-Добар пример и последните случувања со Бранко.Бранко се изглупира со тоа што сакаше да направи народот да се бунтува против државата.Сакајќи да го пренесе сценариото од арапската пролет.Меѓутоа не успеа.А не успеа затоа што човекот мисли дека војната доаѓа сама по себе,без никаква припрема.Без регрутација,без организирање на бунтовници,без снабдување со оружје,без припрема за вооружени напади и планови каде да се напаѓа и без проценка што е најважно дали народот сака такви сценарија.Едноставно човекот влегол во филм дека бунтот и револуцијата сами по себе ќе си се случат и тоа од негова корист.И не успеа. На терен се гледаше,а не само на хартија, дека народот му сврти грб,па дури и тие од неговата партија.И еве сега сакаат да го сменат,благодарејќи на демократијата.
-Груевски за разлика од другите покажа волја дека сака да работи за економијата,за разлика од другите влади кои економијата не им беше приоритет.Направи многу реформи,што претходните влади не ни планираа да ги направат,кои заслужуваат пофалба.Како на пример многу проекти за самовработување,многу поголем број на субвенции и многу поволности на земјоделците за разлика од субвенциите на претходните влади,можност за оние кои имаат потреба од лекување во странство да им плати државата со минимален трошок од страна на болното лице.Досега за лекување луѓето молеа за донации.Последната вест ,можност за социјалните случаеви да можат да почнат со занимавање со земјоделие кој државата би дала и ниви и парична помош и што е најбитно им се гарантира ако не успеат дека социјалното ќе им се поврати итн.На терен се гледа,а не само на хартија дека народот повеќе е за Груевски отколку за Црвенковски.И затоа и ги доби и последните локални избори.Ако не веруваш дека е така еве биди мудар и направи си сам анкета.Кога ќе се соберете повеќе пријатели во друштво отвори тема кој е за Грујо а кој за Бранко и увери се во сличноста на процентот како на терен така и на хартија.Нормално не би сакал да почнам да ги набројувам и промашувањата на актуелната власт која секако не е власт која може да се каже дека е одлична.
И исто така не би сакал да ги набројам и случаите каде демократијата не помогнала за имплементирање на волјата на народот.Каде се интервенирало од странство и од дома за донесување закони против волјата на народот.Како што е знамето,името,охридскиот договор итн.
Вака:
1. Груески ја доотепа отепаната економија што ја имавме. А послебно го отепа земјоделието.
- Државните ниви се даваат на локални чауши на власта, кои потоа се изнајмуваат на полуписмени селани кој уствари незнаат дека обработуваат државна нива
- Исто беше и со тракторите. Локалните чауши изнакупија по 3 - 4 трактори и сега тие ги изнајмуваат
- Исто и со дел од субвенциите
2. Груески даде субвенции, а потоа почна со увезување на домати од Албанија, млеко и жито од Србија, пиперки од Турција, грозје од Бугарија, затоа што ја намали царината за овие производи, а со тоа и ги направи локалните чауши и трговци и бизнисмени со тоа што се увезуваа второкласи домати и жито и го препродаваа овде како македонско.
Грујо го подржуваат само пензионерите, локалните чауши и нивната поблиско семејство, поттрчковците што сакаат да станат локани чауши и најголемата група на обичнни граѓани кои го гласаат Грујо поради мразењето кон Црвенко или поради тоа што Грујо им направил локално патче или фонтана во центар.
Ајде ти појди на поважните факултети низ Македонија еве во Скопје да речиме пр Електо, ТМФ, Машински, Пмф и види на која страна се наклонети. Ќе видиш дека сите имаат одбивност спрема Грујо. Образованата младина знае дека Грујо направи кркамбар со Македонија, и затоа најголем дел ќе гледа да си замини одавде (како и јас).
Бак он топик.
Капитализмот НА ХАРТИЈА е релативно добар, демократски систем. Во реалност капитализмот е поголемо срање него феудализам. Зошто?
Еве да ја земиме Македонија, (не дека оти тука имаме најдобро претставување на капитализмот, туку оти тука живееме и знајме шо е како е. )
Неможиме да пишуваме за капитализам во Германија во реалноста, оти јас таму немам живеено, незнам ни шо е ни кај е. Исто со Америка. Затоа еве ќе се задржам за Македонија. Од осамостојувањето па досега е истото срање. Без разлика дали е СДСМ или ВМРО на власт. Следново поистоветување на капитализам во МК со феудализам важи како за владеењето на СДСМ така и со владеењето на ВМРО.
Да почнам од политичкиот врв
На власт имаме еден човек. Немаме партија. Главниот човек (понатаму споменуван како Човекот) е контролиран од локалните бизнисмени (македонски ванаби корпорации). Тие бизнисмени го користат Човекот за им наштетат на своите конкуренти. (сите знаеме како се создадоа транзициските тајкуни Камчев, Ѕинго итн итн). Тоа го прават така суптилно да човек обичен неможе да ги сети. Често бизнисментите на власта праќаат наредба до човекот да се изгласа некој 1242 член од 2332 закон за заштита на пољоделството. Човекот го прави тоа и како награда локалниоте бизнисмени го наградуваат човекот со некое станче во Братислава, исто тука има награда и за локалните чауши. Бизнисмените со новиот член ги ограничуваат своите конкуренти и си остануваат како главни фаци во својата дејност (еве пример ајде. Закон за поскапување на такси превоз во Скопје. Побарувачката поради тоа многу се намали. Големите бизнисмени т.е. поголемите такси компании воведоја попуст и со тоа си ги задржаа клиентите. Малите такси компании поради слабата побарувачка пропаднаа .. Вакви примери има многу и во Шпедицијата, Рударство и други сектори) Не е ова карактеристично само за Македонија. Ова е и насекаде во светот. А посебно е изразено во Америка каде ги има големите конкурентски фирми како Кока кола - Пепси , Форд - Крајслер итн итн
Ова исто како и во Феудализмот. Аристократија често го дарувала Кралот, за овај да им дава одредени бенефиции врз селаните. Пример одреден Феуд ќе им ја даде својата локална армија на користење на кралот, со цел феудот да добие екстра земја и екстра селани за работа.
Улогата на локалните чауши.
Локалните чауши им се десна рака на градоначалниците и на власта во централата. Нивна работа е да го одржуваат обрачот врз глупиот селанец и општата маса. Тие ја имаат подршката на власта доколку почнат со занимавање со некој бизнис. Често можат да се познаат како возат х6 на свои 27 -28 години. Власта ги финансира локалните чауши со гратис субвенции, државни ниви, бесплатни трактори, вработување на најблиските членови на семејството. Локалните чауши покрај својот бизис имаат и работа во администрација или во партија. Локалните чауши се оние инстант локал богаташи, нивна работа е:
закани кон опозицијата, тепање на селани. Често се со криминално досие па се занимаваат и со пљачки, ограбувања... знаеш сета онаа валкана работа на власта. Тие се најважниот сегмент на паритијата, срцето на партијата. Во секој град ги има и сите ги знаеме кој се.
Нивните синови и ќерки завршуваат на ФОН/Европски и по завршување ги чека работа во општина
еве во Прилеп пример. Извршител од Прилеп. прв локален чауш на Вмро. Пред неполна година година купи недвижнини во центарот на Прилеп во вредност од 2 милиони евра. Ќе гради Хотел во вредност од 7 милиони евра.
друг локален чауш доби 10 хектари обработливо државно земиште за џабе. А типацот не е ни земјоделец. Работи во Водостопанство мислам
друг локален чауш 10 пати прави сообраќајки под дејство на алкохол и дрога. Казната секогаш магично ја снемува.
Да не почувам за цајкани и лица што работат обезбедувње кои си држат кафичи во строгиот центар на Прилеп.
Овие се карактеристични за новите капиталистичкки земји кои преминале од комунизам.
Оваа класа ја има низ цел Балкан, а и источна Европа.
Во феудализмот исто. Секој крал си имал свој управител во секој град. Тој управител имал неколку луѓе од доверба кој вршеле убиства и малтретирања врз селаните со цел земање поголеми даноци. Пример во феудална Јапонија Императорот ги имал поставено локални нинџи кои се справувале со сите проблеми со локалното население.
Покрај локаните чауши ги имаш и ванаби локални чауши.
Тоа се оние потрчковци на власта. Они си лепат плакати, регрутираат нови млади сили а за возврат очекуваат работа во администрација. полиција , школо итн итн
Е ова ти е капитализам во македонија, а и пошироко
да надополнам дека Судовите се корумпирани, Образованието наследено од социјализам, никакво почитување за работникот (платен одмор, породилно, 8 часовен работен ден, платени дополнителни часови на работа.. ова го нема во капитализмот овде)
Власта си се полни од Бизнисмените, а сега и од Буџетот. Владее непотизам и корупција насекаде. А посебно во поголемите фирми
Ова последното е многу важно, зошто капитализмот е СРАЊЕ.
Менаџерските позиции се чуваат за татини синчиња. Ако си преквалификуван ретко добиваш работа или пак ако те вработат често наоѓаш непријтелска околина бидејќи никој несака новодојдено паметно прле.
Ако си добар банкар и ја разбираш економијата, а немаш пријатели највисоко што можеш да достигниш е работа на шалтер на банка.
Работното место како креатор на политика на банка е резервирано за на од Петре (раководителот на фамилијаата) синму.
Ако си добар во правото и ако ззавршиш академија за право таму незнам како оди. Ќе трееба бааѓи години да почекаш за работно место ако немаш пријатели.
Тука ќе ги изоставам инжинерите бидејќи ретко кој инжинер се вработува преку пријалелите на таткому.
Ова со непотизмот е слично како и во феудализмот. Арисоткратијата има плава крв и нивната фамилија има загаранирано учество во управувањето со парите и со државата.
Овие споредби не се само за Македонија туку и за пошироко. Балканот, Источна Европа итн итн
Немам време сеа... друг пат ќе ги напишам предностите на социјализамот пред капитализамот ( во Македонија )