарсија Маркез
Легендата вели дека некогаш постоела една малечка маркиза која имала само дванаесет години и коса толку долга и убава што се чинело дека по себе влече најубаво платно на светот. Маркизата умрела од беснило откако ја каснало куче, но и по нејзината смрт ја славеле и величеле низ сите градови по карипскиот брег и најчудно од се' нејзината коса продолжила да расте и по смртта. - Оваа легенда претставува основа за овој роман на Маркез, а главната тема е забранетата љубов меѓу малата маркиза и еден свештеник. Романот е болна љубовна приказна родена во време на радикалното свештенство односно позиционирана во средновековието. Забранетата љубов меѓу дванаесет годишното девојче и триесет и шест годишниот свештеник само ја отсликува човековата потреба од љубов. Да ја дава и да ја прима. И колку воопшто можеме да ги криеме и потиснуваме тие чувства? Зашто тие чувства можат да не’ променат, трансформираат, уништат или едноставно да не’ спасат.
Оваа книга е збир на седум разкази за љубовта и еротиката.
Иако навидум помала книга, воопшто не заостанува зад неговите други книги.
Кундера како и во секоја друга книга, низ призмата на "смешни" ситуации совршено ја опишува човековата психа.
Како низ љубовните "игри", потребата за љубов, потребата за пожелност од страна на другиот пол и те како е битна.
Стравот од губењето на саканиот/саканата, сексот и еротиката, доминацијата, религијата, се ама баш се, ги опишува со неговиот препознатлив стил.
Топла препорака.
Овој роман беше една од малкуте книги кои ги немав прочитано од Ладлам. Повторно се работи за политички трилер, дел од серијалот со Џон Смит, агентот на тајна агенција кој работи директно за претседателот. Овој пат се работи за можен конфликт помеѓу Кина и САД, кога еден трговски кинески брод натоварен со материјали за хемиско оружје ќе се најдат на пат кон Ирак. Америка за тоа дознава и сака да изврши инспекција, но секако тоа Кина не го дозволува по ниедна основа. Во целата акција, отпосле се вклучува и Џон Смит кој ќе трага по оригиналниот товарен лист на бродот, со кој би се докажало присуството на овие материјали. Дејствието се одвива во Кина, Хонг Конг, САД и други места. Буквално стандарден роман од Ладлам со заплети и по некои неочекувани настани во текот на книгата.
Иако грешки и слаб превод имам забележано и во други книги, оваа е дефинитивно на првото место. Издадена од Наша култура, книгата е сигурно преведена од српски, но ај тоа што е преведена од српски, туку и од српски не знаат да преведат. Се грешат имиња, се употребуваат српски зборчиња, остатоци од падежи... Значи ја читам и се нервирам, да не беше добра книгата, ќе ја оставав непрочитана. Баш ме интересира со кое лице за ваква утепана од Господ книга и бараат 450 денари, кога на Саемот од српски издавачи може да се најде истата книга во одлично издание, корица, речник, транскрипција и останато. Значи Басра, во книгата педесет пати е напишана како Басри (кој идиот може да не му текне дека тоа е истиот град пред две страници). Не знам што да кажам за нашиве издавачи.
1. The hitchhiker's guide to the galaxy - Douglas Adams
Одлично парче фикција со примеси на научна фантастика и голема доза комедија. Мислам дека сите ја знаете книгата и нема потреба да објаснувам дека е одлична и без разлика дали сте фан на вакви книги.
Моментално го читам вториот дел, The restaurant at the end of the universe
Kнигава не е за деца и треба да се чита секои 2-3 години за возрасните да се потсеќаат на вистинските вредности во животот.
Се откажав од “The restaurant at the end of the universe“ пошо првите неколку чаптери се убер досадни како рекапитулација на целата прва книга, може е тоа поради фактот што оваа книга прво била намислена да биде првата од серијалот, а првата да е prequel. Како и да е, на пауза ја стаив таа.
Ај и јас да го скршам мразот.
1.Анатом - Федерико Андахази
Интересен роман во кој дејството се случува во 16 век.Анатомот Матео Колон кој живеел во Венеција, открива своја „Америка“ наречена Амор Венерис, центар и орган на женската љубов, анатомски еквивалент на клиторисот.До ова откритие тој доаѓа како резултат на двата императива што си ги поставил како цел: прво, како предвесник на хуманизмот и ренесансата настојува да ги надмине границите на науката определени од средновековните научници, и второ, да освои знаења што ќе му овозможат да ја открие тајната на физичкото задоволување на нескротливите женски страсти на женското тело за да ја придобие љубовта на најубавата и најскапата венецијанска куртизана Мона Софија, во која тој е несреќно и бескрајно вљубен.Овој роман е неповторлива книжевна фреска за средновековното мракобесие чиј траен симбол се: озлогласената инквизиција, хипокризијата и корумпираноста на највисоките општествени слоеви.
01.Casino Royale - Ian Fleming
02.Live and Let Die - Ian Fleming
03.Moonraker - Ian Fleming
04.Diamonds Are Forever - Ian Fleming
05.From Russia With Love - Ian Fleming
06.Prince of Thorns - Mark Lawrence
07.The Wonderful Wizard of Oz - L. Frank Baum
08.Red Dragon - Thomas Harris
09.The Little Prince - Antoine de Saint-Exupéry
10.Men Without Women - Ernest Hemingway
11.The Hunger Games - Suzanne Collins
12.Catching Fire - Suzanne Collins
13.Mockingjay - Suzanne Collins
14.Darkly Dreaming Dexter - Jeff Lindsay
Првата книга во серијалот на Декстер, сериски убиец кој убива само други убијци. По оваа книга е базирана и серијата, само што серијата ја следи книгата 80%. Ми се свиѓа што нарацијата е во прво лице, и гласот е ист како и на Michael C. Hall во серијата, со истиот хумор.
15.Dearly Devoted Dexter - Jeff Lindsay
Нов сериски убиец се шета во Мајами, и остава уникатно искасапени тела, Декстер развива специјален интерес за овој убиец.
16.Dexter in the Dark - Jeff Lindsay
Оваа е најслаба во серијата, Џеф налвегува во мистицизам за да го објасни The Dark Passenger, што ја направи малку ефтино да изгледа, и да го намали шармот на ладнокрвниот убиец.
17.Dexter By Design - Jeff Lindsay
Подобра е од претходната книга, новиот сериски убиец остава тела искасапени како бизарна диорама наменета да привлече/одвлече туризам во Мајами.
Малку бев разочаран од Декстер серијалот, досега на сите книги им дадов 3/5 ѕвезди, во главно заради дупките во приказните, и работи што ги зима за здраво за готово и не баш спектакуларни краеви. Како и да е, интересни се за читање, ми останаа уште две книги од Декстер што се издадени до сега. Планирано е да се издадат уште две книги, можно е и крај на серијалот.
Време е да почнеме да се спремаме за новиот предизвик.
Во 2012 предизвикот беше 40 прочитани книги. Лани многу членови не ни помислија да го почнат предизвикот поради бројот на книги, затоа оваа година ќе имам 3 во едно предизвик.
Зошто е креиран овој предизвик?
Првенствено како мотивација да почнеме да читаме книги и да си ги прошириме видиците, и за да си препорачуваме книги. Често се случува да немаме идеја што да читаме следно, така да на овој начин ако 40 члена прочитаат по 40 книги, потенцијално ќе имаме избор од 1600 книги, и личност која ќе може да ја прашаме за мислење за некоја книга која ни фатила око.
Difficulty level easy - 30 книги(една книга за 12 дена) normal - 40 книги(една книга за 9 дена) hard core - 50 книги(една книга за 7 дена)
Гледано од ланскиот предизвик, 30 прочитани книги е релативно лесно и предизвик во исто време. За да прочитате 30 книги ќе треба да се потрудите да прочитате една книга за 12 дена. Тоа значи еден просечен paperback од 300-400 страни ќе го прочитате за 12 дена читајќи 30-тина минути дневно.
Што се брои како една книга?
Едно физичко издание се брои како една книга. Така да Game of Thrones и Зоки Поки се бројат како една книга. Нема минимум број на страни за да не се избегнуваат добри книги и класици како Старецот и морето, која нема ни 100 страни, но никој неможе да ја оспори нејзината вредност. Ако мислите дека Зоки Поки вреди да се стави на вашата листа , слободно направете го тоа. Ова е првенствено личен предизвик, а за вкусови не се дискутира.
Ако книгата е поделена на томови, бројот на томови = бројот на книги. Како што кажав едно физичко издание е една книга, нема недоразбирања и нема расправии. Исто така се бројат и книги кои веќе ги имате прочитано еднаш, но сте се одлучиле во 2013 повторно да ги прочитате.
Се надевам дека повеќето ќе го одберат предизвикот од 40 книги, а тие што успешно го завршија ланскиот предизвик, да се пробаат со 50 книги (инспириран од Srcee).
Планирам да ја прочешлам темава еднаш месечно да видиме кој до каде е стасан.
Кога ќе прочитате една книга постирајте на форумов во овој формат.
број на книга. име на книга - име на писател 3-4 реченици за книгата
Пример:
"01. Старецот и морето - Ернест Хемингвеј
Ја имав читано како лектира пред многу години, и ми остави добар впечаток тогаш и е една од ретките лектири на кои се секавав. Па одлучив да ја прочитам уште еднаш но овојпат на Англиски за да го осетам подобро стилот на Хемингвеј.
Одлична приказна за борба на старецот против рибата, морето, ајкулите и во исто време и против самиот себе си.
Прилично manly книга ^ ^ (затоа и ја одбрав)"
Во духот од ланскиот предизвик креиран од Out Of Reality, за да се приклучите кон предизвикот постирајте Challenge ACCEPTED - број на книги.
Опционално, гласајте на анкетата за да имаме преглед колку членови ќе го прифатат предизвикот оваа година.
Хм, никогаш не сум размислила да ги бројам книгите кои сум ги прочитала, мислам да ги претставувам вака со некакви статистики. Иако, мора да признаам, имам една гоолема листа со наслови од прочитани или книги кои би сакала да ги прочитам па, иако не сум броела на начин на кој е објаснато ќе може понекогаш да напишам некој предлог книга, со мал коментар (ако паметам за што се зборуваше во неа,бидејќи некои се одамна читани) и покрај тоа што не паметам кога сум ги прочитала? Етееден предлог - Томе Илиевски - Луда журка; Семеен бордел; Брачна тројка (само тие ги има во библиотеката каде што сум зачленета ) Поздрав!
10. Авантурите на Том Соер - Марк Твен
Ауу една од моите омилени книги. Го сакам книжулево, иако Авантурите на Хаклбери Фин повеќе ми се допаѓа. Безвременска приказна.
Нема што да се каже за книгава. Една од моите најомилени книги на сите времиња. Хак Фин е закон!!
Не ми се допадна тоа што во оваа верзија, 20% од книгата имаше одвоено да се опише тезата како nigger, зборот кој многу често се користи во книгата, е лош. И беа наведени сите случаи кога тој се употребува. Се растурив од притискање на Next.
12. Ноќниот циркус - Ерин Моргенстерн
Драма е книгава, а јас не сакам драми. Но, оваа многу ми се допадна. Доживеала голема популарност, бестселер е, а на Амазон на листата на топ книги на сите времиња е 490та.
Во приказната нема главен лик - тоа е циркусот. Силиа и Марко уште од мали се тренирани за едно нешто - дуелот кој ќе се води мешу нив двајца во текот на целите нивни животи и кој ќе ги смени судбините на сите околу нив. Проблемот ќе настане кога тие двајца ќе се вљубат.
Немојте да очекувате Престиж ако воопшто ја читате книгава. Како што претходно споменав, таа не е трилер туку е драма. Маѓиите кои ќе ги прават Силиа и Марко се само пропратно опишани, како нешто што не е воопшто важно. Но, тоа не значи дека книгата е лоша. Јас ја препорачувам.
Плус, корицата изгледа супер.
13. The Boy in the suitcase - Lene Kaaberbol & Agnete Friis
Леле ужас, ич не ми се допадна книгава.
Еве за што се е прогласена:
A New York Times Bestseller
The New York Times Book Review Notable Crime Book of 2011
Strand Magazine Critics Award Nominee
Indie Next List November 2011 Pick
Barry Award Nominee for Best First Novel
Harald Morgensen Award for Best Danish Thriller of the Year
Glass Key Crime Fiction Award Nominee
Нина Борг ќе открие 4-годишно момче во актовка.
Во книгата има премногу нелогичности. Сеќавањата од минатото се вметнати таму кај што не им е место. И не знам што беше толку големото изненадување на крај, вака кога ќе прочиташ дека дете е киднапирано, прво што паѓа на памет е педофилија или органи. Сите од книгава мислеа на педофилија, на никој не му текна дека можеби се работи за органи. Јас уште кога ја почнав си викам добро зошто сите толку се опседнаа со педофилијава? А тоа така да ти било за као да доживееме изненадување на крај. Лошо изведено.
14. Gone girl - Gillian Flynn
Прогласена за една од најдобрите книги на Амазон за 2012 година.
Јас ќе речам - болна книга. Психопатска.
Првите 90% се неверојатно добри. Ејми исчезнува и изгледа дека нејзиниот сопруг е виновен за исчезнувањето и за нејзиното убиство.
Во првата половина од книгата се раскажува од страна на сопругот, после исчезнувањето, а половина од главите се всушност дневникот на Ејми, од пред исчезнувањето. Последните 10% ме разочараа. Не поради тоа што се лоши, туку едноставно книгава не требаше да заврши така.
Во првата половина од книгата, помислувате како сопругот може да биде толку идиот. Во втората сфаќате дека тој во споредба со Ејми е срценце. Женава заслужува бесилка.
Само што почнав да ја читам книгава, гледам Сакам книги објавиле рецензија.
Крајот не ми се бендиса поради тоа што личноста која ја мразите од дното на душата, која е психопат (бидејќи нормална личност не ги прави тие работи) и која признава дека има извршено убиство, поминува неказнето. Ај што поминува неказнето, туку си го оправа животот максимално.
Од Сакам книги велат
Ако оваа книга не ви се допаѓа, ако сметате дека крајот не е во ред, ако презирате некој од ликовите во текот на читањето, ако мислите дека нема правда – јас ќе се осмелам да кажам дека навистина не ми е важно и дека постои голема шанса да сте ја утнале поентата на книгата.
Епа да ми извините, ама и не е потребна некоја надпросечна интелигенција за да се сфати поентата на книгава. Тоа е што е. Полицајците се неспособни. Психопат завршува на слобода, со фамилија пред него. И сопругот не прави ништо во врска со тоа. Таа му кажува дека е бремена и овој одеднаш еј чекај ќе заборавам се што ми направи, битно ќе ми родиш дете. Откако се плаши да склопи око пред неа. Море мрш таму, да дознаам дека сопругот мој е ладнокрвен убица на човек кој само сакал да му помогне... ама као ај сум забременила и ќе седам со него.
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.