Неделава готвиме
Полнети тиквици
Потребни состојки:
- 4 тиквици средна големина
- 150 гр шунка
- сирење по желба
- магдонос
- маслинки сецкани
- лук
- зачин (вегета, сол црн пипер)
- 2 јајца
- кашкавал
Подговотовка:
Подготовка:
Ги миете тиквичките и ги сечете на половина (долгнавесто), средишниот дел го вадите и ситно го сецкате, истото го правите и со шунката, магданосот, и маслинките, сето тоа во длабок сад го мешате, додавате сирење и лук со помош на ренде, двете јајца изматете ги со вилушка и измешајте ги со состојките да добиете една хомогена смеса. На крај само зачинете и со смесата наполнете ги тиквичките, на претходно загреана рерна од 230 степени во голема тава исецкајте домати со една главица кромид, ставете ги врз нив тиквиците и печете едно половина час. Откако ке заруменат одозгора додајте ленти кашкавал вратете уште 2 минути да се растопи, на крај извадете ја тавата и со сосот врз кој што ги ставивте тиквиците полејте ги.