white_eagle
: : stuck in void : :
- Член од
- 21 јануари 2008
- Мислења
- 953
- Поени од реакции
- 716
Татко ми има скоро 60, јас имам 20. Човекот не изгледа за толку стар на лик. Кога би ти пишал на форум значи би го нарекол дедо, а кога би го видел лично сигурно не би затоа што не изгледа толку стар. Јас не верувам дека би го навредило тоа или би му ја намалило вредноста како човек, ама сепак дали мислиш дека тоа е малку лицемерно?Дедо Анчо е човек од скоро 60 години, кој секогаш ни кажува работи како биле во минатото. На пр, во темата за земјотреси човекот убаво си објасни како-што се случувало во 1963. Додавањето на „дедо“ пред никот е изразување на почит кон членот - неговата возраст и искуството. Навредливо е да наречеш „дедо“ некому? Јас постарите комшивки ги поздравувам со баба Славка, баба Перса, дедо Саве, и истите тие секогаш ме поздравувале со насмевка.
Од друга страна, споредбата ти е дебилна работа, бидејќи нарекување на претпоставен или професор со „дедо“ е смешно, од проста причина што станува збор на формални односи, додека на форумов односите се чисто (не)пријателски.
Мене ме нервира кога некој се прави паметен на темите на форумов, па наместо да си најде некоја попаметна занимација, врши психолошки тестови на профили на членови, или пак ископува теми постари од 2006 година.
Јас мислам не доликува да се нарекува дедо или баба личност што не се познава доволно добро никој ниту на улица ниту во било кое социјално опкружување, без разлика колку се постари од тебе. Многу повеќе доликува чичко, стрико или тетка, стрина кога веќе користиш атрибути што се користат во фамилијарно опкружување, ако веќе ти е премногу господине или госпоѓо.
пс. Истиот тој професор што не ти предава и не го познаваш, ама знаеш дека е професор на пример на некој факултет, да го сретнеш на улица би му рекол дедо?