Не барам ниту поддржувам теорија на вечна љубов - но на вечно поштовање, да.
И не е едноставно за мене за жал. Не е едноставно од егоистична гледна точка да бидам понижен од некој во кој сум внел верба.
Јас, за разлика од тебе иако е само нагаѓање, сум спремен да се отворам кон емоциите малце подлабоко и со тоа да стекнам поштовање, верба и ако хемијата е тука - љубов.
У право си иначе, со лутина ништо не се постигнува. Ама некако да си не лут - не ми е здрав ментален исход на ваква неарна ситуација.
Партнерот треба да те надополнува - баш така. И баш затоа уште повеќе ќе те боли како својата половина те изневерува. Нешо слично ко сопствената рака во која си верувал дека ќе те брани - едноставно да се откаже, или уше полошо - да те задави.
Не терав да чуствуваш вина шо се ставаш на прво место, ама очигелдно имаш мала трунка јадеж за тоа чим ти текна да го спомнеш.
И пак, никаде не реков ниту ќе речам дека партнерот треба да е побитен од тебе - ама еднакво битен, да. Без него дека ќе умреш - нема. But you sure might as well wish to.
Точно, неверството каде нема деца во равенката не е крај на светот. Ама може да е ако дозволиш да биде.
Е сеа, си викаш зошто некој побогу би дозволил неговиот партнер да биде на исто рамниште со него - и би дозволил да биде ранлив кога човечката природа е толку саката шо големи се шансите да страдаш?
Не знам искрено. Само знам дека реално имаш 2 опции:
а) 100% влегуваш во врската, 100% еднаквост меѓу тебе и партнерот, 100% доверба, и 100% зголемена болка ако те изневерат
б) 80% влегуваш во врската, 80% еднаквост меѓу тебе и партнерот, 80% доверба, значитечно намалена болка ако те изневерат, ама 20% константен сомнеж и резерва што придонесува кон погрешни размислувања и акции директно афектирајки ја врската и нејзината стабилност (читај: кавги)
Така да, ова е технички прашањево шо е “одоздола“ и не беше поставено во воведниот пост но сепак од одговорите на тоа прашање се добиваа резултатите за ова.
Има разлика од афект до 2 месеци после раскин на врската.
Секој е лут и повреден во моментот, па макар 1 недела да си во врска, а не 5 години.
Но колку си ти човечко суштество, зависи токму од тоа како ќе изреагираш во таа афективна состојба.
Нормално е да викаш, да плачеш, да скршиш нешто, но не е нормално да го удриш тој што те изневерил, не е нормално да го убиеш, уште е помалку нормално сам себе да се убиеш.
Сопствената рака нема да те задави, освен ако немаш сериозни психички проблеми.
Другите луѓе ќе те повредат, затоа што не можеш да очекуваш од никого 100 процентна искреност и посветеност. Ниту од родителите, а не па од партнерот.
Затоа ако веќе партнерот го сметаш за рака, нека биде левата. Десната си ти.
Што се однесува до мојата ,,вина,, и ,,јадеж,, го спомнав тоа само затоа што твојот прв цитат кон мене беше токму наменет на тој дел од мојот пост.
Тоа што себеси се ставам на прво место, не значи дека сум неспособна да сакам или да почитувам некого.
Значи дека сум свесна дека ако јас сум несреќна, нема да можам да усреќам никого. А ако е некој среќен како исход на мојата несреќа, не ни заслужува да ме има во животот. Пример, еве некој банален - дечко ми не сака да излезам со другарките, ми се качува на глава. На крајот јас не излегувам, несреќна сум, а тој ликува оти ,,победил,, и си ,,го добил своето,. Со таков човек немам што да барам.
Што се однесува на тие 80, 100, или 102,5 посто сомнежи, мојот ,,рецепт,, е - не се замарај.
Не можеш да го предвидиш однесувањето на луѓето, а посебно не можеш да предвидиш деликатна состојба како што е љубовта.
Не можеш да знаеш дали некого ќе сакаш за 10 години од сега. Тоа се лажеме сите ние, само со цел да се увериме дека засекогаш ќе имаме на кого да се потпреме и дека не сме сами.
Но никој не може да знае уште колку долго некого ќе сака.
Искрено ти кажувам, ниту го проверувам дечко ми, пола од времето кога не е со мене не знам каде е, ниту тој мене ме проверува, ниту па некогаш сме си дале до знаење дека еден без друг ќе умреме.
Нема да умреме. Можеме да се разочараме, лутиме, дупнеме некој ѕид или скршиме некоја слика, ама не би кренале рака еден на друг.
И кавгите дури ми фалат понекогаш, па намерно и свесно ги создавам, чисто да не заборавиме дека не ни се исти сите мислења
Искрено, во моментов пред мене да го видам, не би пробала физички да се пресметам со него
Не може никој да биде еднакво битен. Не ми е еднакво битен. Побитен ми е од сите другарки, другари, колеги, но не и од сама себе.
Ако моето и неговото се ускладуваат, ќе биде. Ако не, јас моето, он неговото. Компромисот во ваква ситуација е замачкување на конфликт.