Изневерени после 5+ години врска, спремни за брак. Што би направиле?

Член од
24 февруари 2012
Мислења
1.012
Поени од реакции
2.154
Прашува некој...за колку време ке го заборавиш?
Зависи од карактерот на личноста...Некои ке ги преболат тие години за неколку месеци а некој долго ке си пати потсетувајки си на убавите моменти...Индивидуално е...
А зошто да не успеам да го заборавам оној кој ми го уништил животот?Ми ветувал бајки а на крај не сум добила ништо...
Да,на почеток ке ми биде тешко но со текот на времето болката ке избледи.
Што ке направам?Зошто да продолжам да го тупам мозокот со некоја гнида која ме изневерила?Треба да правам скандали?Зар е потребно?
Што си надробил тоа ке си го срка...Негов живот негов избор.
Јас ке свртам нов лист...Сама,како знам и умеам без него.Луге се разведуваат и се премажуваат, проблем биле 5те години во врска...
Други мајки имаат убави синови зар не?Кога тогаш ке го најдам оној вистинскиот за мене,кој нема да ме вара и лаже...
 
Член од
13 февруари 2012
Мислења
2.733
Поени од реакции
1.226
Никој не вика дека ќе ви оправдано убивањето или самоубиството. Ама заборавате дека крај - во тој момент не ви се живее. Тотално скршени - и одлепувате. Прашувам кон која страна би одлепиле попрво.
Значи во тој момент не ти се живее.
Аман де со глупи размислувања, што да кажат оние што се тешко болни или слепите или неподвижните или сирачињата?
За неверство не се размислува на убиство или самоубиство, туку се размислува како да вратиш ( иако нема потреба) или пак како да продолжиш понатака одново
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
14.028
Поени од реакции
36.813
Ги читам мислењава и као демек ај нема везе па 5 години многу ли се и се запрашувам кого залажувате бе?

5 години е голем временски период и не може така да се фрли се у вода и да се забораи.
Ќе ти дојде да го/ја треснеш кучката/копилето од земја и нема да згрешиш ако напраиш така !!

Исто така да додадам и дека ваљда многу потешко е на пример да ја почнеш таа врска на 25 години и таа да заврши на 30/31 година е тогаш ќе те стаи малце у тесно и полесно ќе те совлада и бутне у депресија.

п.с Тука не ги рачунам врските кои биле започнати на 15 години и траеле до 18/19 пошо тогаш е доста полесно да се снајдеш и да пребродиш потежок период па затоа и со примерот горе сакав да доловам за што зборев.
 
добро де никој невика дека е лесно и дека не ти иде да ги треснеш од земја или да им скршиш некој заб, ама овде се спомна убиство и самоубиство
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
14.028
Поени од реакции
36.813
добро де никој невика дека е лесно и дека не ти иде да ги треснеш од земја или да им скршиш некој заб, ама овде се спомна убиство и самоубиство
Јас не отидов до тој степен со размислувањето.
Ниедна не е вредна за човек да посегнеш по својот живот а и по нејзиниот пошо после ќе свириш на клавир ама луѓето кога се нервозни и депресивни реагираат различно и можеш да очекуваш се од нив во тој момент.
 
Natural-girl

Morphine
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.462
Поени од реакции
5.246
Ништо, само ќе си дадам период за да проценам дали вреди да живеам или не.

O

Orion.

Гостин
А што можеш да напраиш освен да раскинеш и да бараш друга? Која е поентата на темава?
 
statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.617
А што можеш да напраиш освен да раскинеш и да бараш друга? Која е поентата на темава?
Поентава на темава е да ги филтрирам форумџиите на оние кои знаат што е тоа философија и не се плашат искрено да разговараат за нивните мани и доблести и нивната емоционална нестабилност при екстремни случаеви како овој и оние кои не знаат повеќе од основен нагон за ебење и живеење. Погоди ти во кои спаѓаш.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.830
Поени од реакции
8.854
Да дознаам ваков муабет за дечкото ми, тешко дека ќе направам било што од воведниот пост, посебно околу убивања, самоубивања, тепања, колења ..
Океј, ај што се онадел со друга, се онадел, ама проблемот е што е таа трудна.
Озбилно, преку неверство нема толку тешко да пројдам, колку преку фактот дека треба да ја гледа и понатаму.
И веројатно тука ќе расчистиме, без непотребно драматизирање, лигавење по родители, клеветење по фејсбук, цртање графити и правење магии.
--- надополнето: 7 јуни 2013 во 03:49 ---
Поентава на темава е да ги филтрирам форумџиите на оние кои знаат што е тоа философија и не се плашат искрено да разговараат за нивните мани и доблести и нивната емоционална нестабилност при екстремни случаеви како овој и оние кои не знаат повеќе од основен нагон за ебење и живеење. Погоди ти во кои спаѓаш.
Види, не сум способна никого да сакам повеќе од себе.
Не би правела глупости не затоа што не би била повредена, не затоа што не би ми било гајле, ниту затоа што ми е срам или страв, туку затоа што се сакам себеси доволно за да на прво место ми биде мојата лична среќа.
Ако тој некој ми ја одземал таа среќа, едноставно ќе го избришам од мојот живот. И утре кога нешто ќе му притреба, макар за живот да се работи, нема да му помогнам.

Ова важи за сите, не мора да е партнер. И другарка, и братучетка, и мајка, и баба.
--- надополнето: 7 јуни 2013 во 03:52 ---
Ги читам мислењава и као демек ај нема везе па 5 години многу ли се и се запрашувам кого залажувате бе?

5 години е голем временски период и не може така да се фрли се у вода и да се забораи.
Ќе ти дојде да го/ја треснеш кучката/копилето од земја и нема да згрешиш ако напраиш така !!

Исто така да додадам и дека ваљда многу потешко е на пример да ја почнеш таа врска на 25 години и таа да заврши на 30/31 година е тогаш ќе те стаи малце у тесно и полесно ќе те совлада и бутне у депресија.

п.с Тука не ги рачунам врските кои биле започнати на 15 години и траеле до 18/19 пошо тогаш е доста полесно да се снајдеш и да пребродиш потежок период па затоа и со примерот горе сакав да доловам за што зборев.

Де, де, не се стресувајте како да е крај на светот.
Повеќе боли раскин на пократка врска, која сеуште е во зародиш и сеуште не се спознаени сите маани на партнерот, или сеуште се симпатични тие маани.
После толку години повеќе смета тоа што некоја навика недостасува, но романтичната љубов не трае вечно.
И овие афекти почесто ќе се најдат кај романтична љубов, онаа каде што уште немаат ни доволно доверба еден во друг, него кај љубов каде што се и пријатели, а не генерално љубовници.
 
statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.617
Види, не сум способна никого да сакам повеќе од себе.
You might as well have end your post here.
Ако тој некој ми ја одземал таа среќа, едноставно ќе го избришам од мојот живот.
Едноставно? Толку е едноставно? Не ти смета да си 30 годишна, па ... жена, која треба од ново да брка дечко и да го упознава и сите тие основни перипетии? Не ти смета шо да си го чепкала носот 5 години ќе си била по продуктивна него шо си го трошела времето на некој шо те изневерил?
Толку е едноставно?
Well fuck, I wonder why people fall in love in the first place.
Коа се е толку едноставно..
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.830
Поени од реакции
8.854
You might as well have end your post here.

Едноставно? Толку е едноставно? Не ти смета да си 30 годишна, па ... жена, која треба од ново да брка дечко и да го упознава и сите тие основни перипетии? Не ти смета шо да си го чепкала носот 5 години ќе си била по продуктивна него шо си го трошела времето на некој шо те изневерил?
Толку е едноставно?
Well fuck, I wonder why people fall in love in the first place.
Коа се е толку едноставно..

Па види, не очекуваш сите да ти ги поддржуваме теориите на вечна љубов и да ти аплаудираме, веројатно?
Да, за мене е едноставно.
Затоа што со гнев и лутина нема ништо да постигнам, само ќе си го доунаказам животот.

Назад нема, прошло. Да планирам одмазда, нема.
Нормално дека ќе ми биде тешко, но нема сигурно да посегнам ни по мој, ни по туѓ живот.
Онака, дечко ми не ми единствена причина за живеење, и сите оние, кои своите партнери ги гледаат како причина за живеење - you are doing it wrong.

Партнерот треба да те надополнува, а не да биде центар на твојот свет, и не знам, од него да зависи временската прогноза.
Никогаш не сум сфаќала луѓе кои така гледаат на една врска.

И што ако имам 30? Демек, немажена ќе си останам? Пострашно од брак со погрешна личност, па и деца со истата, тешко, во оваа ситуација ,,на време,, се случило се што морало да се случи.

И на крајот, не чувствувам ,,вина,, што себеси се ставам на прво место. Пред себе можам да ги ставам само децата што некогаш ќе ги имам, не и партнерот.
Секој човек е посебна личност, и нема потреба да зависи од друга.

Никогаш, за минативе 6 години, не сум почувствувала дека дечко ми ми е побитен од мене, или дека без него ќе умрам. Нема. Иако ако некој помисли да го чепне, можам да го бранам до последен здив.
Но ако тој најде начин да ја изневери мојата љубов и доверба, а и времето посветено на него, зошто би правела поголеми драми?

И на крајот, неверството, во ситуација кога не постојат деца и раскинот на врската, не се најстрашното нешто на светот.
 
Не барам ниту поддржувам теорија на вечна љубов - но на вечно поштовање, да.
И не е едноставно за мене за жал. Не е едноставно од егоистична гледна точка да бидам понижен од некој во кој сум внел верба.
Јас, за разлика од тебе иако е само нагаѓање, сум спремен да се отворам кон емоциите малце подлабоко и со тоа да стекнам поштовање, верба и ако хемијата е тука - љубов.

У право си иначе, со лутина ништо не се постигнува. Ама некако да си не лут - не ми е здрав ментален исход на ваква неарна ситуација.
Партнерот треба да те надополнува - баш така. И баш затоа уште повеќе ќе те боли како својата половина те изневерува. Нешо слично ко сопствената рака во која си верувал дека ќе те брани - едноставно да се откаже, или уше полошо - да те задави.

Не терав да чуствуваш вина шо се ставаш на прво место, ама очигелдно имаш мала трунка јадеж за тоа чим ти текна да го спомнеш.

И пак, никаде не реков ниту ќе речам дека партнерот треба да е побитен од тебе - ама еднакво битен, да. Без него дека ќе умреш - нема. But you sure might as well wish to.

Точно, неверството каде нема деца во равенката не е крај на светот. Ама може да е ако дозволиш да биде.
Е сеа, си викаш зошто некој побогу би дозволил неговиот партнер да биде на исто рамниште со него - и би дозволил да биде ранлив кога човечката природа е толку саката шо големи се шансите да страдаш?

Не знам искрено. Само знам дека реално имаш 2 опции:

а) 100% влегуваш во врската, 100% еднаквост меѓу тебе и партнерот, 100% доверба, и 100% зголемена болка ако те изневерат
б) 80% влегуваш во врската, 80% еднаквост меѓу тебе и партнерот, 80% доверба, значитечно намалена болка ако те изневерат, ама 20% константен сомнеж и резерва што придонесува кон погрешни размислувања и акции директно афектирајки ја врската и нејзината стабилност (читај: кавги)

Така да, ова е технички прашањево шо е “одоздола“ и не беше поставено во воведниот пост но сепак од одговорите на тоа прашање се добиваа резултатите за ова.
 
Има разлика од афект до 2 месеци после раскин на врската.
Секој е лут и повреден во моментот, па макар 1 недела да си во врска, а не 5 години.
Но колку си ти човечко суштество, зависи токму од тоа како ќе изреагираш во таа афективна состојба.
Нормално е да викаш, да плачеш, да скршиш нешто, но не е нормално да го удриш тој што те изневерил, не е нормално да го убиеш, уште е помалку нормално сам себе да се убиеш.

Сопствената рака нема да те задави, освен ако немаш сериозни психички проблеми.
Другите луѓе ќе те повредат, затоа што не можеш да очекуваш од никого 100 процентна искреност и посветеност. Ниту од родителите, а не па од партнерот.
Затоа ако веќе партнерот го сметаш за рака, нека биде левата. Десната си ти.

Што се однесува до мојата ,,вина,, и ,,јадеж,, го спомнав тоа само затоа што твојот прв цитат кон мене беше токму наменет на тој дел од мојот пост.
Тоа што себеси се ставам на прво место, не значи дека сум неспособна да сакам или да почитувам некого.
Значи дека сум свесна дека ако јас сум несреќна, нема да можам да усреќам никого. А ако е некој среќен како исход на мојата несреќа, не ни заслужува да ме има во животот. Пример, еве некој банален - дечко ми не сака да излезам со другарките, ми се качува на глава. На крајот јас не излегувам, несреќна сум, а тој ликува оти ,,победил,, и си ,,го добил своето,. Со таков човек немам што да барам.

Што се однесува на тие 80, 100, или 102,5 посто сомнежи, мојот ,,рецепт,, е - не се замарај.
Не можеш да го предвидиш однесувањето на луѓето, а посебно не можеш да предвидиш деликатна состојба како што е љубовта.
Не можеш да знаеш дали некого ќе сакаш за 10 години од сега. Тоа се лажеме сите ние, само со цел да се увериме дека засекогаш ќе имаме на кого да се потпреме и дека не сме сами.
Но никој не може да знае уште колку долго некого ќе сака.

Искрено ти кажувам, ниту го проверувам дечко ми, пола од времето кога не е со мене не знам каде е, ниту тој мене ме проверува, ниту па некогаш сме си дале до знаење дека еден без друг ќе умреме.
Нема да умреме. Можеме да се разочараме, лутиме, дупнеме некој ѕид или скршиме некоја слика, ама не би кренале рака еден на друг.
И кавгите дури ми фалат понекогаш, па намерно и свесно ги создавам, чисто да не заборавиме дека не ни се исти сите мислења :) :notworthy:
Искрено, во моментов пред мене да го видам, не би пробала физички да се пресметам со него :)

Не може никој да биде еднакво битен. Не ми е еднакво битен. Побитен ми е од сите другарки, другари, колеги, но не и од сама себе.
Ако моето и неговото се ускладуваат, ќе биде. Ако не, јас моето, он неговото. Компромисот во ваква ситуација е замачкување на конфликт.
 
аллександар

Вечно ненаспан
Член од
5 мај 2006
Мислења
7.381
Поени од реакции
2.522
о боже која психологија у привов пост.. дали би го убиле или би ја убиле ... или сами би се убиле... -ДА! СИГУРНО!!!

луѓе идат и по 10 години па раскинуваат и никому ништо - не викам дека 5 години се малце, далеку од тоа ама мора да се ајде начин да се продолжи - за секое лонче има и капаче...
 
zee German

mpkfa
Член од
12 август 2009
Мислења
6.441
Поени од реакции
6.096
Читам неколкумина кои според нив ќе и раскинат, ко ништо да не било, ќе уплатат лото, ќе фатат и на хаваите до крајот на животот со најаките пички од целиов свет... камо да беше така едноставно.
Еве оставете ги другите што ќе зборват за вас, што ќе покажуваат со прст на вас во смисол идиотов одеше со курва шо се ебеше зад негов грб, оставете тоа настрана,речете си ме болит курот за средината и малограѓанштината...но тука се вашите 5 години градење на кула од карти кои вашата мачка ги турнала, 5 години во неповрат. Во тие 5 години вие толку сте вложиле во врската шо најверојатно довело до губење на некои пријатели, губење на контакт со други. А со останатите што? Во тие 5 години сигурно сте ги одебале за некое излегвење за да и удоволите нејзе и сега, кај сте друштво да бркаме пички заедно...камо да беше така, да ќе излезиш надвор и да ја најш новата совршена девојка...

Од друга страна во секој случај си лузер, лузер кој во афект било да ја удрил неа/швалерот или не, лузер кој на како и било начин и се одмаздил а за возврат си добил една мала лична сатисфакција која во поглед на тоа шо си го загубил е една мала точка.Лузер кој можит да мислит дека после 1 недела,месец се ќе бидит во ред, а уствари се залажвит самиот себе си.

Иначе како јас би изреагирал неможам да претпоставам, но знам дека доколку би немал подршка(support) било од пријател,близок роднина, или родители,незнам како би ја носел на плешти партијата наречена живот поделен на два периоди,пред раскинвењето и после него.
--- надополнето: 7 јуни 2013 во 05:05 ---
о боже која психологија у привов пост.. дали би го убиле или би ја убиле ... или сами би се убиле... -ДА! СИГУРНО!!!

луѓе идат и по 10 години па раскинуваат и никому ништо - не викам дека 5 години се малце, далеку од тоа ама мора да се ајде начин да се продолжи - за секое лонче има и капаче...

А имат и луѓе кои по 2 годишна врска се самоубиваат. Имат луѓе шо возат точак а имат и шо возат мотор... незнам шо е толку тешко кога веќе пишите пост, бар да продискутирате малце со давање на одговор на зададеното прашање.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom