Фан Клуб: Интер

  • Креатор на темата Креатор на темата 2manyfreaks
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Честито победа... Браво за Ибра но и за Кордоба, бидејки со тоа што пожолте, нема да биде во состојба да игра со Јувентус:zver:
 
Знам дека песимистички малце ќе звучам:

Ако има нешто добро тоа е што тепавме. Ако е и тоа добро, зошто кога-тогаш некој ќе не лупне од земја. Само сме го одложиле моментот.

Игра пак немаше. Златко се распуца и тоа е тоа. После имаше малку оле-оле ама тоа е лесно кога противникот е во нокдаун. Круз го немаше никаде денес. Кога се нафрлуваваат топки во 16 метри таму обично има 0 до 1 играч на Интер. Средниот ред е приказна за себе. Добро е враќањето на Кордоба и тоа што одбраната малку се среди. И што го имаме Цезар кој е секогаш сигурен на голот.

Имам впечаток дека во Италија и со ваква игра се може до нерешено. За победа треба среќа, пошто игра немаме. Важно, тешко е да се загуби па и вакви-никакви ќе се бориме за титула, и најверојатно ќе ја освоиме. ЛШ е друга приказна. Ќе стигнеме до нокаут фазата а таму порано или подоцна ќе налетаме на инспириран и креативен противник кој ќе не испрати дома. Се разбира доколку не се смени нешто, а треба да почне да се менува што побрзо. Засилувањата ништо не покажуваат, барем засега. И од останатите има доволно кандидати за шут-карта. Станковиќ на пример? Ни треба фамозниот плеј за кој толку зборуваме, некој кој ќе ги "размрда" работите.

Вечерва вредеше за 3-те бода и головите на Златко. Може да речеме дека на крајот на краиштата, друго не е ни важно. Но проблемите во играта порано или подоцна ќе испливаат на површина, и тоа по правило во некој клучен натпревар кој мора да се добие. Можеби една победа во дербито на Италија ќе направи разлика, барем ќе делува мотивирачки кај играчите.
Јас сосема се сложувам со твојот коментар, само како што гледаш Мурињо сега засега ништо како да невпрезел.
За среќа ние денеска со помош на индивидуалните способности на Ибрахимовиќ ги освоивме трите бода, но што понатака.
Да се надеваме дека во јануарскиот преоден рок ќе го решиме проблемот со плејмејкер, или пак Химанез ќе се опорави и ќе блесне, слично како Самуел и Кордоба кој подолго време беа повредени .
 
Честито победа... Браво за Ибра но и за Кордоба, бидејки со тоа што пожолте, нема да биде во состојба да игра со Јувентус:zver:
Не се секирај многу, завас предобар е и Бурдисо.
Јуве ќе биде мачкина кашлица за Интер.
 
Еве како беа оценети играчите за натпреварот со Палермо

вкупно гласале: 1000 фанови

Cesar----------------7.6
Maicon---------------7.6
Cordoba--------------7.2
Samuel---------------8.1
Maxwell--------------7.2
Zanetti---------------7.4
Vieira-----------------6.4
Cambiasso------------7.4
Muntari---------------6.2
Cruz------------------6.8
Ibrahimovic----------9.6
Stankovic-------------6.6
Burdisso-------------5.7
Amantino Mancini------6.7
просечна оценка7.2

П.С Малата оценка на Бурдисо има влијание од натпреварот со Анартозис, итака Бурдисо изигра само 5-6 минути на овој натпревар.
 
Не се секирај многу, завас предобар е и Бурдисо.
Јуве ќе биде мачкина кашлица за Интер.
Кога се сеќавам на ланскиот успех на Јуве среде Милано, знам дека Бурдисо беше тој што му асистираше гол на Давид Трезеге.
Фала од него:tapp:
 
За трансфер на Бурдисо Јувентус молеше цело лето.
Колку и да е киксер, сепак е измислен за првотимец од типот на Легротаље.
 
Кој беше тој шо викаше Палермо - Интер 1, од Јуве навивач беше :nesvest:?

Како и да е (како и повеќето од вас) не сум задоволен од играта шо ја прикажа Интер. Можеме да бидиме задоволни само со резултатот и идивидуалноста на некој играч, во случајов Ибрахимович.

Да се надеваме дека во вистинско светло ќе се прикажеме против Јувентус.

П.С.
Ибрахимович :zver:.
 
Ц ц ц цц ,секогаш погрешното полувреме го гледам.....првото катастрофа,заминав на работа,се враќам,гледам овај специјалкава и се запна на мрежата да ја дупи,ама таја пустата никако не се дава:)
Ауууууууу,па овај не си ја знаел силата бе.......
Ах бе Адри,Адри, да се запнеше малку имаше утоп да праевте по терениве,само ај си викам че ти дојди умо,ако го имаш....

Се на се,Честита нека ни е победава:smir:
 
Palermo - Inter

Па ве гледам нешто плачите овде сме немале игра.. Каква игра сакате вие бре? Колку пати треба да ви се кажи дека нема игра со дефанзивен среден ред? И па едно и исто.. ке ни се подобрела играта! Ние ке играме вака, и точка! Оти тие ни се играчите! Кој има денес најубава игра? Манчестер? Арсенал? Барса? Кој игра кај нив во средните редови знаете? Или само така гледате во ТВ ко телиња! Таму играат Роналдо, Гигс, Сколс, Карик, Нани, Насри, Фабрегас, Хлеб, Чави, Иниеста.. А кај нас тоа се Занети, Мунтари, Виеира, Камбиасо и Станкович! Значи што имаме тука? Деструктивци! И вие сакате игра.. Туку тоа што ви велев пред неколку дена е проблемот кај нас.. Премалку шутираме на гол! Еве вечерва второто полувреме почнавме да шутираме и одма голови! Па земете еден прост пример, земете ако не знаете да играте Play Station, земете гледајте некој што знае да игра, гледајте го Интер, ке видите дека само да пуцаш со силата на Ибрахимович и Адриано ке постигнуваш голови, па макар и од неизградена позиција! Па овој човек треба само да шутира! Од 5 обиди еден е гол! И друго што видовме во второто полувреме.. Па Мурињо конечно му дал до знаење, незнам дали забележавте, но Камбиасо шутираше на гол!! ?? Не дена не знаел да шутира претходно, но после голот на Ибрахимович, Камбиасо ја имаше топката на 20 тина метри од голот, напреви еден дриблинг на лева страна, (се наоѓаше на местото од каде Ибра го даде првиот гол) и шутираше! Па јас досега тоа од него не сум го видел!! Тој шутирал претходно многу пати, постигнал гол и со Милан исто така од далеку, но тоа биле удари на некои топки, така да речам, кога ке ти дојде на нога од прва, без многу размислување! А тој вечерва шутираше од 20 метра! Значи се можело да се шутира! Кога ке почни тој повеке да шутира, Станкович исто така, Виера.. А за Ибра и Адри не ни спомнувам, за нив задолжително е, на секоја утакмица ке поведуваме, и потоа полесно ке играме! Бидејки одбраната е многу солидна со Самуел, мн тешко примаме голови! (да не го зарекнам).. А некогаш кога играат во гости тимови како Манчестер, Барселона, кога не можат да дадат гол, односно да го скршат отпорот, во преку 65 % тоа го прават преку слободен удар од 2о тина метри! Значи и тоа ако го имаме, некој кој ке дава голови.. ке биде многу лесно потоа... затоа не плачете многу, таа е играта на Интер и ке остане до крајот на оваа сезона! Поздрав!
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom