Фан Клуб: Интер

  • Креатор на темата Креатор на темата 2manyfreaks
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Какво коло! Главните конкуренти кикснаа, Интер си тепаше :aplauz:. Одличен викенд :)!
 
1.Син фак оф бе, Точката што си ја стаил после човечево глупаво :) мислев дека ми е пикселче што починало...ме извади од памет:pos2:
2. Бај д веј треба да се збереме у маало на една пијанка у чест на ИНТЕР...и така 100год не сум ве видел, плус проклето маало сме, сите ми се за Милан и јуБе, неможе чоек асален муабет да си напраи

1. Проклета да е точката , морничава е .

2. Наша дестинација е Франко - Билјард ради времево , иначе да се договориме бе да ги глеаме Рома - Интер во Клуб на Новинари . :toe:
 
Читам Ривас ги зафркнал ептен лигаментите, ќе идел на операција.
Ај некој поинформиран injury update на одбраната нека направи :wink:
Знам дека само Кордоба е 100% фит моментално ; нели Киву требаше да се врати, Самуел почна уште пред месец дена со лесни тренинзи, Матераци околу 2-3 недели, Бурдисо...:toe:
 
1. Проклета да е точката , морничава е .

2. Наша дестинација е Франко - Билјард ради времево , иначе да се договориме бе да ги глеаме Рома - Интер во Клуб на Новинари . :toe:

А неее клуб :) ке глеаме кај мене, у четврток ми стига ЛГ 42’’ ЛЦД...Да го сефтосаме, и на врата примам само со дрес или други навијачки работи од Интер :helou:
 
Читам Ривас ги зафркнал ептен лигаментите, ќе идел на операција.
Ај некој поинформиран injury update на одбраната нека направи :wink:
Знам дека само Кордоба е 100% фит моментално ; нели Киву требаше да се врати, Самуел почна уште пред месец дена со лесни тренинзи, Матераци околу 2-3 недели, Бурдисо...:toe:
Бурдисо е 100% фит!
Ке игра за Аргентина сега на квалификациите!
 
Бурдисо добар си е. Отсуствуваше од последниот натпревар заради црвениот кратон што го доби претходното коло :wink:.
 
Да се јави фокси кој викаше дека Кварезма не знае да игра.
И рокси фокси зошто си олку слаб на ПЕС ?
 
Интер и Јуве го следат играчот на Тулуз, Матеу

Француските медиуми пренесуваат дека екипите на Интер и Јувенутс се заинтересирани за играчот на Тулуз, Џереми Матеу

Според натписите на францускиот весник Ouest France скаути на Интер биле присутни на трибинте на натпреварот помеѓу Тулуз и Оксер, во кој домакинте загубија со 1-0. Весникот вели дека мета на Нероаѕурите бил играчот на Тулуз, Џереми Матеу, за кој во последно време заинтересирана беше и екипата на Рома.
Матеу игра во средниот ред но одлично може да се снајде и во дефанзивата. Неговиот договор истекува следното лето и затоа тој е многу интересна опција за голем број на клубови.
Претходно и скаути на Јуве ги имаат следено настапите на Матеу, а исто така и екипата на Бордо внимателно ја надгледува ситуацијата.

извор:24fudbal


Нешо повеќе за дечково случајно да не знаете?
Is he a good player? :)
 
Не се интересираме за матеу!
Шпекулации шо вика баба ми немал ѓаволот работа си го мерел курот на песокот!
Еве денеска кажуваат дека сме на пет минути од потпишување со Аквилани КАКО ДА НЕ!
 
... и Паломбо од Сампдорија го меркал Мурињо:helou:
Многу рано почнаа шпекулацииве, ама ако, да се има што да се направи муабет во вакви нефудбалски денови.
Иначе Матју од Тулуз е доста интересен играч, плус слободен на лето...за резерва лев бек ништо не му фали.
 
Ја искрено веруам во ангажман на Аквилани во јануари или на лето.Имаме добри трансвер односи со Рома, а слушам и Аквилани се согласил да дојде во Интер.Останува само да се договориме со управата на Рома и како ќе го отплатиме, нешто што нема да претставува некој проблем за Морати :), а уште поекстра би било и Креспо да им го даеме узпат
 
Јас првпат слушнав за тој играч вчера, ама од она што може да се најде на нет, Матеу може да игра како лев и десен бек, или пак како крило. Мурињо е познат пто тоа што сака да има поширок состав за да се натпреварува на сите фронта, како и играчи кои можат да играат на повеќе позиции а не се скапи. Во Челзи го донесе оној Сајдвил (или како и да се вика) кој сега е во Вила, па и Пизаро го ангажираше на таков начин. Можеби му фатил око и овој пошо ќе биде слободен играч на крајот од годината па ќе може да дојде слободно.

А ова за Агуеро и Аквилани подолго време кружи во медиумите, не е новитет и може да се надеваме на нешто особено ако Аквилани не стави потпис на нов договор.
 
tEf6K.663074-02.bmp

Малце да се живне духов !:smir:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom