Мачки (општи дискусии)

  • Креатор на темата Креатор на темата faraon
  • Време на започнување Време на започнување
Здраво... имам еден голем проблем со мојот мачор последниве 2 дена мјаучи ептем многу како бебе да плаче.. и постојано оди на едно место значи не седи дома и ништо не јади ни пие... и денес трнав по него да видам каде ке ме однесе и постојано како некој да бараше... незнам што е пробелемот стар е околу 10 месеци... ве молам некој нека ми помогни што може да му биде...
Да не е затруен?
 
Да не е затруен?
Однеси го на ветеринар.. Јас не сум ти репер затоа што за се нешто мачката ја носам на ветеринар, ама вака да ми прави два дена ќе ја однесев немаше да и мислам многу многу. Два дена ништо да не ти јаде, само по себе ти кажува дека нешто не е во ред.
--- надополнето: 10 мај 2013 во 21:03 ---
П.С Пре пре пре преубави се...
 
Мојава ко ке и дојт време за парење, ништо не јајт, и со ништо не можеш да му го одземиш вниманието. Цело време стојт уплашена и точно како да барат некого или чекат некој да ја нападнит. Сигурен сум дека не е за на ветринар туку дека е за парење.
 
Мојот 3 годишен мачор овие 2, 3 денови само проблеми прави, најголем проблем е што врши нужда, т.е. моча насекаде, буквално насекаде. Неможам дома да го пуштам, ете вчера сам си влегол дома, си знае како да ја отвори вратата, и сега многу лошо мириса внатре. А инаку имам и мали мачиња од другата мачка, ги чувам во пакетче, и ете го мачоров отиде кај нив и им се помоча во пакетот :) .
Очигледно обележува територија, но не беше таков порано, незнам што му станало..
 
Незнам, за да ти кажам право. Ептен е мало, ама не тек породено, значи оди, скока, истражува, и многу мјаука ако е оставено само, џвака, дури солидно знае да загребе со нокти, ама сепак мало, тромаво, според мои проценки неколку недели, месец дена. Деновиве имаме славење дома, па уште не сум го оставил по соби, а одтаму уште го немам исчистено како за дома. Ќе идев за специјален шампон, па се надевав ќе ме упатат за масти и нешто слично што се користи како што спомна. Ќе му земам и млеко, а за вакцина значи уште малку треба да причека. А нокти им сечат? Дека уште сега е лудо. :D

Доста корисни совети, фала. :)
Ќе гледам да искористам, освен тоа за дома. Ако го оставев на село којзнае дали ќе преживееше, паралелно се породија 2 мачки, едната домашна, а едната ги остави маливе, и секако домашната, баш не го сакаше ова, не го чистеше, не го бранеше.. :)

Ау грешка, СИ за само дома, за тоа сум и јас.

Баш ти завидувам-ја не можам да си зачувам маче...:(

Него, добри совети ти дале претходните форумџики. Ја само би се надоврзала у врска со сечењето нокти-ова е изводливо но, мора да се знае како, бидејќи во самиот нокт постојат нерви и крвни садови (видливи се, како тенка линија во ноктот) кои ако ги повредиш при сечењето може да го осакатиш мачето. Затоа не би ти препорачала таков зафат (барем не самостојно-можеби ветеринар би ти помогнал). Не знам дали е точно, но имам слушнато дека е можно хируршко отстранување на ноктите. Исто, сметам дека мачка без канџа не е мачка-а за да не ти сакати од мебелот-постоји различна опрема и играчки на кои што маче може да си ги "оштри" канџите, така да ти советувам да му ги оставиш ноктите.

Што се однесува до чувањето исклучиво дома, иако не го поддржувам заедно со кастрацијата-би ти рекла дека со кастрација ке се потсмири и нема да има желба за излез и шетање. Но, за кастрација исто така мораш да причекаш, мислам дека е можна после 6-от месец, али најдобро е за све да си напраиш муабет со ветеринар.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot
Имам мачор 9 месеци е стар, и не знам како да се справам со мирисот од го*ната. Немам тераса и сере кај мене во соба (имам песок и тоа пластичното каде што се става песокот), арно ама мирисов неможам да го поднесам. Дури и да го отстанам гомцето веднаш, останува мирисот барем некои 15-тина минути, а ако на мачотов му текне да сере во 3 сабајле тогаш мирисот останува и неколку часа. Дали има некаков песок кој што би можел да го намали интензитетот на мирисот или да земам оние тоалети што се затворени и имале некакви филтри, само незнам дали навистина функционираат филтриете во намалувањето на мирисот...
 
Подобро е да купиш затворен тоалет како транспортер (околу 1200 ден. е ) затоа што речиси воопшто не мириса и е многу по хигиенски, а ако сакаш па воопшто да не ти мириса, стави го тоалетот некаде во ходник. Имаш опции за песок со мирис, јас не сум го испробала не знам дали е добро за мачето затоа што има хемикалии во него. Јас го користам тој од КАМ и ептен сум задоволна.
 
Имам мачор 9 месеци е стар, и не знам како да се справам со мирисот од го*ната. Немам тераса и сере кај мене во соба (имам песок и тоа пластичното каде што се става песокот), арно ама мирисов неможам да го поднесам. Дури и да го отстанам гомцето веднаш, останува мирисот барем некои 15-тина минути, а ако на мачотов му текне да сере во 3 сабајле тогаш мирисот останува и неколку часа. Дали има некаков песок кој што би можел да го намали интензитетот на мирисот или да земам оние тоалети што се затворени и имале некакви филтри, само незнам дали навистина функционираат филтриете во намалувањето на мирисот...

Влатко, најлошо место за песокот е било која соба. Дома сигурно имата бања, па стај го таму. Плочките лесено се чистат (внимавај со употребата на средства за дезинфекција, пошто мачките ги чистат шепите со лижење-за да не се затруе), а самата бања ако нема природна, тогаш сигурно има вештачка вентилација.

Без разлика дали е отворен садот со песок или затворен (како што ти предлага претходната форумџика), најдобро место му е санитарниот јазол во станот.
Инаку, кога сум чувала мачки, секогаш сум зимала од парфимираниот песок, редовно сум го чистела и обновувала, ал што е право-право е, колку и да чистиш, то смрди и то гадничко.

Ех, што све не правиме за нашите миленици...;)
 
Вчера за мачорот купив ампула за против болви. Продавачката ми рече дека треба да се размеша со 1 литар вода и да се испрска целиот со неа, и потоа да не го измијам. т.е да остани така со испрсканата вода.
Нормално мачето почна да се лижи ( чисти ) и еве до денеска нема никакво јадење каснато, ниту пак иди дома.

Дали требаше да го искапам после, или?
 
Ako se raboti za ampula koja se rastvara vo voda i e insekticid ne zboruvam za onie zastitni ampuli koi samo se nakapuvaat na vratot. Da definitivno treba da go isbanjas so cista voda posle 15 min od prskanjeto, no stom se lozel mozno e da e veke intoksicirano, nosi go na veterinar vednas.
 
вака,на моето маче пред некој ден едното око му беше целосно затворено го пребришав со чај од камилица и му се подоотвори окцето но има црвена кожичка до полa око.му ставам капки,и маст 3 пати на ден но сеуште немав можност да га однесам на ветеринар. се повеќе и повеќе му се отвара окцето но долниот дел од окото му е "превртен" и окото му е црвено.незнам што уште да правам,утре ке го носам на ветеринар но дотогаш имате ли некој совет? а сметам дека е инфекција :(
 
Моето маче имаше сличен проблем, прво црвено окцето и воспалено, па се затвори и му се нафаќање некаква скрама. Реагирав по 3 дена мислејќи дека само ќе помине но најпосле се јавив на ветеринар. Ми препорача капки за очи, што и да имам дома. Првите 3-4 дена му става дексаметазон-неомицин претпладне и навечер. Се оправи но не сосем. Ветеринарот ме советува сега да ги сменам капките за побрз ефект, не е важно кои. Во аптека ми дадоа цитерал, пак двапати на ден по 2-3 капки. За 5 дена помина. Сега е оздравено.
Забелешка: долниот дел не му беше превртен. Сепак е најдобро да се консултираш со ветеринар.
--- надополнето: 14 мај 2013 во 00:26 ---
Во врска со кравјо млеко и млади мачиња. На моето маче по два месеци почнав да му давам 50-50 млеко тетрапак разредено со топла вода комуналка. Првите два дена имаше поретка столица но потоа се адаптира. Во меѓувреме пријаде и коски од риби и остатоци од пилешко. „Каката“ е нормална, средно сува, лесно се прифаќа со песокот (за мачкина нужда) и се фрла со лопатката.
 
Пак му се затворило окцето,и се јавив на ветеринар но тој ми кажа да не му ставам капки него само да продолжам со хлорамфеникол маст и ако не се подобри да го однесам лично да го види..сепак gvinevra фала ова како утеха ми дојде ми е жал да го гледам се надевам дека за брзо ке оздрави :(
 
Мачкава од сабајле само мјаукат по цел ден , само месо ако и дајш ќе јадит иначе не јадит ништо друго и само се вртит на грб , давајте чаре што може да биде .. иначе женско е мачево.
 
пукано е бе не се секирај:)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom