Слепо Црево
Оџачар Грла
- Член од
- 26 мај 2007
- Мислења
- 1.196
- Поени од реакции
- 223
Линк до головите, по можност.
http://www.goalsarena.com/video/15.11.2008-palermo-inter-milan_en.html
Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Линк до головите, по можност.
повели и друг пат :smir:Благодарам.![]()


Јас сосема се сложувам со твојот коментар, само како што гледаш Мурињо сега засега ништо како да невпрезел.Знам дека песимистички малце ќе звучам:
Ако има нешто добро тоа е што тепавме. Ако е и тоа добро, зошто кога-тогаш некој ќе не лупне од земја. Само сме го одложиле моментот.
Игра пак немаше. Златко се распуца и тоа е тоа. После имаше малку оле-оле ама тоа е лесно кога противникот е во нокдаун. Круз го немаше никаде денес. Кога се нафрлуваваат топки во 16 метри таму обично има 0 до 1 играч на Интер. Средниот ред е приказна за себе. Добро е враќањето на Кордоба и тоа што одбраната малку се среди. И што го имаме Цезар кој е секогаш сигурен на голот.
Имам впечаток дека во Италија и со ваква игра се може до нерешено. За победа треба среќа, пошто игра немаме. Важно, тешко е да се загуби па и вакви-никакви ќе се бориме за титула, и најверојатно ќе ја освоиме. ЛШ е друга приказна. Ќе стигнеме до нокаут фазата а таму порано или подоцна ќе налетаме на инспириран и креативен противник кој ќе не испрати дома. Се разбира доколку не се смени нешто, а треба да почне да се менува што побрзо. Засилувањата ништо не покажуваат, барем засега. И од останатите има доволно кандидати за шут-карта. Станковиќ на пример? Ни треба фамозниот плеј за кој толку зборуваме, некој кој ќе ги "размрда" работите.
Вечерва вредеше за 3-те бода и головите на Златко. Може да речеме дека на крајот на краиштата, друго не е ни важно. Но проблемите во играта порано или подоцна ќе испливаат на површина, и тоа по правило во некој клучен натпревар кој мора да се добие. Можеби една победа во дербито на Италија ќе направи разлика, барем ќе делува мотивирачки кај играчите.

Не се секирај многу, завас предобар е и Бурдисо.Честито победа... Браво за Ибра но и за Кордоба, бидејки со тоа што пожолте, нема да биде во состојба да игра со Јувентус![]()
Кога се сеќавам на ланскиот успех на Јуве среде Милано, знам дека Бурдисо беше тој што му асистираше гол на Давид Трезеге.Не се секирај многу, завас предобар е и Бурдисо.
Јуве ќе биде мачкина кашлица за Интер.

.