Голем Интер, голем натпревар
После победата Lazio - Inter 0:3, во кои нашите играчи со сјајна представа дојдоа до уверлива победа играчите ги дадоа следниве изјави:
Jose Mourinho: “Не е вистина дека Интер е непобедлив. Никогаш не е лесно да се победи, дури и кога играчите очигледно се појаки од противничките. Сакам да им честитам на сите играчи, па и на тие кој не играа: прекрасно е чувството да ги тренираш затоа што имаат страшна желба за победа. се уште сме далеку од крајот на првенството, но можам да кажам дека ја имам вистинската екипа која може да победи во оваа сезона. фудбалот е тактички , но исто така и хумана , психичка и емотивна игра. Забивме во првата минута? Тоа е последица на екипа која излегува на терен без никаков страв, а тоа е многу битно” - така го започна пресот Мурињо, во продолжение додаде - “Работиме на различни цели. Моментално играме пресинг каков што мене ми се допаѓа, а за тоа треба да и се заблагодариме на одбраната која не се поставува млитаво. Играат дури и во средината на теренот, ги ломаат главните креатори на противничките екипи, денеска таков пример беше Ледесма. Во Лигата на Шампиони посакувам еден јак противник во 1/8 финалето, каде што може да дојде еден вистински притисок. групата навистина небеше тешка, а после победата во Атина скроз се опуштивме, а тоа е моја грешка.” После тоа Мурињо ги анализираше играчите поединечно, а тоа ретко го прави: “Cambiasso? Ме потсетува на Редондо, односно на играч кој мисли брзо, знае се за фудбалот, ги гура соиграчите во пресинг, им помага на одбраната. Cambiasso е еден многу интелигентен фудбалер. После тоа, тука се Zanetti i Muntari, играчи кој имаат глава, нозе и квалитет: знаат да ги блокираат противничките крила. Zanetti беше одличен на Коларов. Во целина, екипата е избалансирана...пуштетеме да си одам дома, морам и јас да останам избалансиран, несакам да бидам есенски првак, туку првак на крајот од сезоната.” *За најжешката тема овие денови околу Балотели изјави: “многу сум задоволен од начинот на кој одговори. Не само поради двата гола, туку поради начинот на пристап кон натпреварот. Поради тоа заслужува враќање во првата екипа, а ќе биде во составот во Бремен за Вторник. Круз доби повреда во мускулот, па така Марио има прилика да се врати на нашиот заеднички пат.” Заклучокот му беше самото случување на теренот: “Јасно беше дека после раното водство топката ја оставивме на Лацио, тие бараа пресварт. Губевме премногу топки во средината, неја контролиравме играта. но го постигнавме и вториот гол, што нас ни овозможи во второто полувреме да играме спектакуларно, да го контролираме натпреварот, како што ние знаеме. Сега е многу важно да победиме и во Недела против Киево.”
Javier Zanetti: “Голем Интер, голема утакмица” - така започна насмеаниот капитен, видно расположен од прикажаното на теренот - “сите бевме одлични, затоа што не е лесно да го добиеш на нивно тло. Брзиот гол на Самуел многу доприносе за нашата победа, но и сите ние игравме со голем карактер. Лацио е многу опасна екипа, кога игра на контра напади, но ние знаевме да ја контролираме утакмицата, само така може да се победи. Секогаш бевме збиени, концентрирани, не остававме простор за да ни побегнаат нивните напаѓачи.”
Maicon: “Tри многу важни бода, за кој многу работевме цела недела. Сите екипи ја знаат нашата сила, се обидуваат да не добијаат, не моментално на никој не му поаѓа од рака. Против Лацио игравме одлично и поново го добивме натпреварот. Први сме во првенството и во групата од Лигата на Шампиони. Знам дека треба да бидеме сконцентрирани на секој натпревар: Мурињо нас тоа секогаш ни го повторува, а ние мораме да работиме тоа што тој ќе го каже. Фантастичен тренер добивме и со нами работи одлично.”
Zlatan Ibrahimović: “Задоволен сум од голот, но многу повеќе од играта на екипата. Го направивме тоа што го спремавме. Јас погодив без многу вистински прилики, а некогаш е обратно имам многу прилики но не успевам да постигнам гол. Но влеговме на теренот со подигнати глави, со карактер, снага и квалитет , а најважното е дека екипата беше одлична. Сега мораме до Божиќ да продолжиме на ист начин.” Коментар на прекрасниот потег во 28 минута: “Maicon ми додаде незгодна топка , превисока . Пробав , и на крај се претвори во убава асистенција.” Асистенција која предизвика огромен аплауз од противничките навивачи.
Dejan Stanković: “Како што реков во текот на неделата , имам задачи на кој треба да се сконцентрирам во текот на целиот натпревар. Сакам да и помогнам на екипата, а вечерва сум задоволен од начинот како се движев со топката во нозе, а неколку пати си создадов и прилика да пробам да шутирам на противничкиот гол. Им честитам на сите, моментално го завршивме мини циклусот на важни победи со екипи од самиот врв на табелата.”
Esteban Cambiasso: “Мурињо ми напомена дека подсетувам на Редондо? Тоа го сметам како пофалба, затоа што доаѓа од човек со кој секој ден поминувам одредено време. Фернандо Редондо е мојот идол, затоа што одраснавме во ист кварт. Го гледав кога бев помал. А после заедно трениравме во Реал Мадрид. Секогаш ми беше човек на кој можев да се потпрам за сите мои проблеми.” потоа Камбиасо се осврнаа на натпреварот: “Жал мие за повредата на Cruz, се надевам дека е минорна. Натпреварот го одигравме прекрасно. Го надигравме противникот и сега ни изгледа победата како прелесна. Сите натпревари се тешки, дури и тогаш кога се оди лесно како вечерва. . . Притоа успеавме да погодиме три пати а создадовме и понекоја шанса за гол.”
Julio Cruz: “Одигравме одлично, заслужено победивме . Ми заболе мускулот . Не знам, се надевам дека не е нешто озбилно, но треба да се виде овие денови со луѓето од медицинскиот персонал.”
Walter Samuel: “Да, постигнав гол многу рано, што сигурно влијаеше на целиот натпревар, а ги потресе фудбалерите на Лацио. Што да ви кажам? Пресреќен сум поради погодокот , но важно е дека екипата беше прекрасна и дека нашата работа се гледа од натпревар во натпревар. Не смееме да се опуштаме првенството е долго, само треба во ваков стил да продолжиме до крајот.”
превод: Думан