Може ли Македонија да ги врати воопшто кредитите што ги зема?

fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Друга е поентата нема врска ни со дефицитит ни си буџетот. Некој членови само објавуваат текстови кога владата се задолжува а кога се раздолжува ништо не пишуваат. Затоа му реплицирав на сметководитлот за задолжвање Mr No. Според кој само што не сме банкротирале. Кога Mr No го читаш се добива впечаток дека владатата цело време позајмува пари а ништо не враќа.

да не беше ти немаше да знам:D
Извини ти колко начина на финансиране на буджетскиот дефицит знаеш? Записите и надворешното задолжуване са едни от методите за фитансирането му.
Ако гледаш секи месец-нормално да има задолжуване и раздолжуване, но кога земеш на поширока база- например година, две, три.... тогава се гледа. Уште повеке нема како ти да имаш буджетски дефицит и да не се задолжуваш.
Да, можеш да издржиш една,две децении со дефицит 2-3%, но ке ти стаса да си плакjaш заемите после тоа.
 
Член од
5 ноември 2012
Мислења
2.807
Поени од реакции
6.248
..треба малку корекција околу оие бројки.кога владата соопштува дека издала хартии од вредност(зела кредит) секогаш се кажува колку од тие пари одма се враќаат на име на постари долгови.некогаш тоа изнесува и повеќе од 90% од новоземениот кредит.
така ако се собираат заемите,треба да се минусираат од враќањата на старите долгови.
неможи само плусовите да се земаат во обзир,а минусите да се игнорираат
...Дека освен државата што се задолжува истовремено и се раздолжува..
..Некој членови само објавуваат текстови кога владата се задолжува а кога се раздолжува ништо не пишуваат...
Така е, еве се корегирам....

Вчера задолжување, денес раздолжување....
Државата бараше околу 100 милиони евра, а се задолжи за речиси 140 милиони евра. Станува збор за две аукции на записи, една аукција на петгодишна обврзница и една на тригодишна. Владата во реалниот сектор треба да врати 100.6 милиони евра. Последните расположливи податоци од министерството за финансии покажуваат дека во првиот месец од годинава продолжил трендот на задолжување на Владата. Јавниот долг заклучно со февруари сочинува 33.3 проценти од бруто домашниот производ. Минатата година Македонија заврши со долг од 32 проценти од БДП. За само два месеци вкупниот долг на централната влада има пораст од над 170 милиони евра...

Се задолжиле 140, се раздолжиле 100.
Се раздолжуваме .......упм...

...што значи дека на нето основа, задолжувањето ќе се намали за 13 милиони евра.
Абе Лавче озбилно, стврно мислите дека задолжувањата во државата се намалуваат ???

..треба малку корекција околу оие бројки.кога владата соопштува дека издала хартии од вредност(зела кредит) секогаш се кажува колку од тие пари одма се враќаат на име на постари долгови.некогаш тоа изнесува и повеќе од 90% од новоземениот кредит...
Ај така да биде...Што правиме со тие 10% што остануваат од твојата математика?
Или тоа не е задолжување?
 
Член од
10 мај 2009
Мислења
827
Поени од реакции
541
Стандард и Пурс го намали кредитниот рејтинг на Македонија

Агенцијата за кредитен рејтинг „Стандард и Пурс“ го намали долгорочниот кредитен рејтинг на Македонија од „ББ“ на „ББ-“.........

....Експресна и жестока реакција на извештајот на „Стандард и Пурс“ стаса од Минстерството за финасии.

Имаат сериозни забелешки за квалитетот на анализата, точноста на податоците и наведените причини за намалување на кредитниот рејтинг.

Агенцијата со својот извештај неоправдано ја става Македонија во ист кош со земји кои имаат над 60% државен долг.

„Агенцијата со својот извештај си дозволува и да се меша во внатрешната политика на земјата зборувајќи за случувањата во Собранието околу носењето на Буџетот за 2013 година и сосема несоодветно зазема страна споменувајќи дека „членови на опозицијата биле отстранети од Собранието за да се избегне дискусија за зголемените расходи на владата. На тој начин се прејудицираат случувањата од 24 декември кои се предмет на испитување на Анкетната комисија, а агенцијата грубо се меша во внатрешната политика на земјата“, реагираат од Министерството за финансии.

http://24vesti.mk/standard-i-purs-go-namali-kreditniot-rejting-na-makedonija
 
Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.094
Поени од реакции
11.502
Очекувам коментар од @Лавот во стил:
„абе врска немате, на Словенија за две единици го намалија, на Грција за пет. Треба да сте среќни што имаме најмало намалување на кредитен рејтинг во светот и регионот, па и пошироко. Ова намалување е солиден знак дека позитивна рецесија продолжува во Македонија, треба да бидете позитивни за овој успех на владината коалиција.“
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.331
Поени од реакции
15.592
Агенцијата со својот извештај неоправдано ја става Македонија во ист кош со земји кои имаат над 60% државен долг.
Треба сериозно да се запрашаме зашто и покрај тоа што немаме 60% јавен долг не вметнуваат во таа група...
 
Член од
19 август 2007
Мислења
941
Поени од реакции
302
Треба сериозно да се запрашаме зашто и покрај тоа што немаме 60% јавен долг не вметнуваат во таа група...
Вметнати сме во таа група бидејќи не е битен процентот на јавниот долг, туку е битно колку тој јавен долг може да се сервисира.

Ако ми позајмиш 100 евра и видиш дека со тие пари јас сум купил точак со приколка и сега роварам низ градот собирајќи стара хартија, знаеш дека ќе можам да ти ги враќам парите и имам добар кредитен рејтинг. Ризикот да ми позајмиш уште пари е мал.

Ако ми позајмиш 100 евра и видиш дека истата ноќ сум завршил во кафана и сите пари одат на мезе, ракија и во градникот на певаљката, тогаш знаеш дека нема да видиш ни П од ПАРИ и имам лош кредитен рејтинг.
 
Член од
10 мај 2009
Мислења
827
Поени од реакции
541
Јавниот долг драматично расте

Загрижувачки показатели во водењето на економијата на власта- јавниот долг на Централната влада во април достигнал ниво од 34,1% од бруто домашниот производ. Бројките укажуваат дека јавниот долг од 34 % од БДП, измерен во април годинава, претставува највисоко ниво во последните седум години..........
http://novatv.mk/index.php?navig=8&cat=2&vest=4173

Стручњациве наши се заплеткаа како свински црева, сега назад нема. Со 35% долг од БДП на Централна влада, а приходи во буџет 30% од БДП, тогаш задолжувањето е еднакво на 105% од приходите на владата . Тука во МК има многу стручњаци ама никако стручњак за проста аритметика.
 
Член од
14 мај 2009
Мислења
1.581
Поени од реакции
1.853
може ли линк од веб сајтот на Владата (министество за финансии) каде што стои дека јавниот долг на РМ е 34,1% од ЏДП-то.... не од НОВА ОКНО Охрид Скај Плус Инфо... и такви повраќаници.....
Каде на сајтот на министерството на фин стои задолжување од 34,1?
Драматично е се слагам како не е!?... Особено задолжување за платите на јавната администрација гарантирано гласачко тело. или некои непродуктивни проекти-бљувотини како реклами за зголемување наталитет, фрлање лопати за отварање чешми, или финансирање ‘‘буреци‘‘ или СИТЕЛ, Сонце проекти за барање Хунзи по Света или гробот на Александра.... и многу други повраќаници од проекти.... ДА! тука се слагам! Затоа ни го намалива рејтингот на ББ-
ама било и подраматично изгледа!?
За мизеријата што не прогласи најголема, овде кој реномиран весник цитиравме?
The Economist? ли беше? Епа еве за задолженоста што велат тие...
Кликнете Македонија и 2002 или 2004... НЕ СЕ СРАМЕТЕ! ;)
http://www.economist.com/content/global_debt_clock
2003 - 41%
2004 2005 2006 - 37% плус минус 1....
Да не бидам погрешно разбран, многу е и 34% ако е толку... ама што кокодакааат овие горе споменатите... има една Српска... Ко че о чему курва о поштењу!? Ама курва неможе о поштењу.... особено ако ќутела како ‘‘курва‘‘ кога задолжувањето било четерес посто!
Или нечини анализава на "The Economist"... чинеше кога не нарекоа НАЈМИЗЕРНИ нели? Па да не бидеме хипокритични нели... или прифаќаме или се отфрламе!?
Капиш!?
 
Грешни се податоците на Економист, Јавниот долг секако не бил 27% во 2012та. И сега, проценти како проценти, убаво изјави Гошев: Има земји што банкротирале и со 20% (и земји што не банкротираат со 100%). Од друга страна, 2002 можеш да видиш и што се случувало со GDP и после да ја најдеш причината за тоа случување.

Исто така треба да се знае и дека долгот се враќа со пари не со GDP, па затоа отвори и види девизни резерви во 2006та и сега и спореди со јавниот долг. Истото направи го и со 2012та. Ние имаме фиксен девизен курс, потребни ни се девизни резерви повеќе од оние со флуктуирачки.

Понатака, дали зголемувањето на јавниот долг е за рефинансирање, за продуктивни или непродуктивни расходи. Товарот секако паѓа на идните генерации.
 
Член од
14 мај 2009
Мислења
1.581
Поени од реакции
1.853
Одлично...
а сега без политизирање....
што се потрагични нашите 34,1 во 2013 во однос на 38,5 во 2005-та....?
или по табелата на The Economist...
Франција 91,5%(2013) ..... 64% (2005)
Шпанија 76% (2013).........47% (2005)
Италија 171% (2013)......100% (2005)
Хрватска 65,3%(2013...... 44,5% (2005)
може да се заклучи дека светски тренд е задолжувањето!?
Може да се зборува за неефикасни вложувања, дека подобро би било во енергетика или инфраструктура отколку во споменици згради, жичари, стадиони, театри - во туризам.... тоа е прашање на политика те вкус.. ама дека нешто кај нас драматично расне (а во светот не) не сум многу убеден.
И уште еднаш, каде беа 2003-4-5-6 кога јавниот долг беше повисок од 40% сега загрижените новинари од Нова, Окно, Скај, Плус инфо... и тн. И тогаш беа активни новинари! Ама изгледа не им пречеше многу!?
А да е многу 34,1, многу е се сложувам! Секогаш може помалку!
--- надополнето: 1 јуни 2013 во 20:02 ---
Грешни се податоците на Економист, Јавниот долг секако не бил 27% во 2012та. И сега, проценти како проценти, убаво изјави Гошев: Има земји што банкротирале и со 20% (и земји што не банкротираат со 100%). Од друга страна, 2002 можеш да видиш и што се случувало со GDP и после да ја најдеш причината за тоа случување.

Исто така треба да се знае и дека долгот се враќа со пари не со GDP, па затоа отвори и види девизни резерви во 2006та и сега и спореди со јавниот долг. Истото направи го и со 2012та. Ние имаме фиксен девизен курс, потребни ни се девизни резерви повеќе од оние со флуктуирачки.

Понатака, дали зголемувањето на јавниот долг е за рефинансирање, за продуктивни или непродуктивни расходи. Товарот секако паѓа на идните генерации.
Да, само што заборави Гошев да каже кои се тоа земји што банкротирале со 20% долг!?
 
Stefus Corp.

Рационална Коза
Член од
22 август 2012
Мислења
2.097
Поени од реакции
1.821

--- надополнето: 1 јуни 2013 во 20:41 ---
--- надополнето: 1 јуни 2013 во 20:50 ---
Во 2001 долгот бил 48% во многу понестабилно окужување и многу повисоки каматни стапки. Незнам кој бил рејтингот тогаш...а кој сега на кредитот на РМ. Но најбизарно е што многу граѓани се плашат од долгот на РМ а има даваат депозити на МК банки кој се полни со домашни обврзници и благајнички записи. Интересно...ако РМ отиде во дифолт банките се печени.
 
Член од
17 април 2012
Мислења
2.335
Поени од реакции
2.095
Македонија и натаму четврта најмалку задолжена земја во Европа

Република Македонија е најмалку задолжена меѓу сите земји од поранешна Југославија, пишува во саботата порталот Курир, повикувајќи се на податоците од институции и анализи на експерти кои говора дека земјата има релативно мал долг во споредба со другите во опкружувањето па и пошироко.

Како што наведува порталот, најгласни во тврдењето дека Македонија спаѓа во групата ниско задолжени земји се најрелевантни финасиски институции кои ја придвижуваат глобалната економија, Светска банка и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ).

Според нивните претходно објавени процени Македонија е четврта по ред најмалку задолжена држава во Европа, Владата покажала фискална мудрост држејќи го буџетскиот дефицит во изминатите неколку години на строго дефинирано ниво од 2,5 отсто и дека со заемот од Светската банка ќе се финансираат клучни реформи.

Македонија, според глобалниот часовник на долг на влијателниот финансиски магазин Economist е вброена во групата земји кои се наоѓаат во ткн „зелена зона", односно земји со релативно ниска задолженост.

Македонија, исто така, е најмалку задолжена земја во регионот, и наспроти државите од опкружувањето ги мина сите болни и ризични реформи./крај/мф
http://www.makfax.com.mk/#311104
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.966
Поени од реакции
4.073

Братче и 2 денари да дужиш, ако немаш од што да ги вратиш, си во поголема каша отколку тој што зел кредит од 100.000 Е на 10 години со 30% камата, а има редовна плата од 2000Е.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom