- Член од
- 21 март 2012
- Мислења
- 3.277
- Поени од реакции
- 3.055
Раднички го изгуби настапот во АБА лигата, со пласманот од ланската сезона се пласира во Европа.
Како може да загуби нешто што го освоил, без разлика што наредна година нема да игра АБА лига.
Зошто според правилата на УЛЕБ право на играње на нивните натпреварувања ( Евролига и Еврокуп ) имаат само тимови кои во сезоната кога ги играат тие натпреварувања исто така ги играат и натпреварувањата во кој ги освоили настапите.
Правилата на УЛЕБ се различни од на ФИФА.Затоа во АБА лига ако освоиш настап во Евролига автоматски се квалифицираш и следната година за АБА лига,али истото правило не важи ако освоиш и Еврокуп па зошто Раднички не обезбеди настап во АБА преку Српската лига го губи и правото на настап во Еврокуп.
Единственото што останува сега е дали овие од АБА ќе бидат чесни и ќе го дадат местото на МЗТ кој е следен на табела,или ќе го скокнат МЗТ и ќе им дадат на Олимпија,или пак ќе пробаат да направат некаква рокада помеѓу Олимпија и Игокеа каде Олимпија добива квалификации за Евролига,Игокеа добива Еврокуп а они после помогнат на МЗТ да добие WC за Еврокуп кој секако се плаќа.