Секакви рецепти

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Фала Македонка за советите

Еве што се одлучив јас еден специјалитет да направам нешто како Бурито со пилешко. Купив сега од КАМ Маркет тортиљи за таа намена и ќе пробам да видам што ќе испадне.

Планирам да ги сварам копаните добро и да ги исчистам од коската, потоа месото да се искубе и исече на ситни парчиња и да се стави да се прже во масло заедно со малку пушена сланинка и ситно сечкан морков.
Кога ќе е готово со пржење да му додадам многу малку доматен сос, малку лута буковска пипер и магдоност да се убаво подинста малку и да биде готов за премачкување на тортиљите. Кога ќе е готов сосот да се додаде кисела павлака во него малку и да се измеша.
Потоа се топлат тортиљите на рерната, се полнат во сосот и излегува бурито. :D

Ако грешам некаде кажувајте побрзо, да одземам или додадам нешто во рецептов.
 

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Да додадам дека излезе многу вкусно, само не турив павлака оти немав во фрижидерот, а мислам дека исто фалеше и рендан кашкавал малку да се растопи на тортиљата пред сосот.
 

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
Да додадам дека излезе многу вкусно, само не турив павлака оти немав во фрижидерот, а мислам дека исто фалеше и рендан кашкавал малку да се растопи на тортиљата пред сосот.
Следен пат напрај ги со ѕаѕики сос и исфрли го магдоносот :)
 
A

AnFem

Гостин
Моментално се пече италијанската пита со компири, еве го оригиналниот рецепт:

http://www.me-chitash.com/zdravje/index.php?option=com_garyscookbook&Itemid=470&func=detail&id=44

Јас направив некои мали измени (и не ставав според овие мерки, ретко готвам по мерките)... Тестото од компир го оставив да се пече 5 минути. Пред тоа доматите со кромидот ги динстав заедно, да станат кашести. Извадив тавчето со тестото, ставив 200 гр. моцарела и одозгора доматите, сето тоа фино си се измеша во рерна. На крај ќе го додадам кашкавалот. Е не е пармезан, немам пармезан. Небитно! :)
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.846
Знае ли некој рецепт за кинеска салата? (со ориз нешто се правеше)
 

CafeDelMar

Luminance
Член од
29 октомври 2007
Мислења
6.502
Поени од реакции
14.677
Знае ли некој рецепт за кинеска салата? (со ориз нешто се правеше)

КИНЕСКА САЛАТА

Потребни состојки:

· 250 г ориз
· 250 г шунка, ситно исечкана
· 800 г краставица, ситно исечкана
· 3 павлаки
· 3 лажици мајонез
· сол
· црн пипер

Начин на приготвување:

Оризот се вари, се мие со студена вода и се убаво се цеди. Потоа се додаваат ситно исечканите шунка и краставица, павлаките и мајонезот. Се зачинува со сол и црн пипер по желба.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.543
ПРОЈА ( на мој начин - без зејтин)

Потребни продукти:
300 грама пченкарно брашно
200 грама пшенично брашно,
300 грама сирење
1 јајце
1 прашок за пециво
сол, половина кафена лажичка

Најнапред , пченкарното, пшеничното брашно, прашокот за пециво и солата ги ставам во сад за мешање и ги измешувам на суво. Потоа го додавам јајцето и вода по потрба да се добие речиси течно тесто ( како за пандишпан за торта ). Таквото тесто го оставам да одстои 1 саат, може и повеќе за да брашното ја упие водата. На крајот, во тестото го додавам претходно издробеното сирење и малку промешувам пазејќи да сирењето не се издроби премногу па да не се познава..
Тестото го пресипувам во, добро намачкано со масло, плехче 32 и печам на 180 степени околу 30 минути.
Кога е готово сечам на парчиња и сервирам топло со млеко, јогурт, чајна, сирење кашкавал и обавезно феферони
--- надополнето: 22 јануари 2012 во 11:05 ---
Сега ја ставив да се пече, кој сака нека повели
 

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
Шарен солен ролат :)

Потребни состојки:
- 4 јајца
- 1 шоља брашно
- 1 шоља јогурт
- 1 прашок за печиво
- 1 лажичка сол

За шарени кори на ролат:
- зелена боја 4 лажици сецкан сварен спанаќ
- портокалова боја 4 лажици ајвар
- жолто-црн ролат 3 лажици мак

Потребни состојки за фил:
- 200 мл. павлака
- 200 гр. сирење
- 2 лажици мајонез
- 200 гр. шунка

Подготовка:
Одвојте ги жолчките од белките и прво матете ги жолчките. Додајте сол, брашно помешано со прашок за печиво, јогурт. По желба додајте 4 лажици спанаќ/ајвар или мак, во зависност од тоа каква боја на ролат сакате да добиете. Изматете ги и белките во цврст снеги, па потоа со лажица измешајте ги со смесата со жолчки. Сипете во плехот од рерна на кој сте ставиле хартија за печење и печете 10-15 минути на температура од 180 степени. Печениот ролат замотајте го во влажна крпа и оставете да се олади. За тоа време подгответе го филот. Убаво иситнете го сирењето и додајте ја павлаката и мајонезот. Намачкајте ја кората прво со оваа смеса па врз неа ставете ја шунката и формирајте ролат.


 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
269
Поени од реакции
69
Шарен солен ролат :)

Потребни состојки:
- 4 јајца
- 1 шоља брашно
- 1 шоља јогурт
- 1 прашок за печиво
- 1 лажичка сол

За шарени кори на ролат:
- зелена боја 4 лажици сецкан сварен спанаќ
- портокалова боја 4 лажици ајвар
- жолто-црн ролат 3 лажици мак

Потребни состојки за фил:
- 200 мл. павлака
- 200 гр. сирење
- 2 лажици мајонез
- 200 гр. шунка

Подготовка:
Одвојте ги жолчките од белките и прво матете ги жолчките. Додајте сол, брашно помешано со прашок за печиво, јогурт. По желба додајте 4 лажици спанаќ/ајвар или мак, во зависност од тоа каква боја на ролат сакате да добиете. Изматете ги и белките во цврст снеги, па потоа со лажица измешајте ги со смесата со жолчки. Сипете во плехот од рерна на кој сте ставиле хартија за печење и печете 10-15 минути на температура од 180 степени. Печениот ролат замотајте го во влажна крпа и оставете да се олади. За тоа време подгответе го филот. Убаво иситнете го сирењето и додајте ја павлаката и мајонезот. Намачкајте ја кората прво со оваа смеса па врз неа ставете ја шунката и формирајте ролат.


Јас правам како торта со истиот состав ,печам кора ја сечам на два дела и секој дел го филовам и ги ставам една над друга ,одозгора декорирам со жолчка варена,потоа ги сечам на квадрати и потоа секој квадрат на половина значи добивам триаголници ...еве уште една идеја како да добиете нова форма.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.543
ПРОЈА ( со додаден праз )

Потребни продукти

4 јајца
1 шоља јогурт или кисело млеко
2 шољи пченкарно брашно
1/2 шоља масло за јадење
250 грама сирење
1 прашок за пециво
3 страка поголеми, праз ( ситно сецкан - жив, не се пржи ни вари )

Јајцата се матат. Се додава јогуртот, маслото, пченкарното брашно, прашокот за печиво и се измешуваат. На крајот се додава сечканиот праз и издробенето сирење и се промешува.
Смесата се истура во, претходно, подмачкан плех и се пече во рерна на 220 степени околу половина саат.
Оваа не е мој рецепт, но вечерва го пробав на гости - одлично. Затоа брзам да го споделам со Вас и да го препорачам за неделен појадок.
 
Член од
13 август 2010
Мислења
956
Поени од реакции
1.098
Ќофтиња од компири

Состојки
5-6 компири
200 гр кашкавал
1 мала лажичка сол
1 мала лажичка буковец
1/2 лажчка црвен пипер
мелен црн пипер
лебни трошки
магданос
масло за јадење

Компирите се лупат и се стават да се варат околу 30 минути. Откако ќе се сварат, се пасират како за пире. Треба да се оладат а потоа во нив се додаваат другите состојки. Кашкавалот треба да биде изрендан. Лебни трошки се ставаат по потреба.Сето тоа се умесува. Потоа се прават топчиња и се расплескуваат, се валкаат во брашно ( јас ги валкав во лебни трошки) и се ставаат да се пржат на претходно загреано масло.

rth 015.jpg
П.С. Во моите фали магданос, секогаш кога ќе почнам нешто да правам мора нешто да нема ама добри се и вака.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom