Фан Клуб: Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
Само мала исправка Турново-Металург 2:4:)
И ајде иако не е 100% освоена да ви честитам зашто мислам реално на крајот ке бидете шампиони.
Се надевам следната сезона и ние рамноправно ке се бориме за титулата за поинтересно првенство
Фала на исправка :D

И чекаме од вас да ги добиете Турново следно коло (или нерешено), па и ние и со нерешено да станеме шампиони :D
 
абе од кај може да земам мајца и на што страна може да ги разгледам мајциве а комити
 
нема комити маици во продажба. Можеш на старо да земеш некоја од групине на ФБ.
 
http://www.mkd.mk/sport/fudbal/dva-...t-makedonskiot-prvak-vo-kvalifikaciite-za-lsh
Знам дека има врема да мислиме за квалификации за ЛШ ама доколку испадне се како што треба (дај Боже) највеќе би сакал да ги добиеме Марибор оти мислам дека со нив најлесно можеме да поминеме
 
Ауууу од балканциве никако.Може Скандинавциве или пак Бате :P
 
Управата на Вардар од клубот (на)прави селска задруга
Безидејноста, некреативноста (читај: мрзеливоста), ригидноста на управата на Вардар не може веќе да се скрие. Ако претседателот Зоран Шишковски и директорот Горан Митев досега можеа да се скријат зад аматеризмот што тотално владее во македонскиот фудбал, сега ја покажаа сета своја неспособност во раководењето на најголемиот спортски бренд во Македонија.
mkd-52414.jpg
Дали знаете дека германскиот гигант Шалке, редовен учесник во Лигата на шампионите, в петок гостува во Скопје. Дали знаете која е врската помеѓу двата клуба? Дали знаете зошто в петок е важен Драган Мутибариќ? На крајот на краиштата, дали знаете зошто Шалке доаѓа во Скопје на пријателски натпревар?
На сите овие прашања одговор нема ниту кај управата на Вардар или како што тие милуваат да кажат – Борд на директори. Маркетингот за овој натпревар е сведен на фејсбук-објави, и тоа само на најмногу засегнатите – навивачката група „Комити“, на која мечот ептен ѝ е важен дуелот поради дружбата и збратименоста со „УГЕ“, навивачите на Шалке. Така всушност и се воспоставила конекцијата за гостувањето на Шалке, затоа и Германците доаѓаат гратис во Скопје, иако за денешниот сличен меч со Малме во Шведска наплаќаат огромни пари. Но тоа како нивна заслуга го претставува раководниот двоец, бесрамно китејќи се со туѓи перја.
mkd-52415.jpg
Една (!?) прес-конференција е најавена за овој спектакл (барем треба да биде тоа), и тоа на ден пред мечот. Чиниш, таборите на двата клуба ќе кажат формации, зошто им се битни трите бода, кој во каков состав ќе настапи... Наместо да се искористи ревијалноста на овој натпревар за да се привлечат обични љубители на фудбалот, неутралци, луѓе што ќе ја одберат арената наместо продолжениот викенд во Пефкохори, Вардар, тотално дестимулирачки, им ја уништува желбата на стадион да дојдат и на тие што имаат намера за тоа.
Веројатно, „огромното“ искуство како фудбалски работници ги навело управата да помисли дека ова е дуел како оној со БАТЕ Борисов (квалификации за ЛШ), па дека луѓето ќе се истепаат за влезници. Но две-три илјади влезници, колку што се досега продадени (билетите се во оптек од минатиот четврток), се само најава на конечниот пораз на раководството – (полу)празни трибини и невиден срам. Кој ли само ќе дојде пак во Скопје на пријателски меч со Вардар, кога од Шалке ќе дознае дека тука аматери го водат клубот. Дека нема ни В од Вардар за кој тие чуле и знаеле.
Настрана пропуштената шанса за добра заработка на Вардар. Од ваков спектакл секој нормален клуб ќе направи пари со продавање сувенири, шалови, капи, знаменца, ќе се распраша како да го продаде ТВ-преносот (ако воопшто го има) во Германија, барем на локална телевизија од Гелзенкирхен. Но што ќе ѝ е на управата заработка од стотина илјади евра (минимум), кога на први ќе си легнат парите од Град Скопје. И ќе си поделат плата, премии, бонуси...
Историската шанса Вардар да се доближи до европската средна класа на клубови е пропуштена. Црвено-црните (управата) го избраа патот. Сакаат да се први во село, амбиции за во градот воопшто и немаат.
Ова значи дека дојде време кметот да ги распушти...
Златко Крстевски

http://www.mkd.mk/sport/fudbal/upravata-na-vardar-od-klubot-napravi-selska-zadruga
 
Во СРЕДА во 18,30 се чекаме пред Соборниот Храм, за куп натпреварот Тетекс-шкендија. Исто како да игра Вардар ! Сите пред Црква одиме јако сите до еден, за МАКЕДОНИЈА !
Карта за овој натпревар ќе биде 60денари за сите навивачи така и за Комити.
:noze:
 
Иначе има полоша работа од тоа да не се распродаде градски... да ги разделат картите по штабови...

И мене ми мириса на нешто такво, за жал. Бидејќи очигледно продажбата на карти е мизерна. Ко да играме со Три чешми. До кое дереџе стигнавме, еј.
Јас па уште у четвртокот трчав да купам карти. Сега не ми се оди воопшто, срам ми е да бидам дел од бруката што ќе се случи на Градски.
 
http://www.mkd.mk/sport/fudbal/dva-...t-makedonskiot-prvak-vo-kvalifikaciite-za-lsh
Знам дека има врема да мислиме за квалификации за ЛШ ама доколку испадне се како што треба (дај Боже) највеќе би сакал да ги добиеме Марибор оти мислам дека со нив најлесно можеме да поминеме

да и во гости минимум 5ка не бега верувај..
 
Не се толку добри како што мислиш, со бробена игра може тука во Марибор да им се извади поволен резултат
 
Ибраими ќе ја изигра утакмицата за нас како македонци и ќе извади Вардар позитивен резултат :P
Мала шега инаку велиш со борбена игра, да ја има таа игра и секако многу добра тимска-игра па уште големи имиња како што знаат да го потценат противникот (Пр. сезонава Арсенал-Братфорд, Ливерпул-Олдхем, Тотенхем-Лидз Баерн-Бате....) па дури и поразени излегуваат на крајот од дуелот.
Така да се е до овие играчи, се е до тоа дали ќе бидат максимално на терен или една ипол минута пропуст како минатата сезона со Бате и 2 гола што значеа исфрлање.
 
Не се толку добри како што мислиш, со бробена игра може тука во Марибор да им се извади поволен резултат

ги гледам секој меч имаат играчишта и јаки финансии..играчи што вредат колку цел тим на Вардар..пре би имале повеќе шанси со некој од Скандинарците искрено..
 
Дали знаете дека германскиот гигант Шалке, редовен учесник во Лигата на шампионите, в петок гостува во Скопје. Дали знаете која е врската помеѓу двата клуба? Дали знаете зошто в петок е важен Драган Мутибариќ? На крајот на краиштата, дали знаете зошто Шалке доаѓа во Скопје на пријателски натпревар?
На сите овие прашања одговор нема ниту кај управата на Вардар или како што тие милуваат да кажат – Борд на директори. Маркетингот за овој натпревар е сведен на фејсбук-објави, и тоа само на најмногу засегнатите – навивачката група „Комити“, на која мечот ептен ѝ е важен дуелот поради дружбата и збратименоста со „УГЕ“, навивачите на Шалке. Така всушност и се воспоставила конекцијата за гостувањето на Шалке, затоа и Германците доаѓаат гратис во Скопје, иако за денешниот сличен меч со Малме во Шведска наплаќаат огромни пари. Но тоа како нивна заслуга го претставува раководниот двоец, бесрамно китејќи се со туѓи перја.
Една (!?) прес-конференција е најавена за овој спектакл (барем треба да биде тоа), и тоа на ден пред мечот. Чиниш, таборите на двата клуба ќе кажат формации, зошто им се битни трите бода, кој во каков состав ќе настапи... Наместо да се искористи ревијалноста на овој натпревар за да се привлечат обични љубители на фудбалот, неутралци, луѓе што ќе ја одберат арената наместо продолжениот викенд во Пефкохори, Вардар, тотално дестимулирачки, им ја уништува желбата на стадион да дојдат и на тие што имаат намера за тоа.
Веројатно, „огромното“ искуство како фудбалски работници ги навело управата да помисли дека ова е дуел како оној со БАТЕ Борисов (квалификации за ЛШ), па дека луѓето ќе се истепаат за влезници. Но две-три илјади влезници, колку што се досега продадени (билетите се во оптек од минатиот четврток), се само најава на конечниот пораз на раководството – (полу)празни трибини и невиден срам. Кој ли само ќе дојде пак во Скопје на пријателски меч со Вардар, кога од Шалке ќе дознае дека тука аматери го водат клубот. Дека нема ни В од Вардар за кој тие чуле и знаеле.
Настрана пропуштената шанса за добра заработка на Вардар. Од ваков спектакл секој нормален клуб ќе направи пари со продавање сувенири, шалови, капи, знаменца, ќе се распраша како да го продаде ТВ-преносот (ако воопшто го има) во Германија, барем на локална телевизија од Гелзенкирхен. Но што ќе ѝ е на управата заработка од стотина илјади евра (минимум), кога на први ќе си легнат парите од Град Скопје. И ќе си поделат плата, премии, бонуси...
Историската шанса Вардар да се доближи до европската средна класа на клубови е пропуштена. Црвено-црните (управата) го избраа патот. Сакаат да се први во село, амбиции за во градот воопшто и немаат.
Ова значи дека дојде време кметот да ги распушти...
Златко Крстевски

http://www.mkd.mk/sport/fudbal/upravata-na-vardar-od-klubot-napravi-selska-zadruga

Не дека ги бранам вашава урпава, шупаци се шупаци фала богу, ама новинариве се 100 пати поголеми шупаци.

Болдираново го наштракале ко да е ова Football Manager ебате. :facepalm:

Ќе ги продаделе правата на локална тв од Гелзенкирхен, шалови маици... не е толку едноставно и лесно ко што се филмаат нашиве експертски новинари. Па уште и Историската шанса Вардар да се доближи до европската средна класа на клубови е пропуштена :pos:

Да, пошто една пријателска е доволна да се доближиш до европската класа на клубови.

Единствено што мора да го има (а ваљда нема да го има) е пречек на ниво на гигант како Шалке, и на УГЕ ако доаѓаат. Секако, со понормална управа би било поубаво средено, како што личи но новинариве наши си тераат свои филмови... :tapp:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom