Сите модерни котли на цврсто гориво се опремени со вентилатор, мислам за увозните, а кај нас само по некој.
Природната промајата во оџакот се постинува со тоа што долниот дел на оџакот е загреан на повисока од колку горниот и таа разлика создава промаја.
Но кога рано на сабајле ја палиме печката не постои таа разлика на температури и затоа може да се јави чадење додека оџакот не се загрее ( „ не повлече “ )
И во процесот на соогорување се јавуваат три различни фази и во секоја од нив е потребна различна количина на воздух и на различно место во ложиштето, за ова @ мкд владе, презетираше повеќе експерименти.
Еве што вели Википедија за фазите на согорување:
http://en.wikipedia.org/wiki/Combustion
“Чинот на согорување се состои од три релативно различни фази, кои се преклопуваат :
Фаза на загреевање, кога незапаленото гориво се загрева до својата точка на палење а потоа до точката на горење Запаливи гасови почнуваат да испаруваат во процес сличен на сува дестилација.
Фаза на дестилација или гасовити фаза, кога испарените запаливи гасови се соединуваат со кислородот - горат. При тоа се произведува енергија во форма на топлина и светлина. Пламените јазици се често видливи. Топлината од согорување на горивото го одржува испарувањето на запаливи пареи.
Јаглена фаза или цврста фаза, кога производството на запаливи гасови од материјалот е премногу ниско за да има постојано присуство на пламен и јагленисано гориво не гори брзо и едноставно свети, а подоцна само тлее.“
Затоа е подобро да не се потпираме на природната промаја на оџакот, туку промајата да ја одржуваме со вентилатор