Предлог за филм со кратка рецензија

  • Креатор на темата Креатор на темата VeGaS
  • Време на започнување Време на започнување
Ај да се најде некој да ми даде предлог за некоја добра акција и со 1-2 реченици да објасни за што станува збор во филмот однапред фала:).
 
Ај да се најде некој да ми даде предлог за некоја добра акција и со 1-2 реченици да објасни за што станува збор во филмот однапред фала:).

124.jpg


брус вилис во главна улога добро акционо филмче несо он е пропаднат цајкан алкохоличар и сеа почнува се со едно ниггече треба да го приведе и така натака мрзе ме да објаснувам оцена 7/10

wantednyccposter.jpg


анџелина џоли главна улога и натака гледај многу е ок да не ти растргам сега туа по форум добра приказна добри ефекти се на се супер филм. :toe:
 
Ај да се најде некој да ми даде предлог за некоја добра акција и со 1-2 реченици да објасни за што станува збор во филмот однапред фала:).

Transporter
Death Race

И двата се со Jason Statham .....АКЦИЈА во вистинска смисла на зборот...ако не ти се гледани.....you know what to do :smir:
 
Twilight
штотуку го гледав

Интересна приказна за девојчето и вампирот

љубовна фантазија што би требало да има уште делови
оцена 8 оти сакам научно фантастични приказни од секаков тип.

(гарант за девојките вампирот ќе им е премногу убав :smir:)
 
124.jpg


брус вилис во главна улога добро акционо филмче несо он е пропаднат цајкан алкохоличар и сеа почнува се со едно ниггече треба да го приведе и така натака мрзе ме да објаснувам оцена 7/10

wantednyccposter.jpg


анџелина џоли главна улога и натака гледај многу е ок да не ти растргам сега туа по форум добра приказна добри ефекти се на се супер филм. :toe:

јас се извинува сликите нејкат да се покажат иначе првио филм е 16 blocks а вториот е wanted :tapp:
 
X-Men Origins: Wolverine (2009)

X-Men Origins: Wolverine (2009)

x-men-origins-wolverine-poster.jpg


Како на imdb.com, така и на официјалниот сајт за овој филм се одбројува до премиерата негова па затоа и ми е чудно како се појави торент на zamunda.net еден месец пред премиерата на филмов.
Значи како голем фан на X-Men стриповите, цртаните, игрите и филмовите ми беше голем ќеф да го погледнам и овој филм, кој воедно беше со добра снимка, но ефектите (некои од нив) сеуште незавршени, уште се познаваат грешките уште при снимањето и компјутерската симулација при огромните акции. Доколку ги немате видено стриповите и цртаните, во филмов ќе ви бидат нови мутантиве кои се појавуваат и го освежуваат овој ако можам да го наречам серијал. Добра приказна во секој случај, добра актерска екипа, многу тажни но и премногу возбудливи моменти. Вреди да се погледне.
 
Traitor 2008.
traitor-poster-cheadle.jpg




Кога го симнав филмов си претпоставив дека е уште еден од низата фр мр др американски глупи филмови за борба против тероризмот. Да знаете само колку се излажав, и тоа ме подсетува да не гледам на некои работи со предрасуди и претпоставки. Инаку филмов се расправа за една од најголемите човечки доблести, а тоа е лојалноста. Лојалноста и целлта на мисијата која треба да се изврши. Дава поинаков поглед кон исламот и добрата страна во таа религија, и дека таа религија не пропагира бомбаши самоубијци. Да не го раскажувам добро филмче, гледајте го.
 
The story of Benjamin Button

pitt-as-button.preview.jpg


movie-poster-Benjamin-Button.jpg


Интересна љубовна сторија во која глуми Брет Пит... т.е се работа за човек кој се родил како стар т.е бебе но како телото вече да го напуштило... и така разтејчи тој личеше на старец а и живеше во старечки дом бидејчи татко му го остае пред домот откако го виде дека е таков ,,болен,, а пка мајак му умре на породувањето... но со тек на времето тој се повече и повече помладуваше... и така се заљуби во една девојка ...но беја некако мн разлика (на изглед) тој стар а таја дејче а двајцата по 8 години... но тија не се заљубија на изгледот туку во карактерот и душата... но не беја заедно никоаш т.е беја заедно во периодот кога двајцата беја исто годиште... но после тоа не сакаја да бидат вече заедно бидејчи таа тогаш беше стара а тој дете... но љубовта на крајот победи и тој умре како бебе во рацете на старицата т.е неговата љубов...
п.с филмот почиња како во болница една ќерка и го чита дневникот на својата мајка која е смртна постела... и на крајот се дознава уствари дека таа е ќерка на Бенџамин и тоа е вистинатата приказна на нејзината мајка
 
Луѓе дајте некои други филмови. Батон и Миљонер дваесетпати ми ги препорачувате. Јас пак ги имам на десктоп четири месеци и ко за инает ги немам гледано :icon_lol:.
 
Луѓе дајте некои други филмови. Батон и Миљонер дваесетпати ми ги препорачувате. Јас пак ги имам на десктоп четири месеци и ко за инает ги немам гледано :icon_lol:.
Прво гледај го Милионерот. Батон е разочарувачки...
 
Fallen со Дензел Вашингтон. 10/10. Ептен ми се допадна филмов. Феноменален крај. Тоа што е Дензел во главната улога е само уште еден доказ дека филмот вреди.
Дензел игра улога на детектив кој истражува случај во кој е вмешан ѓаволот, кој од човек во човек се пренесува преку допир.

Passengers.
Има ист крај со The Others и The sixth sence, но се разбира дека е некоја класа подолу од нив.
Добар е филмов, ме бендиса, очекував различен крај, па овој пријатно ме изненади.

Deception. Фино трилерче. Дефинитивно го препорачувам.
Are you free tonight?
Му давам 8.5/10. Плус Хју Џекмен е во главната улога, тој ми е срце:back:

The forgotten. На почетокот изгледаше баш како добар, напнат трилер, али не знам што мислеле со крајот. Катастрофа е преблаг збор за крајот.
Луѓето почна да ги вшмукува небото бе!
Стварно не ги сфаќам сценаристите.
Филмот е за жена чиј син е починат. Одеднаш, неа сите ќе почнат да ја убедуваат дека немала син, дека тој дел од животот само си го замислувала, како последица на абортусот пред неколку години
 
A.R.O.G / G.O.R.A. 2 (2008)

Така, многу кежуал филм4е.

AROG-GORA2.jpg
 
100 години немам гледано добар филм, нема ич што да пишам. Изгледав некои солидни филмови како и да е па ај да напишам нешто дури не сум ги заборавил...

Vantage Point (2008)

Дејството се одигрува во 23 минути (толку беа ако не се лажам), се работи за атентат и акцијата за фаќање на сторителите која следува веднаш по него. Убаво замислена приказна од повеќе агли и што е најважно за акционен филм, се се одвива многу брзо и динамично. Добар филм за гледање со пуканки и кока кола без замарање мозок. Има и добра актерска екипа, Dennis Quaid, Forest Whitaker и Matthew Fox алијас Џек Шепард од „Изгубени“... 7/10 е некаде таман за филмов.

"XIII" (2008)

е филм на иста тема како и предходниот. Поточно се работи за мини-серија, има 2 дела а би требало да има уште 2 ама не се знае. Приказната е одлична но глумата е аматерска и се граничи со катастрофа (освен Вал Килмер кој е и единствен саглам актер во филмот). Но и покрај тоа филмот е допадлив и реков има интресна приказна, па може да се изгледа нема да биде изгубено време. 6/10 за овој.

How to Lose Friends & Alienate People (2008)

Не сум љубител на комедии но одвреме - навреме се погодува некој филм кој знае да ме насмее. Ова би го опишал како малку британски хумор во Њујорк. Кој го гледал Hot Fuzz (2007) и му се допаднал треба да го види и ова, истиот актер е во главна улога и тука. Филмот не е на истото ниво ама сепак степенот на изгубеност на главниот актер нема да ве остави без смеење. Добра комедија се на се и од мене 7/10.

Doubt (2008/I)

Филм од кој очекував доста (од оние што ми преостанаа за гледање), и ме разочара најмногу. За филмов Meryl Streep беше номинирана за оскар што е сосема во ред но филмот потфрли. Откако главниот свештеник во една црква и католичко училиште ќе биде осомничен за педофилија, очекував заплет, пресврти и одговори. Но да не расипувам за оние што сакаат да го гледаат, само да кажам дека за мене имаше неочекувано разочарувачки крај после кој испадна и дека доста сцени во филмот беа апсолутно непотребни. Има превисока оцена според мене, не би му дал повеќе од 6/10.
 
ај некој нека даде предлог за филм со Jason Statham...само без transporter и death race....друго може
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom