Фан Клуб: Интер

  • Креатор на темата Креатор на темата 2manyfreaks
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Чекајте бе луѓе , сетете се зашто Адри лани замина на позајмица во Бразил , истите проблеми ги имаше и со Манчини , сите тие испади беа виновни зашто неговата форма имаше огромен пад , не дека сега ова му е прв пат . Пред сезоната Мурињо јасно се изјасни на Адри кога кажа :' 'Ако ме слуша мене се ќе биде во ред, ако не ,ке го седнам на клупа. . . пак ". Kaпак на се , овој пат прво бара одмор од Мурињо , истиов му дозволува 3 дена слободни и овој му касни на тренинт . Не поминуваат две недели од тој настан , овој истата грешка пак ја повторува . . . на ваков начин Адри му врти грб на Интер , и на сите оние фанови кои веруваат во него , а не само на Мурињо .

A најсмешно е што повторно задоцни на тренинг и се забавувал до сабајле во дискотека само неколку дена откако изјави дека ќе го послуша советот на Мурињо да работи напорно, да спие доволно и да пие само вода :tapp:. Брука!
 
Тешко , ја би рекол Агуеро , а глеам сеуште траат и шпекулациите за Елано , супер полушпиц или втор напаѓач . Кој и да дојде од нив двајца , нема да постои онаа голема дупка помеѓу средината и нападот а и Ибра не ке мора да се враќа до половина терен за да прими топка , да се додаде уште некое плејмејкерче и се би било во ред .

За Агуеро ќе имаме шанси само ако Атлтико не обзебеди учество во ЛШ и тоа ќе треба да се опрчиме многу. Мое мислење е дека ќе ја одбијат и откупната клаузула од 60 милиони евра (Дел Нидо го направи тоа ова лето велејќи дека клаузулите се само за играчи од Шпанија и никој не се бунеше) а башка и Сити со милионите е заинтересиран.

За Елано може ама не е напаѓач а ако си отидат Круз и Креспо ќе имаме огромна дупка и во нападот. Дрогба има уште помлалку од две години со Челзи и можеме да го добиеме за мали пари

EDIT

Да не пишувам пост под пост. Адри во неделата бил во диско заедно со Роналдињо, а закасни во вторникот на тренинг значи двете работи не се поврзани. Од каде знаете колку одмор добил од Мурињо кога беше во Бразил за настап со селекцијата бидејќи тоа го знаат само тие двајца кои го договориле тоа. Ако Адри е оној стариот ќе отидеше уште дента кога беше избркан во диско и ќе се направеше камен и немаше да тренира цела недела. После тоа нормално си ги одработуваше сите задачи (барем никој не се пожали).

А кога сме веќе кај принципите и бркањето на Круз и Адри, Дали Ибра има дозвола да себичи и да изиграва најдобар играч во Интер за кого треба да трчаат сите останати играчи, или Мурињо неможе да го скроти неговиот див дух, пак го гледаме оној стариот Златан кој покажува променливи перформанси нема сврзано два добри натпревари непамтам од кога, на едниот е феноменален на другиот го нема, пак гледаме играч кој сака да се надигрува со пртивниците ама заборава дека ова не е Холандија и екипи како Витесе. Колку гола можевме да им дадеме на Вердер ако Ибра не себичеше?
 
Адриано имаше проблеми со Манчини, го пратија на позајмица, дојде назад, дојде Мурињо.Мурињо прави се да го врати во старата форма ама овој Адрианово осет нема.Има поддршка од сите, и пак си игра, касни на тренинзи, пак седи касно во дискотеки, пак пие алкохол.
Мурињо му даде многу шанси, ама се гледа дека не е човек Адриано, неможам да сватам што карактер е, го изневерува тренерот и фановите кои му даваат огромна поддршка.Ја незнам Адриано како го погледнува во фаца Мурињо после некој скандал, а претходно се договориле да почне сериозно да работи, претходно да има добиено настап за Интер, претходно да има постигнато гол - Огромен доказ дека Адриано нема почит и срам.
Како играч многу го сакам Адриано, одсекогаш ми бил број еден во Интер, и сите се гордеевме со него ама гледајте што прави, јас би рекол дека Мурињо е премногу трпелив со него!
 
