Децата и разводот

  • Креатор на темата Креатор на темата bibika
  • Време на започнување Време на започнување
сето ова е тешко.Секој сонува и живее да биде среќен да има хармонија радост и весел дом но колку е тоа можно во денешно време е многу тешко прашање.Секојдневно сме подложени на ужасни глетки кои се околу нас.
Среќен и совршен брак само на филм.Но факт е дека поради родителите кои вака или таака ке си ги решат проблемите децата се оние кои се најмногу повредени од нивниот однос.Треба да се тешиме со тоа што има и полошо.Се во животот доаѓа и си оди а ние треба да сме храбри и да го издржиме товарот.
 
Moite se razvedeni, ne beshe miren razvod tuku mnogu tezok razvod so mnogu kompliciranja. Odev na psihijatar, piev apchinja. razvodot trae vekje 1 god i pol. Sea sum sosema vo red...
 
Некогаш е подобро да се живее со разведена фамилија отколку со фамилија која не функционира.
 
Во секој случај е болно и за децата и за родителите и секогаш едниот од родителите го влече подебелиот крај .Кога едниот родител е тука семо за тебЕ А другиот никаде го нема .Кога ЕДНИОТ СЕ ТРУДИ НИШТО ДА НЕ ТИ НЕДОСТИГА ДРУГИОТ НИ ЧЕСТИТКА ЗА РОДЕНДЕН НЕ ТИ ПРАКА КАКО МИСЛИШ ДЕКА СЕ ОСЕКА ТОЈ ШТО Е ЦЕЛО ВРЕМЕ СО ТЕБЕ И ТИ УГОДУВА И ТИ ПОСТОЈАНО ГО БАРАШ ДРУГИОТ
Колку само има вистина во оваа твоја последна реченица... Но, тоа што едниот е ажурен за домашните потреби и барањата на децата, а другиот брка топлинки, дреме пред телевизор и првиот орган со кој ти приоѓа е стомакот, е голема кривица и на двајцата. Затоа постои предбрачно живеење заедно, да се испитаат партнерите, да се запознаат во светло на заедничко живеење, а не само во кревет. За да се омажам со некого, мора да го познавам како очите свои. И мора да е семеен човек. Не сакам скитник што ќе се враќа кога ќе му прдне. Моите деца нема да го преживеат она што јас го преживеав. И да, дефинитивно е дека разводот е солуција на излез кога едниот ствара и сотвара, а другиот руши и разрушува.
 
Тешко е и остават трауми.. а посебно да си сведок на карање и многу навреди. премногу тешко не сакам да пишам за ова
 
Поради тоа што разводите во светот зедоа се поголем замав решив да ја отворам оваа тема, но многу повеќе поради влијанието од разводите на децата.
Родителите ќе се разведат и ќе продолжат со нивните животи, но дали тоа може да создаде траума на детето или пак да влијае добро, се тоа зависи во кој услови и поради што се разделиле родителите.
Некогаш разводот може добро да влијае на детето, со тоа што ќе се спаси од секојдневните немири во семејството, но некогаш може и лошо да влијае, поради тоа што нема да живее со двајцата родителите или ќе мора да се оддели од своето братче или сестричка. Некогаш дури детето на еден начин е принудено да живее со еден родител и со макеа или очув.
Детето е изложено на тензии, непријатности, па тоа може многу да го измени неговиот карактер и погледи кон ситуациите во животот.

Каков став имате Вие за ова?
 
Ако детето не е сведок на тепачки и караници меѓу родителите и ако му се објаснат причините за разводот на родителите - нема да има проблеми и трауми.
Малите деца имаат тенденција сами да се обвинуваат за разводот на родителите, дека оно е криво, дека ќе биде добро за они да се смират, ќе пробува да ги смири и слично.
Тинејџерите пак, имаат тенденција да им се лутат на родителите за разводот. Како може они да се толку себични и да се разведуваат. Ама тоа се должи на тинејџерскиот егоцентризам и идејата дека светот се врти околу нив, па они ќе се бунтуваат и ќе се караат со родителите.

Се се сведува на тоа како и дали му се кажува на детето, што е развод, зошто развод, како оно ќе биде вмешано во тоа, и сето тоа ќе биде спуштено на ниво на кое детето може да разбере.
 
А, дали имаш став за тоа како може да влијае на детето заедница од еден родител и макеа или очув?
Дали можеби детето кое живее под кров во сопственост еве на пример на очув, ќе се осеќа понизно, ќе се осеќа како да не е дома, како во затвор и ќе избегнува да е дома? Но, поради родителот тоа ќе го трпи, тоа можеби ќе створи измени во неговото понашање и ќе создаде омраза и желба за одмазда. Дали имаш мислење за вакво нешто?
 
Пак ќе кажам, се зависи од родителскиот пристап кон детето.
Ако ја сум му објаснила на детето зошто сме се развеле, дека го сакаме и покрај тоа што не сме заедно, дека сме тука за него и слично, детето ќе се навикне на идејата. Потоа треба да му се објасни дека мама/тато има потреба од партнер/дечко/девојка (кога детето е малце постаро околу 14-15 години, ги разбира концептите за дечко и девојка па нема да има потреба се му се објаснува за тоа)
Па убаво е да се запознаат очувот/маќеата со детето, да се види како ќе функционираат, да воспостават некој однос, да се запознаат итн и подоцна нема да има проблем да живеат заедно. Нормално, ако детето на никој начин не се дискриминира и не се третира како гостин/туѓинец. Ако го третираш ко да е од понизок ред, така и ќе се осеќа.
Сепак, очувот е тој што треба да му пристапи на детето, да се заинтересира за него, да најде заеднички јазик. Да имаат некои заеднички активности. Нормално е дека он не му е татко, но на детето му треба татковска фигура, некој на кој ќе се огледа во отсуство на биолошкиот татко.
Е сега, нормално е дека ако на мајката и е поважно да најде маж, него да си го глеа детето - оно тоа и ќе го осети.
Но одмазда, не верувам дека би се појавила заради тоа. За одмазда треба да има причина. Физичко или психичко малтретирање. Па детето кога ќе порасне и ќе биде силно ќе сака да се одмазди.
 
Како и да вртите, секако е лош разводот за децата. Некогаш е подобра опција од моменталната или од евентуално настанатата, доколку не се разведат, но, тоа не го прави самиот развод добар.
Колку и да објаснувате, како и да објаснувате, остава последици.
 
Поголеми трауми има детето кога гледа дека родителите се несреќни, цело време се караат. Ќе стекне таков став за бракот, а и ќе има вина зашо родителите се во брак само ради него...
Она што родиелите го повторуваат дека во брак останале ради децата....
 
Многу голем дел во погледите на детето кон семејствата има неговата ситуација дома.
Доколку се лоши односите помеѓу неговите родители тоа може многу комплекси да донесе кај детето, да замрази семејни собирки, да замрази да биде околу неговите родители, а тоа може да доведе до негово оддалечување од родителите и зголемена осаменост.
Сметам дека помирен живот ќе има детето со еден родител и доколку му се објасни дека тие се разделиле поради нивно несогласување. Во овој случај мислам дека на разводот треба да се гледа позитивно за остатокот на животот на родителите и детето.
 
Поголеми трауми има детето кога гледа дека родителите се несреќни, цело време се караат. Ќе стекне таков став за бракот, а и ќе има вина зашо родителите се во брак само ради него...
Она што родиелите го повторуваат дека во брак останале ради децата....
:(тоа ми е добро позната приказна..ете тие ствари ми одземале доста голема доза на сигурност во животот, всушност моите најголеми слабости и стравови доаѓаат точно од таму..сега сум возрасна личност, живеам сам(со брат ми) но уште не сум целосно заздравен и не верувам дека некој ден ќе се случи тоа
 
Само детето што било сведок на развод на неговите родители знае најдобро каква е била ситуацијата и како се чувствува после тоа,сигурно нема да е исто.Во еден брак никогаш неможе да биде се совршено т.е. да биде се мед и млеко, но секогаш треба да се цели кон подобро и треба во некои случаи за доброто на семејството за негова хармонија да се прегази и гордоста што ја имаш.Разводот може да дојде од многу причини (да не ги набројувам),но секогаш треба да се оди до крај за да се спаси бракот и да се цели кон враќање на хармонијата за децата да растат безгрижно и да им се пружи тоа што можат да им го дадат родителите освен љубовта и грижата (која секако е примарна цел на секој родител).Ако дојде до развод тогаш треба родителите на мирен начин тоа да го направат и да не прават проблеми кој би го добил старателството над децата,туку да се одлучат децата да поминуваат време и кај едниот и кај другиот родител т.е. родителите да бидат флексибилни во одлуките и децата да не почуствуваат некоја огромна промена во периодот после разводот бидејќи бракот веќе е завршена работа.Па поради тоа треба родителите да им се посветат на децата за да функционира нивниот живот нормално,иако веќе родителите не се заедно.А со текот на годините кога ќе потпораснат да им се објаснува за некои работи во животот вклучувајќи го тука и разводот дека некогаш е потребно да се направи некоја акција отколку да се чека реакција од страна на животот како поминува па да видиме што ќе биде со нас (мислам на бракот ). Цело е кога има се....но не може секогаш да знаеш што ќе биде.
 
Jaс сум дете на разведени родители ... и разводот не помина најдобро туку со некои компликации ауу ...
тешко ми беше и уште ми е но што е тука е ..
Но најмногу ми е криво за брат ми кој е мал 10 години како он ќе живее вака со еден родител и каков ќе му биде понатаму животот
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom