Не одобрувам чување на мачка внатре-надвор во никој случај, но без да ти наметнувам мислење ќе ти кажам зошто треба да ја чуваш само внатре.
Имунитетот на мачката се гради додека е бебе. Доколку ја чуваш само внатре, нејзиниот имунитет ќе биде послаб од оној на останатите улични мачки и нема да може да се справи со сите вируси, инфекции и слично. Поочигледни причини се можноста да ти ја земе некој, или уште пострашно, да заврши под кола.
Неодамна на една другарка на која упорно и објаснував дека домашна мачка не се чува и надвор, и' се разболе мачката од некое вирусно заболување и додека забележа дека не е добра (логично, мачката добар дел од времето си седеше надвор), беше предоцна. Ветеринарот не успеа ништо да направи.
Ова е мој став, одлуката е твоја.
Првите вакцини се примаат по 6-8 недели, против беснило се прима на 4 месеци. Однеси го на ветеринарот што ќе му стане „матичен“ и тој ќе утврди.
Не е препорачливо мачките да пијат млеко затоа што страдаат од нетолеранција на лактоза.
Совет плус: Мачките се познати по својата лакомост, која, пак, води до безброј зцравствени проблеми, карактеристични и за луѓето, како срцеви болести, шеќер и слично. Затоа, моја препорака ти е да му направиш балансирана диета, а не да го правиш „прасе“