Сакам да прашам дали има некој што зел пред месец или два Старт пакет односно најевтината опција?Ме интересира дали со новите договори ги даваат истите ресивери како на почеток на кои не можеш да снимаш програма преку USB или даваат други кои ја имаат таа можност.Јас имам земено пред 3 години Topfield од првите на кои нема можност за снимање преку USB.Сега гледам дека имаат некои помали ресивери на кои може да се снима програмата но во салон ми кажаа дека нив ги даваат само ако се земе дополнителен пакет за HD канали а тоа мене воопшто не ме интересира затоа што дома уште сум на обичен телевизор и немам намера да го менувам сега за сега.