Книгата прва ја прочитав, почнав со втората, ама мислев дека глупо ќе ми биде се да прочитам па после да гледам на ТВ. Овака поинтересно ми е, на ТВ, кога ќе заврши сезоната ќе ја прочитам книгата, да видам што има внатре.
А инаку прочитав дека за серијата намерно ги менувале имињата на ликовите, за полесно да ги запамтат гледачите.
Да се присетиме дека покрај ние, серијава ја гледаат американци кои се прилично нискоинтелигентна нација и тешко разбираат овака, а не па дополнителни информации. Некаде прочитав дека ја одбегнувале серијава бидејќи имала премногу ликови.
Втора работа.
Фреј+Болтон+Ланистер+Тајрел+кралските поданици во кингс лендинг, ја мислам Ланистерите перфектно го одиграа овоа.
Единствен противник им останува Станис Баратеон, кој нема армија скоро ич, и Грејџој кои лесно можат да ги скротат. Грејџој има ситна армија, многу поголема флота, ама не се доволни моќни за да направат нешто посебно.
Од другите фамилии, Мартел уште ги нема никаде, неутрални се. Ако ви текнува Тирион ја прати Мирсела да се омажи за нивниот принц, најверојатно ќе ја завземат страната на Ланистер они.
Арин, Литлфингер ќе се земе со Лиса Арин и ќе владее во име на Ланистерите, засеа и тие се водат како неутрални.
Тули, Едмур се зема со ќерката на Валдер Фреј, можно е ако му понудат нешто добро, да оди заедно со Ланистерите, ако не дечкото е заглавен кај Фреј, може да стане затвореник и да му летне главата, и него и на чичко му Blackfish.
Најверојатно ќе ја чекаме Калиси да си дојде од Америките