И оваа недела ќе готвиме мевце, овој пат
Телешки шницли во сос со биено сирење
Потребни состојки:
- 4-6 тенки телешки шницли
- 500 мл. вода
- 1 лажица доматно пире
- 1 лажица сецкан магдонос
- 1 сецкан морков
- 1-2 лажици сенф
- 200-300 гр. биено сирење
- сол, бибер, вегета, зејтин
Подготовка
Телешките шницли маринирајте ги со масло, малку сол, вегета и убаво намачкајте ги од двете страни со сенф. Оставете ги 1 час да попримат од состојките. Потоа на тивок оган пржете од едната страна додека да заруменат, па потоа од другата страна. Откако ќе заруменат додајте вода колку да се покријат шницлите, ставете морков сецкан и магдонос. Оставете да се издинстаат 1 час и потоа додајте го доматното пире. Нека покрчкаат уште 10 минути.
Во тава за печење редете ги шницлите, па посипете ги со сосот во кој се динстаа. Биеното сирење изрендајте го врз нив и печете во загреана рерна додека не се стопи сирењето и состојките не се соединат.
Прегледај го приврзокот 63911