Предлог за филм со кратка рецензија

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.620
Поени од реакции
59.444
Пишуваше "Death is certain, life is not", не се сеќавам дали и какво значење имаше во филмот, пред 5-6 години го гледав.
 
Член од
18 јули 2008
Мислења
192
Поени од реакции
10
Преглед новогодишна програма: 1 Јануари Спасувањето на војникот (Т)Рајан.
2 Јануари Casino Royal
3 Јануари Quantum of Solace
:) Со два постари наслови
 
G

grande-juve

Гостин
Slumdog Millionaire - филм вреден за оскар и филм што мора да го гледате(приказна за индиски тинејџер кос учествува во квизот кој сака да биде милионер, и преку прашањата и одговорите се навраќа на случки од минатото)

8.7/10
 

Nikolic

Џентлмен
Член од
8 април 2008
Мислења
1.576
Поени од реакции
68
Уфф, тешко дека ке погодам филм што не си го гледал, се надевам дека од наредниве предлози има таков што не си го погледнал :

1. Donnie Darko , еден од моите најомилени филмови. Имаш две опции, или многу ке ти се допадне, или ке ме колнеш за потрошените 113 минути од твојот живот, средина нема. Ако е втората опција, мој совет, гледај го пак. Нека не те залаже тоа што глуми Дру Баримор, ептен малце се појавува, споредна улога има и нејзината антипатична појава не го упропастува филмот. Oцена 10/10, одлично дочекан од критиката, одлични рецензии од филмоманите на Imdb, феноменален саундтрак .

2. The Machinist, типичен психоделичен трилер со разврска од типот на Identity, до самиот крај поставуваш прашања и даваш претпоставки, посебен шмек му дава Кристијан Бејл 8/10.

3. Koга сме кај него ( Бејл ), American Psycho, заебан, болен трилер со примеси на хумор, психопатски филм за кој К.Б. требаше да добие бар кандидатура за оскар, феноменално одглумено, оцена 8,5/10

4. Mulholland Dr. , ова е филм кој ми го препорачала секоја особа што го изгледала, го немам гледано а ми се мафта у pc година дена . Секоја рецензија и резимеата од истите биле со коментарот '' "Mulholland Dr." is a masterpiece. It's brilliant, enigmatic, and masterfully filmed. I love it.", главна улога е Naomi Watts ( Ring, Stay ), така да можеш да претпоставиш за каков филм станува збор .

п.с. Болдираното од 4иот предлог, покрај неа глумат и Рајан Гоуслинг ( Notebook ) и Иан Мекрегор ( Тhe Island ), за разлика од другиве филмови, скалило подоле, оцена 6/10, мене би беше монотоно трилерче али вреди да се изгледа .
Брат давај уште такви филмови,ги гледав Мулхоланд Драјв и Идентитет........немам зборови,воодушевен сум:zver::zver::zver:
 

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.394
Поени од реакции
25.213
Брат давај уште такви филмови,ги гледав Мулхоланд Драјв и Идентитет........немам зборови,воодушевен сум:zver::zver::zver:
Тазе гледан Мулхоланд Драјв и кај мене. Ај на профил ќе разговараме да ми кажиш како го сфати, па ќе ти кажам и моја гледна точка, иако треба да се изгледа пак. Не ми се некои работи најсјајни:).
 

Mad Maxx

SSG3000
Член од
4 мај 2005
Мислења
1.235
Поени од реакции
64
The Corious Case of Benjamin Button

Сеуште сум под импресии од филмов.Несекојдневна приказна.Како би изгледало ако го почнеме животот наопаку,да се родиме како старец,да умреме како бебе?
Филмов нуди објаснување.
Бред Пит ми изгледаше како пак да го глуми Џо Блек,значи ништо ново од него.Ама затоа пак Кејт Бланшет остава без зборови.
Ретко добар филм.
 

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.394
Поени од реакции
25.213
Ќе предложам неколку филмови, не се нови, но сепак вредни за да се изгледаат.

The Usual Suspects (1994) - филмов е од типот "must see". Иако постар трилер, причина за се пушти на двд е фактот дека без овој мастерпис не се оди на нови трилери. Кога го прашале Ал Пачино за што му е најмногу жал во животот, тој одговорил - Жал ми е што ја одбив улогата за Usual Suspects.
Филмов нема да ве остави рамнодушен. 10 минути после завршетокот ќе поседите така и ќе ја свртите последната сцена сигурно уште два пати.

The Fountain (2006) - тежок, за некои сјебан филм. Многу необична научно фантастична драма. Сепак, го препорачувам за оние кои сакаат подлабоки философско психолошки филмови. Нема да ви биде залудно потрошено времето. Филмов ќе ве гуши на моменти. Не го препорачувам за релаксација.

Memento (2000) - филмов спаѓа во категорија психолошки трилери. Снимен е за некои 25 дена. Ако го гледате филмов, ќе размислувате за него со денови. Можеби главна тема за инспирација, но од ко ќе го изгледате ќе ви се вртат во главата само информации. Оригинално сценарио.

Love Actually (2003) - во филмов секој би пронашол барем две карактеристични црти од својот карактер. Приказна за животот, за љубовта, иронијата која ја сочинува, неправдите кои постојат и добрината која владее пред се.
 

Zeng

Thinking inside the box
Член од
9 април 2008
Мислења
1.103
Поени од реакции
31
Дајте предлог за некој добар трилер или хорор.:smir:
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Дајте предлог за некој добар трилер или хорор.:smir:
1408 за рецензија нека ти служи мојот пост од гледан филм и имај во предвид дека оценката која ја пишав не е точна туку истата треба да биде 9,5 :smir:
 

Zeng

Thinking inside the box
Член од
9 април 2008
Мислења
1.103
Поени од реакции
31
1408 за рецензија нека ти служи мојот пост од гледан филм и имај во предвид дека оценката која ја пишав не е точна туку истата треба да биде 9,5 :smir:
Ха баш сега видов, ќе го даваат на канал 5 во 23:30.

Друг?
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.620
Поени од реакции
59.444
Ха баш сега видов, ќе го даваат на канал 5 во 23:30.

Друг?
Ај од мене предлог:

Пробај со
Passengers (2008), повеќе трилер од хорор, имав кратка рецензија негде, и со Identity (2003) ако не си го гледал, многу добро филмче, прееска некој го спомнуваше...

Пишував и за 100 Feet (2008) и Alphabet Killer (2008), да не се повторувам...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom