мкд владе
arch-enemy
- Член од
- 21 ноември 2009
- Мислења
- 23.866
- Поени од реакции
- 31.359
Не, севкупно е околу 130 квадрати +-2.
А за котел...... Се обидувам да го избегнам затоа што ќе треба да правам нов оџак кој ќе биде гол(ќе никнува од гола плоча) и ќе биде висок едно 4 до 5 метри.
Sent from my HTC EVO 3D X515m using Tapatalk 4 Beta
За толкава квадратура искрено незнам тие модели какви се што се, ама повеќе ми личат према моделот за до кај 60 -70 квадрати. Направи споредба спрема ложиштето на дипломатот и на овие и ке ти стани јасно за што зборувам. Инаку за оџакот, секако за таа квадратура и самите камини имаат поголем дијаметар на излезот за бориите отколку помалите.
Кај нас е стандард 120 мм а овие мислам дека беа над 150мм повеке на кај 180мм. Што значи и дека самиот производител пресметал дека 120 мм е премалце за толкава снага. Сега нормално има редуктори каде од пропишаниот дијаметар се намалува на 120 но со тоа се намалува и снагата( пробај да трчаш со гасмаска), така да тоа и не е некое решение.
Друга работа. Колку ти е внатрешниот дијаметар на оџакот.
Ако ти е за 15% проценти поширок од излезот на каминот тогаш не би требало да имаш проблеми секако доколку и другите параметри со оџакот се во ред. Еден од побитните е да имаш вертикален столб од минимум 4 метри, значи почнувајки од излезот на каминот до врвот на оџакот да има минимум 4 метри, и врвот на оџакот да е барем едно метро повисок од било што во радиус од 3 метри( во случајот сртот на куќата ). Максимум да има две кривулиња на бориите( ќумците).Друга битна работа што кај нас никој не ја зема во предвид е што на тој оџак да нема приклучено и други грејни тела пошто ке се изгуби вакумот и нема да ти влечи како што треба, а ако не влечи ке ти прави проблеми како на пример ке ти враќа, ке ти кондензира и ке се лепи гареж од недобро согорување. И да не смее да биди поширок 3 пати од излезот на каминот. Значи ако излезот на каминот е 120 мм тогаш идеално за оџакот е да биди широк 150 мм но не повеќе од 360мм, затоа што не поширок туку пожежок оџак влечи повеке. Така да види прво оџакот како е што е, па према него направи математика што можеш а што неможеш да направиш.
,а другиот принцип е разликата на притисоци.колку е горниот отвор повисоко,толку таму атмосферскиот притисок е помал,а кај котелот е поголем,па природно се јавува промаја.
.