Ај да ви нацртам сега на сите, пошто гледам од носот подалеку не гледате на работиве. И мора човек постот да го напиши како за 5 годишник па сите тука да разберат што сака да се каже со тоа. Ама признавам моја грешка е што од старт не го напишав така, па бев цитиран за глупости....
Сеа ја можам да напраам страна иста ваква и исто така и ќе го стаам ова и ти ќе веруваш одма а ?
Никој не рече дека треба или мора да веруваме на тоа, само постирав тоа што го прочитав, а е доста интересно во целата оваа ситуација. Дали ти ќе веруваш во тоа, е твоја работа.
сигурно вие што го оправдувате Руни ќе ја оправдувате и женска ви ако два пати ве направи магариња со некој друг. Опрајте се бе малце.
Ти девојче многу сакаш да мудруваш очигледно. Како прво ова со Руни нема никаква врска со изневерување во врска. Ако неможиш да сватиш зошто, ќе сватиш кога ќе те изневери дечкоти. Како второ Руни е верен на клубот 10 години, и ретко има такви на денешницава.Кога Роналдо побара да си оди, тогаш тој беше цар, господ, се и сешто...Епа имајте го истиот пристап и кон Руни сега, а не да го нарекуваш дебел и пијаница.Да втор пат му е што бара трансфер, ама само тие таму знаат зошто и како, а вие можите само да нагаѓате, и доста веќе со споредбата со Гаскоњ, ни ги отече на сите овде. Кажа еднаш, прочитавме 100 пати. Јас тврдам дека Руни може да игра на високо ниво уште 5 години.Ајде сега да мериме кое е потешко....
Свинска култура пред се.
Кој уште им верува на овие работи, имам братучед од 10 години е тој се пали на вакви работи. Да беше на официјална страна или некое видео интервју каде дебелиот демантира е тогаш да поверуваш. Ама чим САФ после натпреварот со Свонси изјави за Скај дека побарал трансфер тури му пепел.
Пред се ти почна да провоцираш, ама како што реков се извинувам што не го надробив убаво постот, за сите да разберат, дека тоа го напишал некој фан на ФБ страна и дека ми беше интересно и го постирав. А малце треба и да е вистина тоа, пошто знаеме како функционира светот на фудбалот на денешницава со парите.Еве сите го правите дебел, пијаница, ваков таков, па можи навистина овие од управа се решиле да ве послушаат и сакаат по секој цена да го продадат и да му земат пари. Пошто и така пишуваше.. И поздрави го братучед ти.....
Пошо нели по релевантно е тоа што некој пишал на рандом фан страна од тоа што стариот го кажа јавно пред камери.
По петти пат! Незнам колку е релевантно, само сакав да го споделам тоа, како мислење, или можна варијанта.
И да ве потсетам и да ве прашам бе??!!!!! Шо толку упорно му верувате на САФ за ситуацијава??? А??? Нели сите викаме дека човекот ептен лажи во врска со фудбалов, и дека многу често ради тоа лажење клубот имал профит некаков. Од кај знаете дека САФ не игра пак некоја игра??????
Ilumious му верува на стариов за ситуацијава, како на дечко и што му верува, слепо.
А инаку прва беше со тврдењата за САФ и неговите валкани новинарски игри...
Имам уште цел ден да прам муабет на темава само ајде ќе прекинам тука во интерес на времево мое, кое сепак си го потрошив објаснувајќи си го претходниот пост, и од сега кога ќе пишувам ќе се трудам да бидам подетален за сите да ме разберат, а не да ме цитирате за глупости.