A можда пак не пробале да те повредат и не мислеле
можда им дошло спонтано
јаките пријателства се како брат/сестра, само брат ми ако ме навреди во афект или од немарност или ако ми расипе некој план ќе се налутам ќе го споредам со минати случки од детството, што и да е ќе го преболам
а од пријателите иде истото непријатно чувство и не заминува
и секогаш мислиш... ова ми го направи плански
99% од случаите кај што се многу блиски пријатели не е плански, никој не е толку злобен како на шпански филм да ти биде брат/сестра за да ти забоде нож
Знаеш како Мони, веројатно затоа што јас тргнувам со раширени раце и срце кон луѓето, за возврат очекувам исто од нив, ама многу често не е така. По се изгледа тоа не се јаки пријателства, туку само миновни, од денес за утре.
Не сум јас некоја лутка у принцип, не се лутам ни брзо, ниту пак импулсивно реагирам. А и кога се лутам кратко ми трае и знам да простам. Ама после простување ако пак да ме заебеш, тогаш чао пријатно, се надевам дека ни во некој друг живот нема да те сретнам. Нема да се лутам, само не сакам повеќе да бидеш дел од моето секојдневие. Не сакам расипани луѓе околу мене. Знаеш како викаат Со кој си таков си. Е па јас не сакам да бидам ни расипана, ни подла, ни да ги користам луѓето.
Знам што сакаш да кажеш за ова брат/сестра пријателство, тоа најмногу боли. Пред многу години имав таква другарка која направи нешто такво. Не ме здоболе тоа што го направи, туку ме болеше тоа што она воопшто не помислила на мене во таа ситуација и како јас ќе се чуствувам после тоа, а баш бевме како сестри, заедно јадевме, спиевме, се заедно правевме. Со години не и зборував, дури и ја одбегнував ако ја видам оддалеку. Ама со годините доаѓа и мудроста, па сватив дека не вреди толку многу да се замарам со неа и нејзините постапки. Можам да и направам едно здраво, ако она ми рече на мене прва, да сврземе некој пластичен муабет од 5 или 6 реченици и тоа е тоа.
Во некоја слична таква ситуација, сестра ми да е, ќе помисли прво на мене, а после на се друго. Што значи дека односот сестра/брат не можеш да го ставиш на исто рамниште со другарството.
Во брат/сестра односот имаш безрезервна и нераскинлива љубов, без разлика колку сте блиски или не сте блиски, дали зборувате и споделувате работи или не, дали сте другари или не сте, на крај повторно кога ќе ти биде тешко и ќе ти треба подршка братот/сестрата ќе бидат тука секогаш за тебе. А другар/другарка во такви ситуации најчесто се дистанцираат и бегаат. За тоа никако не можеш да ја споредиш брат/сестра врската со односите во едно пријателство. Бар јас така мислам.
Има исклучоци, не велам дека нема. Секоја чест на тие што имаат вакви пријатели кои секогаш ќе бидат овде за нив. А уште повеќе им се поклонувам на тие кои самите знаат дека се вакви пријатели, кои нудат безрезервна подршка и љубов кон пријателот.
За крај да не ме разберете грешка, имам и јас вакви другарки, ама сакам да имам повеќе од две или три...
Еден човек го прават богат добрите и паметните луѓе околу него....