Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата tha CaspeR
  • Време на започнување Време на започнување
Го гледаше некој To the wonder, новиот филм на Теренс Малик? Јас само што го гледав, филмот 90% сличен со „Tree of Life". Скоро ич дијалози, само по некој збор од главните улоги, визуелна перфекција до највисоко ниво, музика феноменална. Скриени пораки во целиот филм, премногу. За љубовта, за животот, за верувањето во Бога. Би го оценил 7/10 само поради тоа што ми недостасуваше говор, додека Дрвото сум го оценил 8/10 но бидејќи имаше доста подобра приказна. Го препорачувам сепак да се ѕирне секој што е вљубеник во уметничката кинематографија.
 
Малик е еден од оние режисери кои посебно ги ценам. Не прави филм за маса, туку затоа што смета дека треба нешто да каже. Јас лично секогаш ги доживувам и преживувам неговите филмови. За мене се прекрасни.
 
Bleeder го има некој гледано? Ептен ми се допадна Drive со Рајан Гозлинг, чекајќи го и новиот Only God Forgives, па чепкав малце во архивата на овој режисер. Овој Bleeder е дански филм со Медс Микелсен, па баш би сакал да слушнам некое мислење, чудно ми делува по трејлерот но би сакал да го изгледам. :)
 
Случајно го видов на Арена па ќе го постирам може има некој што го нема гледано, еден од моите омилени трилери

Fracture.720p.BluRay.x264-HUBRIS
 
Случајно го видов на Арена па ќе го постирам може има некој што го нема гледано, еден од моите омилени трилери

Fracture.720p.BluRay.x264-HUBRIS
Ако е оној со Рајан Гослинг и Ентони Хопкинс, го имам гледано и го имам оценето со 7 мислам. Не ми е за повеќе. :)
 
18 again
Со ваква тематика има повеќе филмови и сите се добри и воопшто не треба да се запрашаш дали е добар филм кога е крај на 80 и почеток на 90 :) Роденденската желба на 81 годишен дедо ќе биде да има повторно 18. Со некој чуден сплет на околности ќе се оствари неговата желба. Животот на неговиот внук воопштно не е онаков каков што го замислил тој плус ќе дознае каде се згрешил. Мислам дека најглавната порака на филмов е внимавајте што посакувате и секако слушајте ги и туѓите мислења не бидете егоисти. 8/10
 
Не сум го гледал Клауд Атлас, го гледав сега The Call ама како тргнала Хали Бери со филмовиве на оскари може само да се појави како оваа година кога ќе се одбележува годишнина на Бонд
 
Теман ќе се жалев шо уште нема превод за The Place Beyond the Pines, а вчера сакав да го гледам, денес искочил. Ќе го ѕирнам касното.

Инаку, океј е Side Effects, од драма се распакува во жустар трилер и ви се допаѓа, но само неколку минути после крајот, сфаќате дека е малку клише и ништо онака.

6, максимум 7.
 
tRm2OlT.jpg
 
The Place Beyond the Pines

220px-The_Place_Beyond_the_Pines_Poster.jpg


Во темава секогaш пишувам кога ептен ќе ме импресионира некој филм. Вчера случајно го пуштив новиот филм со Рајан Гозлинг (го пуштив само поради него, типот ми е еден од најдобрите глумци моментално), а додатно се заинтересирав кога видов дека е истиот режисер од филмот Blue Valentine, уште еден филм што ептен ми се допадна.

---



Филмот е генијален, ме остави без зборови на крајот. Доста уметнички направен, и предобри локации, како што кажува насловот филмот е сместен во место позади боровите. Одлично. Огромна препорака до сите филмаџии.(y)



Како прво, пријавив мислење ради спојлери, се надевам не си му уништил никому филмот, ама не е ова лектира па раскажување до детали, поготово кога високата оцена на филмот ја базираш баш ради приказната. Второ посакував да ја прочитам рецензијата порано, најмногу ради спојлерите и да не го гледав, помалку колку за да дознаам дека режисерот е истиот од Blue Valentine, и, пак, да не го гледав. Незнам зошто олку беспредметен хајп околу филмот ама не вреди ниту за една 4-ка.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom