Секое едно дете сака да порасне во топол дом со неговите родители. Но кога мажот и жената сфаќаат дека не се еден за друг, дека не можат заедно да живеат повеќе, и почнуваат да урлаат, да се караат дома, едниот родител седи дома и кука, додека другиот излегол од дома, крајот му го нема, детето затворено во својата соба- рони солзи и нормално ќе моли Бога и да се разведат.
А од коа ќе се деси тоа, ќе почувствува во себе мир и спокојство. Затоа е среќен. Затоа што повеќе нема да биде дел од тие кавги и сл.
Тешко е, мн тешко. Е сега зависно од годините на детето, неговиот став, карактер, не секое дете го доживува Разводот на ист начин.
Има деца што преминуваат преку тоа било разводот да бил за време на пубертетот, било тоа порано ли подоцна гајле не им е... А има деца нарочито во тој ранлив период ( пубертетот ) , каде што се`си зимаат при срце, се затвараат во себе и толку. Им треба многу, многу време да мине, за да го преболат тоа. Не целосно, целосно преболување нема. Без еден родител, едно делче во тоа дете секогаш ќе биде и остане празно. А ќе се изгуби кога ќе замине од овој свет.
Да не зборувам за тоа колку е тажна сликата - сите деца во парк со своите 2 родители, си се смеат, толку се безгрижни, а додека другиот како некоја кукавица сам/а само со едниот родител или пак во школо, претстави и такви чуда... Зависи многу и од тоа каков ќе биде разводот
А најтешко од се е ако едниот родител одлучи да замине далеку и видување, контакт со детето Амин! ...Затоа и велиме на ова последиците највеќе ги трпат децата
За да едно дете порасне безгрижно, нормално, среќно... Потребни се и 2-та родители, а не само еден. Пеколно е...
Но добро, има и една добра работа во сево ова, после се` тоа дете сигурно ќе знае да застане на свои нозе цврсто и гордо да си чекори и да се соочи со сите препреки кои ќе му застанат на патот... Кога ќе падне, тој ќе знае како да стане... нема да остане во дупката