Ристовски: Младите премногу избираат што да работат

Проблемот не е во младите што не сакаат да работат туку во ниските плати за една работа дајте ви е реална плата за 1 обична работа ќе видите како ќе работат :) без разлика дали станува збор за доктор или пак за во продажен салон на вип и слично за ниска плата никој не сака да работи да црнчи од 9 до 9 и на крај газдата да му качува на глава или пак ако се работи за фирма - шефот и на крај од месецот да земе само 9,000 ден. што е проста и смешна цифра за работа.
 
Секоjа генерализациjа, па и оваа е смешна. Министерот да прошета по улица и да наjде 1000 души и сите тие да бидат комплетно лика и прилика на ова што го опишува, т.е. да им понуди работа што не им е по струка и сите 1000 да одбиjат, тоа не значи дека во останатите 250 000 (или колку и да се невработени) нема луѓе што очи вадат да им дадеш работа било по струка или не.

Нека се чукне по глава малку дали го личи да генерализира и да го обвинува целиот македонскиот народ за мрза.
 
Јас на ова, само ќе турам еден цитат од твитер:

Иначе пошто на младиве ИЧ НЕ НИ СЕ РАБОТИ, зато полни се сите агенци за работа на брод, во Катар, Авганистан, Америка, Германија... Таму СПИЈА по 13-14 сати и парите сами му ида!

Ете така да си знајте.
 
Колку и да не е во ред ваква изјава од министер за труд и социјала - сепак има некои допирни точки со реалноста. Факт е дека денеска секој втор завршува факултет (вака или онака) и цела таа академска младина очекува да биде вработена по струка и да зима 500 евра плата. Во една ситуација каде просечна плата во државата ни е едвај 10 000 денари таквите очекувања се крајно нереални , а најтрагично е тоа што тука не може да интервенира државата. Домашните претприемачи не се охрабруваат да инвестираат и отворат нови работни места , странските нејкат ни да помислат да инвестираат , а да отвориш нов биснис треба капитал кој ни е недостапен.

Како и да е , тие што ќе се снајдат да избегаат во странство - нека им е со среќа , ние другите смртниците додека не чуваат од дома ок , после тоа ќе мораме да го прифатиме советот на министеров наш и да почнеме да работиме било што , макар и за мочани 150 евра.
 
Овие се умислија, па мислат така се треселе зелени. Не се стануе кул така лесно, почесто со вакви испади.

И така си праќам си-ви на една институција, па на друга, па на трета, пуно си-ви соработки, по некој труд, оп после гледам на некој фантомски конкурс примени дечина на партијци, за чудо...

Прво министре кажи им на тие во владава да направат систематизација на работните места, да се знае од кој факултет каде може да се работи, па ондак да збориме, вака прво ги отворивте широко вратите на факултетиве, па сега сакате некој да ви работи, па не може тоа така, ние сме интелектуалци.
 
Проблемот не е во младите што не сакаат да работат туку во ниските плати за една работа дајте ви е реална плата за 1 обична работа ќе видите како ќе работат :) без разлика дали станува збор за доктор или пак за во продажен салон на вип и слично за ниска плата никој не сака да работи да црнчи од 9 до 9 и на крај газдата да му качува на глава или пак ако се работи за фирма - шефот и на крај од месецот да земе само 9,000 ден. што е проста и смешна цифра за работа.
Затоа и во ВИП вработуваат без факултет. Оние во помалите салони цел ден дремат а кога видат гужва лажат дека системот и бил паднат, а во соседниот салон работи.
Еднаш на една жена и викаат ти излези до тој пред тебе ќе наплаќаме изморени сме или ја заклучуваат вратата а они внатре си прават муабет. :facepalm: Доста им е и тоа што го земаат.

Еве пример во Баргала фабриката за кондури земаат по 9000-12.000 ама цел ден се шетаат, слушаат музика со слушалки, не ја сваќаат озбилно работата, по 10 пати одат да пушат цигари, 10 пати до вц, и заслужуваат ли поголема плата? Газдите се гледаат на камерите а според тоа и добиват плата.
 
4 години студирал, да не речам и магистрирал за да заврши на хортикултура во Паркови и зеленило или на машина за шиење во некое приватно експлоататорско фирмиче, а башка тоа, да биде награден за својот труд и вложувања во животот со плата која е минималец и најмалку половина од она што го зима некој планинец или некој плакатолепач со завршено 4 одделение во администрација. И сето ова е прашање дали ќе го добие во нашава држава со широк дијапазон на отворени работни места. Министеров да почне поредовно да си ги пие лекарствата, зачести со испади.
 
Еве пример во Баргала фабриката за кондури земаат по 9000-12.000 ама цел ден се шетаат, слушаат музика со слушалки, не ја сваќаат озбилно работата, по 10 пати одат да пушат цигари, 10 пати до вц, и заслужуваат ли поголема плата? Газдите се гледаат на камерите а според тоа и добиват плата.
А кој е толку глуп да се замара за 9000 да црнчи ?
Да не ќе добие покачување некое....:ROFLMAO: од 9 на 10000 ќе добие и тоа ако има среќа.
Плата вака така ќе стигне,мала ќе е и нема да е доволна за ништо освен за сметките,па зашто тогаш да се замарам и ко робот да штанцам кондури ?
Платен сум на минимум - ќе работам минимално.
Ако им даде 18 000 на пример и уште така се однесуваат е тогаш треба шут карта да добијат.
Ама да очекуваш некој да дава се од себе за плата доволна само сметките и ништо друго да покрие.....мало морген.
 
Да бевме нормална држава сега ќе имаше проести, насилни протести:)
Ах,знаат они кога да го кажат ова,ќе има уште повеќе изненадувања од овие министри сега од кога поминаа изборите,а следните се далеку.Нека му ја мислат тие што го дадоа својот глас за нив,јас помалку од нив ќе бидам иритиран од оваа изјава.
 
Извинете Миснистре може ли да ни го кажете Вашето работно искуство? Може ли работното искуство на заменикот на министер за финансии да го знаеме?
Абе лигуши едни, со прво работно искуство во администрација, второ шеф и трето министер гомна јадете за младите. Пу да ти ебам државата со вакви кадри.
 
Ах,знаат они кога да го кажат ова,ќе има уште повеќе изненадувања од овие министри сега од кога поминаа изборите,а следните се далеку.Нека му ја мислат тие што го дадоа својот глас за нив,јас помалку од нив ќе бидам иритиран од оваа изјава.

Не е политички проблемов. Покорените проблем е, 20 години не ебаваат како младина и 20 годии упорно се собираме само за кафе. Треба да се најде некое асално човече, собери млади запали крши по улица и ќе добиеме само поддршка. Ама ние пустите...
 
BKt9swBCUAAhiDF.png:large


BKuYDusCcAACeKs.jpg:large


BKuWVqSCMAAMWpT.jpg:large


BKuam9dCcAA2JT6.jpg


BKurckLCYAEMMt_.png:large


via Twitter
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom