Зошто ти не си во право?
1.Сите овие земји имаат некаква економија што не им зависи од владата.
2.Сите тие невработени лица таму, за време изобилието биле вработени на позиции што реално не требало ниту да постојат, туку ете нек се има работа.
3.Ако споредиш со минатото, од кога се затвори пазарот во Југославија голем број на фирми пропаднаа бидејќи беа врзани исклучиво за тој пазар. Останаа Пивара (бидејќи имаше монопол на производството на пиво во мкд), Алкалоид (бидејќи имаше други пазари, како на пример Русија) и ред други фирми. Овие фирми останаа од една причина или беше форсиран монопол од политички причини, или фирмите имаа друг пазар освен Југословенскиот.
4.Кај нас, најголемиот број на фирми се крстат на некаков тендер од владата и ако дојде да владата не може да го сервисира долгот отиде и стопанството во мкд. Кој фирми ќе останат ? Пак истите оние што гледаат дека мкд не е единствен пазар. Бројките може да се штелуваат, ГДП не е основна мерка за тоа колку државата е силна, бидејќи тука влегува се, па така големи пари потрошени на спомениците, малите плати потрошени за преживување и ете добиваш некој просек, ама за кого како. Може во мкд да живеат 100 милјардери и годишно да трошат по 10 милиони Е, а останатите да едвај преживуваат и според овие бројки тоа значи дека у македонија супер се живее.
5.Наместо да се урне митот дека работа е работа само ако е државна и да почнат луѓето да се вработуваат и на приватно.
6.т.е условите на приватно да бидат далеку подобри од тие на државно и да се урне митот дека ќе лапнам некој тендер оти се знам со тој и тој и да почнат фирмите да се шират на други пазари и наместо да се увезува земјоделски производи, да почнат од кај нас да се произведуваат, ти тука ми покажуваш некои графикони што се збир, а не реален просек на ситуацијата и викаш се е супер.
7.Да супер е сега и после 10 години ќе биде супер, ама платата и тогаш ќе биде 200Е, а трошоците за живот 250Е.