awe vo pravo si za ibra.mn sebi4i.a stvarno covekon koga ke fati topka ne mu se odzema i ako tebe na prv pogled ti izgleda skros izgubena.samo rabotata e da postignuva golovi i inter da pobeduva a ne ovaj da se vozbuduva so drriblinzite
 
не го бранете адриано , кој к** е па он да го толерираат со истите глупости кој ги повторува 3 години ? ако по ова не му дојде памет тогаш бај бај ... ама не верува дека друг клуб ќе го трпи ова
 
ај ваљда нема да се здрви во некој клуб во рио
 
Жозе Мурињо, пред натпреварот со Анортозис, даде изјава со која ги зарадува сите фанови на Интер, меѓу другото рече:
„Круз е многу добар играч и ја имаме таа чест да го имаме во нашата екипа. Адриано, доколку сака да игра, тогаш се зависи од него, оваа недела тоа не го покажа дека сака да игра.
Mancini и Quaresma полека се адаптираат, што е многу битно за тимот.
Меѓу другото разговарале Дунга и Мурињо за да му се даде уште една прилика на Адриано.
 
Еве една моја идеја да ги преставам сите играчи на Интер сите нивни досегашни згоди и незгоди.
Прв ќе биде ЗЛАТАН ИБРАХИМОВИЌ
Познаваќиго ЗЛАТАН ИБРАХИМОВИЌ и неговото однесување, чудно ми е како кај нас успеа да се одомаќини, а мое мислење е дека тоа е поради неговите години, претоа моето мислење беше дека волк влакно менува, ама табиет не. Безмисливо е некого со сила да го држеш со висока плата и долг договор, а после тоа да чекаш кога поетот ќе биде незадоволен.
-Ибро е одличен играч, но тој не е во ред со главата, т.е психата.
-Еве една негова изјава: јас сакам да бидам најдобар играч и најдобар стрелец во лигата на шампиони, со тоа се открива дека Ибра не е тимски играч.(јас сум за секој играч кој несака да се вклопи во тимската игра да се продаде)
-Играта на Ибрахимовиќ може да се опише вака: игра многу атрактивно, само што тие акробации ги изведува против послабите екипи, а кога ќе дојдаат на ред појаки противници , тој тотално се губи. на теренот го нема никаде( читај не е заинтересиран).
-Лесно им е на напаѓачите да ја собераат славата, но за таа слава некој треба многу да го поти дресот, како што тоа го праваат Камбиасо, Занети или Кордоба.
-Најплатен светски фудбалер Златан Ибрахимовиќ 12 милиони евра по сезона, втор, Кака со 9 милиони евра. Трет Кристиано Роналдо со 7 милиони евра годишно.
-Негова омилена музика е народната, омилен пеач-Халид Бешлиќ, а пејачка - Цеца.
-омилена песна- од Cece "Ja još spavam po navici u tvojoj majici".
- негов омилен фудбалер - Роналдо (бразил)
- омилен спортист - Мухамед Али.
-Златан Ибрахимовиќ е роден во шведскиот град Малме, од родители Балканци. Таткому се вика Шефик а мајкаму Јурка, израснат во Шведско гето, исполнето со имигранти, па затоа на теренот можеме да го препознаеме неговиот „Гето Менталитет„.
-Како десетгодишен се вклучува во младинскиот погон на FBK Balkan,каде што е заприметен неговиот талент. Професионалната кариера ја започнува во 1999. год. во FC Malme , каде што едноставно експлодирал. неговиот талент не останал незаприметен, па така доста светски тренери го посакале во своите редови. Меѓу нив Арсен Венгер, кој се сторил да го донесе Златана во Арсенал, но Малме не дозволил трансфер. Вториот голем тренер Leo Beenhakker, успеал да го донесе Златана во Ајекс за рекордни 7.8 милиони евра.
- Под водство на Co Aadriaanse, Златан добивал мала минутажа, но среќата му се насмеала кога за нов тренер дошол Ronald Koeman. Златан за прв пат заиграл во Лигата на Шампиони, а во неговиот прв настап успеал да постигне два гола против Lyon. Та сезона Ајакс стигна до 1/4 финале на ЛШ, каде што несреќно изгубија од Милан. Овој успех најмногу се должи на Златановите мајстории и голови.
-31. Август 2004, на последниот ден од преодниот рок Златан го напушта Ајакс и оди во Јувентус за 19 милиони евра. Малку изненадувачки веднаш си обезбеди место во првата постава, па така Златан стана миленик на Capello.
-Со Јувентус освои две Scudetta , кој покасно беа одзедени, поради местење на натпревари. .виновник беше прогласен,Luciano Moggi , а Јувентус беше префрлен во Seriа B. Па така незамисливо беше Ибро да игра за екипа која се бори за влез во прва лига, и покрај сите обиди на Јувентус да го задржи, доаѓа во Интер за сума од 24.8 милиони евра, каде што и во моментов го имаме.
-
-покрај богатата досегашна фудбалска кариера, Златановата кариера, ја одбележаа и разни инциденти. Познато е дека Ибра како млад учествувал во авто трки, заедно со пријателот се соблекол во полиција и на проститутка и се заканувал со затвор ако не му дозволи бесплатна секс услуга. Подолго време е во војна со Шведските новинари, и никакви изјави недава за шведските медијуми.
Повеќе научив од Мурињо во овие три месеци, одколку од сите претходни што ме тренирале, а нарочито претходните да тренера - Капело и Манчини. Мурињо знае све , дури ме научи како да разговарам со новинарите - потврдено од Златан.
- Сепак во едно ќе се сложиме:
Ибра е фудбалер од светска класа во која се истакнува неговата имагинација и маѓионичарство, многу нашата игра зависи од него, па така ако Ибра нема свој ден, тогаш лошо ни се пишува.
Нема сомнеж, Ибро во денешницава е најкомплетен напаѓач во светов. Висок, јак во скок игра, фантастичен дриблинг и совршена техника.
 
Може да биде незгоден натпреварот со Анортозис, со оглед на тоа дека играат многу цврсто и мотивирано на домашен терен, а формата на Интер во последниве кола е топло - ладно. Сепак очекувам победа и конечно да се влезе во ритам.
 
Абе кој Агуеро кој Елано го спомнувате, не ни треба нас нити едниот нити другиот.. нас ни треба плејмејкер луѓе, еден играч да стои на центарот на игралиштето, да ја прима топката од Кордоба, или да ја даде на напаѓачите или крилата, или да претрча 20-30м. и да шутира од 25 м кон голот!! Тоа нас ни треба.. Овие што тука ги имаме (Виеира, Камбиасо, Станкович, Мунтари, Хименез) на кој му треба пола саат да се намести да шутира, кој пак нема никаков шут.. односно има доста слаб шут.. на тоа место ни треба играч како Лампард ( за кого мислам дека требаше да направат максимални обиди да го донесат, а не ми се ценкаат тука, прво 8 милиони, па 10, па 12.... дај му таму ако треба и 30 само донеси го!! ), потоа Балак (ама го зачестија повредиве), Деко (уште еден промашен трансфер ова лето на Бранка и компанија), Жунињо (ех човеков да имаше 5-6 год помалку, немам видено подобар плејмејкер, сакаш додава, сакаш пуца на гол, сакаш се уфрла во 16м, и ако имаш слободен удар до кај 40м сметај дека 75 % тоа е гол), а од овие кои се достапни наредново лето на пазаров и кои можат да се купат мислам дека за нас има само едно име а тоа е Диего! Овој ем трча, ем има прецизен пас, ем шутира од далеку, ем слободни изведува одлично, и најважното - мн ретко се повредува! За овој не треба да се штедат пари, не треба да им се дозволи на оние закоченине од Торино да ни го земат под носот.. јас мислам дека Мурињо треба да даде збор, и Морати да даде некои 50 милиони да се земе овој играч! Се надевам дека кога ке играме последно коло со Вердер ќе ни даде 2-3 гола, па да видат оние Бранка и компанија колку е добар и да го купат!!! Друго ништо не ни треба!!
 
Абе кој Агуеро кој Елано го спомнувате, не ни треба нас нити едниот нити другиот.. нас ни треба плејмејкер луѓе, еден играч да стои на центарот на игралиштето, да ја прима топката од Кордоба, или да ја даде на напаѓачите или крилата, или да претрча 20-30м. и да шутира од 25 м кон голот!! Тоа нас ни треба.. Овие што тука ги имаме (Виеира, Камбиасо, Станкович, Мунтари, Хименез) на кој му треба пола саат да се намести да шутира, кој пак нема никаков шут.. односно има доста слаб шут.. на тоа место ни треба играч како Лампард ( за кого мислам дека требаше да направат максимални обиди да го донесат, а не ми се ценкаат тука, прво 8 милиони, па 10, па 12.... дај му таму ако треба и 30 само донеси го!! ), потоа Балак (ама го зачестија повредиве), Деко (уште еден промашен трансфер ова лето на Бранка и компанија), Жунињо (ех човеков да имаше 5-6 год помалку, немам видено подобар плејмејкер, сакаш додава, сакаш пуца на гол, сакаш се уфрла во 16м, и ако имаш слободен удар до кај 40м сметај дека 75 % тоа е гол), а од овие кои се достапни наредново лето на пазаров и кои можат да се купат мислам дека за нас има само едно име а тоа е Диего! Овој ем трча, ем има прецизен пас, ем шутира од далеку, ем слободни изведува одлично, и најважното - мн ретко се повредува! За овој не треба да се штедат пари, не треба да им се дозволи на оние закоченине од Торино да ни го земат под носот.. јас мислам дека Мурињо треба да даде збор, и Морати да даде некои 50 милиони да се земе овој играч! Се надевам дека кога ке играме последно коло со Вердер ќе ни даде 2-3 гола, па да видат оние Бранка и компанија колку е добар и да го купат!!! Друго ништо не ни треба!!


Со болдираното не се согласувам.
Камбиасо е еден а можда и НАЈДОБРИОТ трансфер потег што некогаш сме го направиле. Типот душа остава на теренот и 200000 пати од гомна не има вадено =)


пс:Од тие што ги наброја само станкович накај плејмејкер ми иде.
 
Мурињо претера со Адри, сите го разбравме дека е човек што бара почитување на принципите, ама се треба да има граници. И јас да сум како Адри на крај краева ќе си отидам од Интер па преку кур и од Мурињо и од се. А се кладам дека ако отиде во друг клуб (особено Милан) има да прави парче па ние ќе жалиме што сме го шитнале.

Ако си отиде Адри рачунајте дека доаѓа Дрогба

Сакате трампа?Ние вас Дрогба,вие нас Адри?
 
Диего е дупка.

Не ни треба некој кој постојано потфрлува во големите утакмици. Веќе имаме такви играчи. :)
Диего е добар за лига како Германската или Португалската, не е материјал за во Сериа А. Ни треба квалитет кој ќе не донесе на едно повисоко ниво, не некој просечен за пополнување на позиција или млад талент како што многу од вас бараа... Насри, Менез, слично. Штета што нема такви играчи на пазарот, бар нема засега али сепак ова е фудбалот и се е можно па и оној кој најмалце сметаме дека е можно да дојде во Интер, може да не засили следната година. Едно знам, после последните случувања, сигурно не е Меси. Со новата плата на Меси и додадете го тука и новиот договор на Ибра и даноците во Италија, и банкрот на Интер. :)

Вечерва очекувам добар настап од Сантон.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom