Samsung нешто со инверторите имале проблеми, ама не ми текнува точно што пишуваа на српските и бугарските форуми (а ме мрзи да барам). Брендот е топ, иам неколку нивни други производи ама ете инверторите им се на лош глас и не ми се ризикува. Клима не се менува ни често ни лесно.
За Panasonic инверторите не знам што да кажам, малку ги коментираат а за воља на вистината се утепав од барање ама на нетов ништо не можам да најдам од коментари или подетални спецификации за овој модел Panasonic Инвертер клима CU/CS 12 GXE
http://set.com.mk/index.php?route=product/product&sort=rating&order=DESC&manufacturer_id=8918&product_id=63031
Брендот не е лош Panasonic, ама без препораки не ми се зема мачка во вреќа... Плус дури и со попуст цената не му е многу далеку од Фуџитсуто. Но ти еве кажуваш дека 12ка моделот во Хидросет им е LEC a jaс обавезно би земал LT koj за разлика од LEC е специфицран да работи до -15 со добра СОР вредност.
Во овој случај мене (а зошто не и тебе) ми е подобар избор LG-to (
LG CS12AF Hero)
http://www.neptun.mk/index.php?route=product/product&path=28_56_144&product_id=197768
На српскиов форум го коментираат LG-во, баш некој нашинец mkdklima има позитивни искуства со истиот модел и тоа и во денови со екстремно ниски температури (под -20).
http://www.elitemadzone.org/p3254675
Плус Винд од форумов го има и некој пост погоре го фали LG-во. Мене вакви препораки многу ми значат.
9ka mi bese fuegoto i kako sto rekov ne greese voopsto bidejci imam visok tavan vo servisot, drugo sekoja 9ka dise zad vrat so cena na sekoja 12ka, neka bide pojaka, pobrzo ce postignuva temperatura, taka da i doma koga ce gi menjavam, sekade kade sto treba 9ka ce stavam 12ka i kade sto mi treba 12ka ce stavam 18ka
Сосема си во право, и за разликата на цените од 9ка до 12ка секако се исплати да се земе 12ка (но разликата до 18ка е веќе доста поголема).
Инаку мислам дека проблемот на Фуегото не е твојот висок плафон (кака да свртиш квадратурата ти е мала), туку фактот дека тој Фуего најверојатно е специфициран ефикасно да грее до некои +5с. Едноставно не дува доволно загреан воздух, поточно воопшто не успева да грее на ниски температури. Дури и да бил 12ка модел пак немало да загрева добро.
Поентата ми е дека Фуџитсу 9ка би требало да постигне кај тебе да загрее, и ќе биде поштедлива од 12ката на така мал простор. Освен ако баш немаш проблеми со изолацијата, или ако плафонот ти е висок 4-5 метри....
Ама јас сум почетник на темава, па ете нека кажат и другите.
edit:
...еве што пишува предходно спомнатиот тип за компарацијата Фуџитсу наспроти LG, иначе баш моделите за кои збориме:
Fujitsu LEC (made in china) na -15 daje 2.90 kw mocnost dok najslabija LG-aka Goldstar NHO serija V inverter daje 2,98kw(zadatom 22stepena) ali stom razlikom da Fujitsu je merenje pri 66% vlaznost vazduha, a LG pri 85% vlaznost vazduha. Sto je drasticna razlika, interesanto bi bilo da se izmeri Fujitsu LEC na -15 ali pri 85% vlaznost(koliko je realna svaki dan u toku zime) da vidimo dali ce opalit bar 2.45 kw toliko daje RAS 16 Av ant serija Toshiba.