Колку филмови имате дома?

  • Креатор на темата Креатор на темата Гогото
  • Време на започнување Време на започнување
Уште кога купив првпат компјутер 2004 или 2005, почнав да конвертирам од двд у дивикс, па режев на цд-а, подоцна неколку комада на двд, па прекопирање на двд филмови, па симнување од нет по некој кога имав мизерни 4гб, па изнајмување/копирање, и така ги насобрав преку 460ком. Да знаев зошто ги собирам - не знаев, некако мерак ми беше да полнам торбици од 250цд-а со филмови, документарци, хд филмови, спотови, игри и сл. Сакав за сите да правам омоти, па кутивчиња па на цел ѕид да ги наредам.:D Сега истите ги давам на роднини да гледаат и да не ми ги ни враќаат повеќе, сега е друго време, побрзо ќе го симнеш него ли да го бараш и копираш, башка и плексторот откажа:D .
 
Мислев дека темава е за оригинали филмови. Баш мислев и тема да отворам да прашам ама најверојатно еден дали ќе ми одговореше на темата :ROFLMAO:
 
...Сега истите ги давам на роднини да гледаат и да не ми ги ни враќаат повеќе, сега е друго време, побрзо ќе го симнеш него ли да го бараш и копираш, башка и плексторот откажа:D .

Па и не е баш така, почнува да снемува филмови постари од 10-тина години. Се потешко се наоѓаат на нет, со исклучок на блокбастерите.

Инаку и јас имам околу 400... горе доле. :)
 
Ма има сешто само треба да се бара, постојат баш такви страници со постари филмови, постариве колеги на титлови се такви гледаат.
 
ДВД преку 400, на хард диск сигурно преку 300, се на се 700-800

Sent from my GT-I9300 using Tapatalk 2
 
Обично ги симнувам ги гледам па ги бришам бидејќи немам новолно простор на хард дискот. Имам нешто изрежано на DVD ама ништо посебно...
 
Моментално имам 70филма, имав повеќе ама ги избришав да ослободам меморија :)
 
Некаде околу 80, ама по некое време ги бришам оние што ми здосадиле... Има некои кои 100 пати ги имам гледано ама уште не ги бришам(интересни).
 
Мислев дека темава е за оригинали филмови. Баш мислев и тема да отворам да прашам ама најверојатно еден дали ќе ми одговореше на темата :ROFLMAO:
Три. Сите порачани од амазон дури можам и да ти ги набројам :D
Иначе имам околу 600 divx и стотина копии од оригинали DVD :D

Упс, заборавив уште два оригинали што ги најдов на цигански пазар, знаат некад добри наслови да се најдат таму, стварно се оригинал фабрички :)
 
Три. Сите порачани од амазон дури можам и да ти ги набројам :D
Иначе имам околу 600 divx и стотина копии од оригинали DVD :D

Упс, заборавив уште два оригинали што ги најдов на цигански пазар, знаат некад добри наслови да се најдат таму, стварно се оригинал фабрички :)
Па наброј ги де :D
 
Па наброј ги де :D
Од амазон трите омилени по редослед
Terminator 2
Jacob's Ladder
Fight Club
За останатите 47 уште немам собрано пари :pos:

Од цигански пазар за 100 денари двата
Terminator 3
It
 
досега имам 692 ако има некој од што сака да се менуваме со фимови нека пише
 
Не сум ги броела, али груба проценка, околу 200.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom