trajcetomitrov
Кога почнував да вежбам на темава имаше околу 500 страни,и сите ги прочитав.Го прочитав и скоро цел форум на херкулес.
Сакам да алудирам на тоа дека и ти треба да почнеш да ја читаш темава од почеток,и ќе најдеш многу добри постови од искусни луѓе што даваат совети за тренинг програми,исхрана и суплементација.
Основата на качување маса кај почетник е не многу време поминато во теретана,значи не повеќе од 3-4 пати неделно. Треба повеќе одмор во неделата и добро средена исхрана.
Јас мислам дека ова ти е многу тренинзи неделно со само 1 ден одмор,за качување на маса.Значи направи си програма за да одиш 4 пати неделно во теретана.
Јас кога бев на маса одев 3-4 пати неделно зависно од тоа колку време имав.Вежбав гради со трицепс во понеделник,вторник вежбав грб со бицепс,среда одмор,четврток рамо со нозе.После тоа ги одделив мускулните групи и изгледаше вака-Пон-Гради,Вторник-Грб,Среда-одмор,Четврток Раце,Сабота нозе и рамо.
За 4 месеци качив 6-7 кила со вакво вежбање.
За гради,грб и рамо правев 4х4 10-10-8-6,за раце правев 3х4 за бицепс,3х4 за трицепс,а нозете ги кинев со големи тежини.Правев чучањ 4,преса 4,шут 4 и задна ложа 4.Листови вежбав 2 вежби со повеќе повторувања.
И никогаш не ги заборавај трите најдобри вежби-чучањ,мртво дигање и бенч прес.