Mondonico
ВАР експерт
- Член од
- 15 јануари 2013
- Мислења
- 10.161
- Поени од реакции
- 18.174
Абе јас те потенцирав оти сакав да кажам дека не го тврдев тоа бидејќи го мразам Интер или слично, туку затоа што стварно мислев дека е така. Еве штом и навивачи на Интер го мислат истото, значи не сум тресел зелени. Мора да имало нешто.Mondonico
Јас бев Потопо, и да, и тогаш и сега тврдам дека Интер не тепаше на среќа, туку заслужено доаѓаше до победите. Е што се случи од дуелот со Јувентус во Торино па се до последното коло? Му забранија на Страма да го става во игра најдобриот играч на Интер, Весли Снајдер, почнаа да мрчат одозгора, а и Страма направи неколку почетнички грешки со тоа што ставаше во игра клучни играчи во натпреварите од Лига Европа, а од таму дојдоа и голем број на повреди, клучниот фактор за вака слабиот пласман на Интер годинава.
Јас не велам дека Страма е Мурињо или Фергусон, ама не е ни до волку слаб како што заврши сезонава, ипак треба да земеме во предвид дека 80% од сезоната ја играше со пола состав, и дека од “горе“ не му беа обезбедени адекватни засилувања. Со еден збор он беше практикант, или марионетка на оние од горе.
Според мене и не требаше да добие отказ, затоа што место него го донеса шуглето Мацари, кое до вчера плукаше во секој можен наврат по Интер. Али што е тука е, ќе мора да му дадеме поддршка кога веќе е тренер на Интер, ни се допаѓало тоа или не.
Победите и на среќа да се и со лоша игра се пак заслужени. Јеби га, тие работи се составен дел од фудбалот и на крајот се гледа резултатот. Но, она што е невозможно е така да се победува на подолг рок. Ова е најверојатно најголемата грешка на вашиот тренер. Тоа што не увиде дека треба да воведе стил на игра кој ќе вади резултати во подоцнежниот период од сезоната.
Но, ајде помина тоа, пред Интер е лето во кое треба да се подобри и нова сезона во која мора да обезбедат барем 3то место, бидејќи ризикуваат да тонат уште надоле без ЛШ фудбал...